Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
16.07.2022 07:59 - Вистинска историја
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 846 Коментари: 3 Гласове:
0

Последна промяна: 16.07.2022 08:03

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 Бугарската историографија никогаш нема да ви го пренеси ова...   Еден од првите македонски адвокати, Васил Антевски, е роден 1904 година во село Оморани, велешко. Есента 1915 година станува емигрант во Франција. По четири години се враќа во Велес каде што завршува гимназија, а потоа правен факултет во  Белград. Во Скопје отвора своја адвокатска канцеларија 1938 г. Скопјани се сеќаваат дека не им наплаќал на работниците кои не можеле да платат за неговите адвокатски услуги и несебично им помагал. Како член на Комунистичката партија на Југославија активно се вклучува во Скопскиот партизански одред. Тука го добива името Дрен - како дрвото што се витка, но не се крши. По неколку месеци заедно со други соборци илегално се префрлуваат во Велес од каде што треба да се поврзат со Прилепскиот партизански одред. Но обидот завршува неуспешно, а борците се уапсени и sверски измачувани. Во април 1942 година дваесет и петтемина обвинети, оковани во пранги и со синџири на рацете, ги носат пред Воениот суд на скопската област. Кога ќе дојде на ред, Васил Антевски од обвинет станува обвинител. Неговите зборови во судницата изречени на француски јазик (бидејќи одбива да зборува на бугарски) и денес предизвикуваат восхит. Во судот се чита почетокот на неговото признание пред полицијата: ,,Јас сум син на македонски селанец и македонска мајка...”  Неговото достоинствено држење ги занемува сите во судницата. Еве како е опишано судењето во книгата „Васил Антевски-Дрен" од Стоилко Ивановски - Планински:„Ненадејно се приближи до масата на претседателот на Судот и посегна по десниот џеб на палтото. Врз масата истресе нешто од шамичето што го извади од џебот. Пред судот на масата се најдоа ноктите, како неумоливи сведоштва од сите десет прсти од нозете на Васил. Со презрив поглед се обрати кон претседателот: – Погледнете го ова чудо, господине претседателе, да видите како се однесуваше полицијата при иследувањето спрема сите нас што седиме на овие обвинителни клупи. Во салата настана молк. Васил се врати одново назад и презриво му се обрати на обвинителот: – Господине, во вашето обвинение што го чувме, меѓу другите клевети, рековте дека на овие клупи седат предавници и ѓубрето на бугарскиот народ. Не, господине претседателе – обрнувајќи се кон потполковникот – овде на овие клупи седи цутот на македонскиот народ и другите народности што живеат во Македонија. Тоа се борци за слобода на нашиот народ што Вие му ја одзедовте. – Зборувајте бугарски, не ве разбирам! – рече енергично потполковникот. – Значи признавате дека мојот мајчин јазик не е исто што и бугарскиот. Впрочем, јас ви кажав дека сум Македонец и жалам што не ќе можам да говорам бугарски бидејќи не го познавам вашиот јазик. Затоа ви предлагам да избереме некој неутрален јазик, на пример српскиот, како најблизок до нашите јазици. – Не може! – извика претседателот. – Тогаш Ви предлагам да зборуваме на француски. – Говорете! И Васил продолжи на француски јазик, уверувајќи ги судиите во неминовноста на победата над фашистичките завојувачи. На овој начин Дрен го претвори судскиот процес во ново бојно поле.“   Пресудите беа изречени на 9. мај 1942 година. Од вкупно 45 обвинети, меѓу кои имаше и некои во отсуство, 19 беа осудени на смрт. Васил Антевски е осуден на смртна казна со бесење.  Следните три месеци Дрен се наоѓа во скопскиот, а потоа  е пренесен во софискиот затвор каде што е егзекутиран. Писателот Димитар Солев многу силно ги опишува последните моменти од неговиот живот во биографскиот роман ,,Дрен”: ,,Стражата, под генералскиот поглед на министерот на војната, ги совладува смртниците и им навлекува не само крпи, туку и вреќи на лицата. Освен на еден, на Васила Антевски. Дрен, како за инает, иако најстар, па според тоа и најразумен, упорно сака да си ја види смртта. Цел живот го поминал со отворени очи, зошто така да не си ја дочека и смртта? Не можејќи инаку, стражарите го совладуваат Васила Антевски не со раце, крпи и вреќи, туку со клоци, кундаци и камења. Така, веќе убиен, полноќта на 18 спроти 19 август 1942 година, во Централниот софиски затвор го бесат и Дрен. Бесилката со четирите тела останува да се смири сѐ  додека зазореното небо не ја запаметува за утрешниот ден.”  Гласот за смртта на Васил Антевски - Дрен болно одекна во родниот крај и во татковината. Пејачката Васка Пласкиева од Велес, понесена од херојството на Дрен, ја испеа песната „Од Софија жален глас се слуша". 



Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

1. dobrodan - Съвсем ясно ти разбирам езика :):):).
16.07.2022 09:07
Малко архаичен е за нас, но не е проблем.
цитирай
2. 1997 - Ето кое ми направи впечатление
17.07.2022 09:29
Разказът за "Истинска история" е подкрепен с "Писателот Димитар Солев многу силно ги опишува последните моменти од неговиот живот во биографскиот роман ,,Дрен”
Ако аз извадя от многобройните налични романи такава истинска история за Гоце, Самуил, Яне и кой да е, дали ще е прието?
После- зверствата на българските фашисти. Има толкова описани зверства от Силистра до Охрид, че няма да стигне място за описването им.
Накрая, в тази история, нещата са показателни- Дрен учи в Белград, иска да говори на сръбски. Толкова е показателно, че сърбите провеждат отколешна политика на разделяне на българите в Македония от родината, че по- прозрачно няма как да е. Те си поддържат, че Македония е Южна Сърбия и това не е тайна за никого и не дразни в Македония.
цитирай
3. intelect - Најголемите револуционери и си...
07.02.2023 16:46
Најголемите револуционери и симболи на Македонизмот учат и работат во Бугарија ама биле Македонци...тоа не им дава право на Србите нив да ги сметаат за Бугари,како што ти Дрен заради недостаток на аргументи го направи Србин а всушност е чистокрвен Македонец ...ама јасни сте,се шо е на линија на Македонизам и не ви одговара а немате аргументи за Бугараштина тогаш или фалсификувате нешто,или го толкувате како шо ви одговара па ете ќе го направите Србин...Македонизмот и Македонците во современа смисла постојат уште во 19 век и тоа и то како ве боли и ви ги руши сите митови за големобугарските соништа !
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 382495
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930