Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
11.08.2012 20:36 - Стојко Стојков: Петров падна многу ниско!
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1214 Коментари: 1 Гласове:
-1


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg

преземено од Утрински весник

image

Според копретседателот на ОМО „Илинден“-Пирин, лидерот на СМК со негирањето на Бугарите не им помогнал, туку им одмогнал

Слободанка Јовановска



Аман не брани не" - индиректно кажано е пораката од копретседателот на ОМО „Илинден“-Пирин, Стојко Стојков, до претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, по неговата изјава дека во Бугарија има се" само не Бугари, а Македонците не се малцинство, туку мнозинство. Оваа политичка полемика на релација Бугарија и Македонија, според Стојков, не им помага на Македонците во соседството, бидејќи не може да се бориме против негацијата со иста таква политика од наша страна.

„Не можам да го прифатам ниското ниво на оваа актуелна полемика. Од неа ние немаме некоја корист, туку обратно. Одговор на негацијата не може да биде негација. Штета е што Тодор Петров одговори на бугарските коментари на ваков начин“, изјави Стојков за „Утрински весник“. Според него, полемиката покажа дека дијалогот за отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија моментно е безнадежен, бидејќи политички профили како лидерот на тамошното ВМРО, Красимир Каракачанов, и ексминистерот за дијаспората, Божидар Димитров, ги држат овие теми во „заробеништво“.

„За жал, во Бугарија сериозните и умерени луѓе не се занимаваат со темата Македонија и таа е препуштена на екстремисти и припадници на комунистичката државна безбедност, како Каракачанов и Димитров. Таа е претворена во зона за сомнителни луѓе со екстремистички идеи, па сите чесни луѓе бегаат од неа. Затоа, не мислам дека каков било дијалог во оваа фаза е возможен, бидејќи тој практично треба да се води со екстремни националисти и агенти на државна безбедност. Тоа е сосема безнадежен дијалог“, оценува Стојков. Како илустрација, потсетува дека новинската агенција Фокус, која постојано држи фокус на Македонија, е сопственост на поранешен припадник на Бугарската служба за разузнавање, Красимир Узунов, кој е во тесни врски со гарнитурата околу експретседателот Георги Прванов и е еден од новите богаташи во Бугарија.

Каков е, пак, реалниот интерес во бугарската јавност надвор од овој политички и мемдиумски круг за спорните прашања со Македонија, Стојков не може да каже, но гледа намерна тенденција проблемите да се подгреваат.

„Очигледно има силни групации кои се стремат да креираат, да ги подгреваат и ескалираат конфликтите и да го вртат бугарското општество против Македонија. Целта, претпоставувам, е да се подготви општеството за блокирање на македонската евроинтеграција“, вели Стојков. Во тој контекст тој го гледа однесувањето и изјавите на европарламентарецот од владејачката партија ГЕРБ, Андреј Ковачев, чија изјава за непостоењето македонско малцинство во Бугарија ја загреа полемиката од двете страни на границата.

„Изјавата на европратеникот Андреј Ковачев е скандалозна - еден европски пратеник тврди дека Бугарија нема малцинства, односно дека е чиста нација. Тоа е на чекор до фашизмот. За жал, такви изјави даде при својата посета во Скопје и министерот Николај Младенов, така што зборуваме за официјална позиција, скандалозна за земја-членка на Европската унија и потписник на Рамковната конвенција за малцинствата“, коментира тој.

За потсетување, Бугарија изгуби осум случаи во Судот за човекови права во Стразбур како резултат на одбивањата да ја признае ОМО „Илинден“-Пирин и да дозволи политичко здружување и дејствување на Македонците во Бугарија. На последниот попис се појави, но експресно беше избришана графата за македонско потекло откако беше дочекана како скандал во медиумите и во политичките кругови. Летово во Софија се одржа дебата за односите со Македонија која покажа дека освен тврдоглавите структури, сепак, има умерени и европски ориентирани политичари во Бугарија кои бараат на поинаква основа од таа досега да се градат односите со нашата држава, но нивните ставови се" уште се во втор план.

 

moj komentar:Иако можам да го разберам Тодор Петров(како Македонска  противтежа на Каракачанов и Димитров),многу коректна изјава на Стојко Стојков!






Гласувай:
0



1. atilla - ЕВРОПА ПРЕЗ КРИВ МАКАРОН !!!!
14.08.2012 09:25
Очигледно има силни групации политичари во Бугарија за блокирање на македонската евроинтеграција. Епа браво на тези люде!!!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 382824
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930