Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
11.08.2012 18:09 - Странските дипломати за Македонија: Границите со Грција и Бугарија се плод на човечкиот ум
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 863 Коментари: 1 Гласове:
-1


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 

Жан Пармантие, генералниот конзул на Франција во Скопје, пишувајќи го својот таен извештај од 1952 година направил мала студија во која вели дека „Велика Британија гледа опасност во решавањето на македонското прашање“ и дека прашањето за Егејска Македонија се уште не е решено.

Францускиот конзул во Скопје својот таен извештај за Македонија го испратил до амбасадорот на Франција во Југославија, Филип Боде, на 4 ноември 1952 година. Овој извештај претставува една „Мала студија за Македонија“ во која францускиот конзул аргументирано, научно и објективно ги изнесува француските согледувања и оцени за земјава, за односот на соседите кон неа и за француските интереси на Балканот.

Македонија беше сила за време на Филип и на Александар

Во оваа студија, Македонија се разгледува од повеќе аспекти: национален, политички, стопански, образовен, културен, безбедносен… Дадена е целосна слика на поствоена Македонија.
Зборувајќи за границите на Македонија, авторот вели дека „станува збор за една совршено разграничена територија, од Куманово до Солун, од Родопите до албанската граница, чии природни патишта кон морето се долините на Вардар и Струма си до Егејско Море“. Преминот од Србија во Македонија, според авторот, е една географска реалност, додека пак, „границите со Грција и со Бугарија се само плод на човечкиот ум“. „Но“, вели понатаму авторот, „оваа географска целина не одговара, или поточно кажано повеќе не одговара на некоја етнографска или политичка целина. Секако, оваа географска концепција не им оди во прилог на грчките, бугарските, па дури ни на турските интереси. Од тие причини, оваа мала студија нуди пред си податоци за онаа Македонија што е во рамките на Југославија, а многу малку за другите два нејзини дела.“

Авторот наведува некои историски податоци, почнувајќи од 9 век п.н.е., кога „Македонија беше значајна сила, особено во времето на Филип и на Александар. Таа држава имаше своја политичка посебност. Но тоа нема да се повтори во историјата, освен во сегашниот систем, иако и сега таа се наоѓа во рамките на една федерација“.

„Во 146 година п.н.е. таа е претворена во римска провинција“, „во 6 и 7 век почнуваат инвазиите и навлегувањата на Словените, а потоа на Татарите (Бугарите), додека римската доминација слабее“. Потоа во овој регион владее Византија до 12 век, по што „бугарски императори ја прошируваат нивната моќ врз Македонија си до 13 век“, додека „во 14 век Србите се борат за хегемонија на Балканот, устоличувајќи го во 1345 година во Скопје царот Душан“. По распаѓањето на неговото царство Балканот го освојуваат Турците и нивниот режим трае повеќе од пет века.


„Во тој период“, вели Пармантие, „се формира организацијата ВМРО, која бара ослободување на Македонија и нејзина независна администрација“. Потоа ги споменува настаните како што се Илинденското востание, борбата на соседите за поделба на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија и нејзиното потврдување со Букурешкиот и Нејскиот мировен договор.

Судбината на Егејска Македонија се уште не е решена

„Во 1941 година“, вели францускиот дипломат, „Бугарија ја окупира Македонија… како и поголем дел од Егејска Македонија, и воведе окупаторски режим, но настојуваше да создаде кај народот убедување за неговиот „бугарски карактер“, што подоцна ќе ѝ ја олеснеше анексијата на оваа земја“.

По завршувањето на Втората светска војна од територијален аспект се врати состјбата од пред војната.

„Помеѓу Тито и Димитров, помеѓу Југославија и Бугарија“, смета авторот на студијата, „македонското прашање би можело да се реши спогодбено. Во тој правец се водеа разговори во Блед (1 август 1947 година) и беше потпишан договор во Еуксиноград (27 ноември 1947 година). Но Велика Британија во сето тоа виде опасност. А Москва (можеби поради почитување на конвенциите од Јалта) брутално го стопира овој процес. Судбината на Егејска Македонија си уште не е решена. Но тоа ќе се случи за кратко време“. Својот историски осврт авторот го завршува со:

Граѓанската војна во Грција заврши и Македонија остана поделена: Народна Република Македонија (Југославија), Пиринска Македонија (Бугарија), Егејска Македонија (Грција).


Жан Пармантие во својата „Мала студија за Македонија“ наведува и податоци за бројот на населението во Македонија и за приближниот број на Македонците во Грција и во Бугарија. „Македонија“, вели тој, „според пописот од 1946 година има 1.152.986 жители. Од оваа бројка, 788.889 жители се ‘чисти Македонци’, 107.437 Шиптари (од албанско потекло), 95.987 Турци, 19.500 Цигани, 9.500 Цинцари (романско потекло), останатата бројка е составена од Срби, Далматинци, Словенци…

На пописот од 1950 бројот на жителите се зголемува на 1.216.000, што на површина од 36.672 км2 претставува густина на население од 33 жители по км2”. „Прашање е“, вели понатаму авторот, „колку Македонци има во Бугарија, а колку во Грција… за Бугарија бројките варираат од 200.000 до 600.000. На 2 октомври 1948 година Димитар Влахов процени дека во Бугарија живеат 240.000 Македонци. Оваа бројка изгледа веродостојна. Дали во Грција има 500.000 Македонци, како што тврдат некои Југословени? Ние не мислиме така. Напротив, од многу причини (размена на населението по Договорот во Лозана, светската војна, двојната германско-бугарска окупација, граѓанската војна, политиката на емигрирање практикувана во овој момент од страна на грчката влада) можеме да потврдиме дека Егејска Македонија е речиси целосно населена со Грци…“.

Писмо на македонски јазик од 1637 година

Во делот за македонскиот јазик авторот го вели следново: „Овој јазик потекнува од еден дијалект од Солун, на кој, кон 863 година image

браќата Кирил и Методиј преведоа од грчки јазик литургиски текстови. Во 1909 година во Прилеп беше пронајдено писмо напишано во 1637 година на чист македонски јазик. Значи, во усниот говор и во личните преписки од дамнина се користел овој јазик, чии карактеристики се дефинираат денес. Тој почна да се употребува во јавни документи дури кон крајот на 17 век, кога владиката Грегориј од Прилеп ги превел на народен јазик дамаскините.

Дамаскин бил претскажувач и религиозен писател од 16 век, кој ги запишал своите проповеди на грчки народен јазик. Оттогаш речиси сите ракописи напишани на народен јазик се нарекувани „дамаскини“. Потребата да се пишува на начин разбирлив за народот ги натерала свештениците да пишуваат на македонски јазик…

Во 18 век излегува еден текст што заслужува внимание. Авторот… Данаил Михаил Адами Хаџи замислил да овозможи јазиците на населението од централниот дел на Балканот (Аромани, Македонци, Шиптари) да бидат разбрани од Грците. Неговата книга „Иссагогики Дидасколиа“ ги опфаќа сите научни единици по малку… Значењето на оваа книга е во тоа што покрај грчкиот израз, тој ги дава изразите и на аромански, македонски и шиптарски јазик…


Првите македонски писатели чии текстови се испечатени се Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски (помеѓу 1814 и 1819 година). Крчовски е исто така и преведувач, кој пишуваше на штипско-кратовскиот дијалект (источномакедонски). Пејчиновиќ пак има сопствен стил (западномакедонски дијалект од Тетово) и покрај духовните прашања тој зборува и за животот на селаните… Македонската литература ги прави своите почетоци кон средината на 19 век. Во својот „Тријазичник“ (Белград 1875 година) Ѓоргија Пулески го поставува прашањето за унифицирање на литературниот јазик. Крсте Петков Мисирков во своето дело „За македонцките работи“ (Софија 1903) предлага употреба на централниот говор за да му даде на литературниот јазик типично македонски карактеристики и за да ги обедини другите македонски дијалекти.
Кон крајот на 1944 година Президиумот на АСНОМ назначува комисија за јазикот и писмото. Предлогот за азбука бил прифатен со декретот од 3 мај 1945, а за писмото со декретот од 7 јуни 1945 година.
Денес Македонците се образоваат во училиштата на нивниот национален јазик, весниците се печатат на македонски, издадена е граматика (која наскоро ќе биде преведена на англиски и на француски јазик)”.
Жан Пармантие во својата студија опфаќа уште многу области и теми како што се религијата, земјоделското производство, индустријата и рудното богатство, трговијата и градежништвото, образованието, театарот, армијата, полицијата, партијата и многу други.

Што ќе се случи утре?

Францускиот конзул во Скопје ја завршува студијата за Македонија со искрена загриженост за судбината на земјава. Во својот заклучок тој констатира: „Видовме од каква заостаната земја Македонија тргна во својот развој. Беше направен многу голем напредок, но останува да се стори уште многу… Еден странец тешко може да просуди што е поитно да се направи. Констатиравме дека на многу полиња беа откриени проблеми и дека се прават напори тие да бидат надминати. Дали начините на кои се прави тоа се најдобрите можни начини? Би завршиле како и поетот, со многу симпатии за оваа земја и со помешано чувство на загриженост и надеж: ‘Што ќе се случи утре?’


Превземено од: МКД.мк





Гласувай:
0



1. анонимен - Ей.
11.08.2012 18:29
Цървул,пиши на български!!!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 382049
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930