Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.06.2012 19:24 - Македонскиот и бугарскиот народ помеѓу етногенезата и интересите
Автор: intelect Категория: История   
Прочетен: 1922 Коментари: 4 Гласове:
-1



Погрешни и смешни се тврдењата на бугарската наука дека Македонскиот и Бугарскиот се два исти народи.Контрадикторно Бугарската историографија "не знае" како настанала самата Бугарска нација а од друга страна присвојува туѓи народи и националности при што ја негира Македонската нација.
Значи според потребите на Бугарската политика за етногенезата на Бугарскиот народ има 2 решенија.Едното е дека денешните Бугари се чисти Словени а второто е дека се Турано-хуни,па дури и Готи случај кој е единствен во историјата на народите.
И додека Царска русија во втората половина на 19 век им ги решаваше црковните и територијалните прашања истите бугари не само што се прогласуваа за Словени туку и Аспаруховите Турано-Бугари ги прогласуваше за Словени.
Кога сме кај Царска Русија еве што пишува во еден од документите од тајната архива на царската влада од 12-2-1878 год по тоа прашање.
Руската политика спрема јужнословенските народи на Балканот(меѓу кои и Бугарија)се движи во рамките на одбраната на нашите интереси по источното прашање.Ослободувањето на овие народи од турското ропство секогаш треба да биде прилагодено кон нашата политика во тој дел од светот.Ние бевме готови да дадеме подршка за зближување на Србија со Грција и на Црна Гора со неослободените СЛОВЕНСКИ народи.Но сегашното српско водство премногу се одалечи од Русија.Нотата што ја испрати Нашето министерство за надворешни работи на 27 ноември не донесе никакви резултати.Затоа сега ни одговара едно ослободување на Бугарија во широки граници бидеќи нејзината територија има во географски поглед,предност пред Србија бидеќи нејзините граници се пред влезот на Цариград.Поради тоа подобро е МАКЕДОНИЈА која порано и ја ветивме на Србија да влезе во состав на една нова Бугарска држава индиректно под наша управа.

Само ќе цитирам еден документ кој го испраќа грофот Шувалов до својата Руска влада по Берлинскиот конгрес:"

Македонското прашање на Берлинскиот конгрес остана нерешено од повеќе причини.Меѓутоа ,тоа може да ни послужи за постигнување на одредени(руски)цели.По повлекувањето на руската војска од Бугарија,лесно може да дојде до промена на бугарската приврзаност кон нас,особено зошто се јавува таква тенденција.Ако кнежеството Бугарија остане докрај со нас,тогаш може да се работи на припојување на Македонија кон него.Меѓутоа постои и друга алтернатива-Македонија да се приклучи кон Србија,доколку таа ја напушти својата проавстриска политика.Македонија треба да ни послужи како златна резерва за нашите политички комбинации во врска со нашата источна политика "1).

 

1) Документи из секретните архиви на руското правителство,Софија,1893.11-13 Централбниј истор. архив в Ленинграде,ф.799,оп.49,ед.158,л.8-11.Министерство за надвор.работи-Шувалов,Берлин,19 август 1878 година.


Меѓутоа кога дојде до оладување на односите со Русите и кога Бугарската надворешна политика почна да се врти кон Германија,Словенството на Бугарите почна да им пречи,па почнаа да ја истакнуваат тезата дека Бугарите не се Словени туку Турано-хуни па дури и Готи…Всушност имаше уште еден период пред ослободувањето од турската ропство кога туркофилската струја верувајќи дека бугарското прашање ке биде решено во границите на Отоманската империја истакнуваше дека во жилите на Бугарите тече Турано-татарска крв ,дека се сродници со Турците при Што словенскиот јазик е само надворешно обележје надевајќи се дека Бугарите во таа империја ке ја играат истата улога што ја играат унгарците во Австро-Унгарската монархија.
Секако оваа двојност или тројност во етногенезата на бугарскиот народ која во Бугарската наука варираше според политичките прилики од 19 век всушност е етногенетски израз на таканаречената политика на 2 коња при што едниот симболично ја преставува царска Русија а вториот Германија изразена со зборовите на Стефан Стамболов-Кога ќе се умори едниот коњ(русија),тогаш ке скокнеме на другиот(Германскиот)за да можеме сигурно да стигнеме на целта т.е Македонија.
Значи бугарските влади не одеа во својата иредента на Македонија поради-етнографски права туку за освојување на туѓи територии заради опипливите Бугарски интереси кое најсликовито може да се види од искажувањето на Стојан Чомаков кој на советувањето на Бугарските нацинални водачи во Цариград 1873 год. кога северно Бугарската група на чело со егзархот инсистираше да се напуштат сите планови за припојување на Македонските епархии,бидејќи нема смисла бугарскиот народ да трпи Шизма за некои јогуртчии и бозаџии во Македонија(така ги нарече Македонците),значи С.Ч.налутено ги кажа следните зборови:Господа Бугарија има потреба од Бело Море,бидејќи Црно Море е езеро,а народи што немаат отворени мориња се осудени на пропаст.
Ете колку Бугарскиот народ и бугарските влади се раководеле од етнографски причини кога станува збор за Македонија и Македонскиот народ ,туку секогаш поинтересни биле патиштата кон Солун и Кавала,плодните полиња на Македонија и пристапот до пристаништата на отвореното и топло Егејско Море.






Гласувай:
1



1. shtaparov - Няма страшно- никой не се ражда научен
23.06.2012 08:16
Тук много се увличаш да говориш за отминали периоди,в които знанията на света за историята на България са били още в детската си възраст. Но ако видиш блога на Спароток (sparotok.blog.bg) и понавлезеш малко в материала,много загадки ще ти се разяснят. Но никой не се е родил научен,особено нашите братя около Вардара.
цитирай
2. shtaparov - Абе приятел
23.06.2012 09:43
Абе приятел,като говориш за "македонски" и Бугарски народ,се едно говориш за елински и грчки народ,или за унгарски и маджарски народ- не разбираш ли тоа??!!
цитирай
3. intelect - Замисли и србите така велат, исти ...
03.08.2012 22:03
Замисли и србите така велат ,исти народ Српски и Македонски -тоа значи само едно не ќе да е така !Според ова излегува вие и Србите сте исти народ :))))
цитирай
4. анонимен - Македонецот во Егей не е Македонецот во Скопското поле....
05.08.2012 14:33
Интелект, види сега....Србите велаат дека Македонците се южносрбиянци, ама првом тие тоа го велаат за найсеверните делови на географска Македония -Скопско, Тетовско, Кумановско, Паланечко, Пчинянско, Вранянско, па дури и за Босилеградско. Има голема разлика /язична, генетичка и етнографска/ помегу македонецот во овие простори и македонецот во Егейска Македония и Пиринот. Зошто не направиле главниот град на СРМ во Битола, Прилеп или Охрид !? па србоманите се читале на прстите на една рака таму, него во Скопйе и Скопско поле. Не дека и во Скопско немало Бугари , ама некако овие простори со векови биле гранични и во териториална и во национална смисла...
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 382196
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930