Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
04.12.2022 17:18 - Стефан Цанев за Македонско Бугарските односи
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 2103 Коментари: 2 Гласове:
0


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg Постингът е бил сред най-популярни в Blog.bg

Читајте,учете,гледајте...имало и паметни луѓе во Бугарија..многу добро го сфатил денешниот однос на Македонците спрема Бугарија!


 Писателот Стефан Цанев од Бугарија во гостување на бугарска телевизија им ја кажа целата вистина за историските релации меѓу Македонците и Бугарите свесен дека ќе наиде на силна осуда од бугарската јавност. Цанев смета дека омразата на луѓето од Македонија кон Бугарија има свој основ.

„Историски сме им направиле, сме дозволиле големи гревови кон Македонија. Ако тргнеме од Илинденското востание сите тогаш се надевале дека Бугарија ќе се вмеша и ќе им помогне да се ослободат. Бугарија на Турција не и испратила дури ниту протестна нота за тоа што се случило. Никаква помош. И оттогаш започнува тоа оддалечување за кое говориме. И не е во ред да се премолчува тоа што се случува подоцна. Има и чин на предавство. Ние сме направиле таен договор за поделба на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија. Тоа не е никаква тајна и сега фактички борбата е за српскиот дел на Македонија. Бугарскиот си е во Бугарија. Грчкиот е во Грција. И најлошото кое треба да го гледаме со отворени очи, ако е можно, е она кое сме го правеле во 1943 година кога сме ја претставувале фашистичката власт на Германија. Тоа дека ние не сме учествувале во Втората светска војна со војска не е точно. Ние учествуваме во окупацијата на Балканскиот полуостров со армија од 200.000 луѓе. Тоа се 16 дивизии. Околу 50.000 војници имало во Македонија. Сега претпоставувам дека ме гледаат и што ќе зборуваат утре, но нека си го прочитаат дневникот на Богдан Филов, и ќе видат точно каде сме ги распоредиле тие дивизии и неговата посета на Македонија во 1943 година. Ноември, кога главното прашање е за побегнатите во планините како што тој пишува со лутина дека нашата армија јавно погубила 12 момчиња поради сомневање за соработка со побегнатите. Има многу убиени. Сфаќате ли? Зборувам со многу болка. Но, не е во ред тоа да не биде… ова е главната причина. И можеби треба да се извиниме. Не знам како тоа да се случи„, вели Цанев за бугарската телевизија.




Гласувай:
0



1. morskipesni - Пиши на книжовен български бре говедо!
04.12.2022 19:31
Виж "македонските" книги до 1920 година на какъв език са написани, сърбоман глупав!
цитирай
2. intelect - А Бугарин глуп не разбира дека Ма...
07.02.2023 16:36
А Бугарин глуп не разбира дека Македонскиот јазик е кодифициран 1945...дека Мисирковиот За Македонцките работи е напишан во 1903 на Македонско говорно наречје и дека е изгорен од Бугарите баш заради тоа ....дека Бугарскиот и Македонскиот јазик се најблиски не исти до старословенскиот на Кирил и Методиј кои се од Македонија и.т.н ама глуп Бугарин не сака да гледа тоа шо се гледа туку тоа што само му одговара !!!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378159
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031