Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
08.11.2022 16:16 - Димитрија Чуповски
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 158 Коментари: 0 Гласове:
0



Пренесено од facebook профилот на Никола Груевски

 Во екот на проектот “Скопје 2014” година, еден ден разговарав за различна тема со академик Блаже Ристовски, инаку по професија историчар, кој беше и подпретседател во првата влада на Република Македонија предводена од академик Никола Кљусев. Во разговорот меѓудругото тој ме замоли да пренесам каде треба дека многу е важно во ова време кога државата се оддолжува на нејзините најзначајни дејци преку нивна афирмација изразена на повеќе начини, вклучително и преку поставување спомен обележја, да бидат истакнати ликовите на Димитрие Чуповски, Крсте Петков Мисирков и Никола Јонков Вапцаров. Долго разговаравме за нивниот живот и дело, а со обзир дека тој беше истражувач на животот и делото овие македонски патриоти и херои, тоа беше мошне интересен разговор. Ми се допадна идејата и ја споделив и со други. Неколку дена подоцна разговарав со друг историчар, тогашниот директор на Државниот архив, Д-р Зоран Тодоровски на сосема друга тема. На крајот на разговорот кратко му ја кажав идејата на Блаже Ристевки, за која тој целосно се согласи и ја подржа. Потоа продолживме да разговараме поподробно за животот и делото на Димитрие Чуповски, па во тој разговор искажав мое мислење дека “тој во однос на националното самочуство и неговото делување е чист”. Следеше одговор брз како молња, многу краток, отсечен и силен, а Зоран Тодоровски не беше непромислен човек, а на кој секогаш се присетувам кога разговарам или размислувам за Димитрија Чуповски, како што тоа е денес на денот на неговото раѓање. Одговорот гласеше:    “НАЈЧИСТ!!!”   Денес ликот на Димитрие Чуповски стои исправен на плоштадот Македонија, за никогаш да не се заборави. Ликот на Крсте Петков Мисирков, покрај еден помал споменик кај Порта Македонија ставен од претходно, стои во паркот покрај зградата на МАНУ, а ликот на Никола Јонков Вапцаров пред објектот на општината Бутел. За сите три историски ликови со финасиска подршка на владата се снимаа документарни филмови и се подржаа повеќе нови книги, а нивните имиња оддамна се имиња на големи булевари како во Скопје, така и низ Македонија.   Димитрија Чуповски ќе остане забележен во историјата како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за обединувањето на Македонија и нејзино конституирање во национална држава на македонскиот народ, за што со неговите соработници испратиле повеќе меморандуми до европските дипломати на Париската мировна конференција, а учествувале и на сесловенските конгреси во одбрана на правото на самоопределување на Македонците и нивната татковина.   Има богата и содржајна биографија но ќе нафтлам само неколку работи.По завршувањето на училиштето во Крушево и изучувањето на молерскиот занает каде со мајка му се преселиле од Папрадиште каде што е роден тој и неговите браќа заминуваат на печалба во Софија, каде го продолжил своето дообразование кај „Лозарите“ во 1892 година.   Во престолнината на штотуку создадената бугарска држава, Димитрија дење работел, а ноќе го посетувал училиштето што било организирано за Македонците од страна на Даме Груев, Петар Поп Арсов и други будни македонски студенти. Така, покрај образованието, Димитрија имал можност да навлезе подлабоко и во македонското ослободително движење, со што бил зацртан неговиот иден животен пат. Своето образование го продолжил во Белград во вечерната светосавска учителска школа каде, меѓувремено, членувал и во ученичкото друштво „Вардар“ во периодот од 1893 до 1894 година. По завршувањето на образованието во Белград, Чуповски се вработил како учител во своето родно село, во Папрадиште и предавал во учебната 1895/1896 година. Но тоа учителување е краткотрајно бидејќи е затворен во затвор под обвинение дека работи со револуционерното движење. Чуповски по кратко време успева да избега од затворот и преку Белград се упатува за Русија. Во Русија, Димитрија се запишал во Духовната богословија во Новогород и во Симферопол во периодот од 1897 до 1900 година. По овие семинарии, Чуповски своето високо образование го продолжува на Петербуршкиот Универзитет, но набрзо е исклучен од програмата поради учество во студентски штрајк кој се одвивал во 1905 година. Чуповски бил иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основал и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издавал списанието „Македонски глас“ (Македонскiи голосъ). Димитрија Чуповски починал во Ленинград (Санкт Петербург), на 29 октомври 1940 година, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската колонија изработено во 1914 г. На крстот син му му ги напишал зборовите што самиот му ги поставил на брата му Наце:   „Борец за правото и слободата на македонскиот народ“   По половина век, во 1990 година неговите посмртни остатоци со државни свечености биле пренесени од Ленинград во Скопје.   Во Русија тој го формира „Македонското научно-литературно другарство во Петербург“ (МНЛД), предвесникот на денешната Македонска академија на науките и уметностите. Другарство развива широка мрежа од активности, пред си за запознавање на руската и пошироката европска јавност со вистинските состојби во кои се наоѓале Македонија и Македонците во тоа време.   https://youtu.be/HxL2l7OjTXY линк од документарниот филм за Димитрие Чуповски.



Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 380835
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930