Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
01.03.2021 22:50 - 5 точки на Љупчо Георгиевски
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 386 Коментари: 1 Гласове:
0


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 Гледам дека македонско-бугарските односи се движат кон нов ќорсокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна омраза на двата народа, затоа ќе дадам еден предлог, патна карта или акциски план за излез. Обично на оваа тема пишувам и зборувам како читач на историјата но овој предлог има само политичко-дипломатски карактер, пишува поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски на својот профил на Фејсбук.

Во продолжение ја пренесуваме неговата објава:

1. Северна Македонија да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија. И во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.

2. Северна Македонија да даде гаранција (најверојатно тоа ќе биде шести пат, три пати во контекст на Грција и трет пат специјално за Бугарија) дека како држава со ништо нема да ги помага и поддржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија.

3. Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 и дека Бугарија со ништо не ги прифаќа тезите за кои смета дека се фалсификат и ја поддржува бугарската историографија во одбрана на својата вистина. (Оваа теза во Бугарија можеби ќе биде прифатена како политичка игра тоа не е така, само ја нудам српската стратегија како тие ги решаваат нивните проблеми. Имено Србија го има истиот проблем со хрватскиот јазик, со босансакта и црногорската нација и јазик па дури и со македонската нација и јазик. Но Србија политички ги има признаено сите четири нации и јазици дури и на својата територија. И хрватскиот и црногорскиот и босанскиот и македонскиот се службени јазици во повеќе српски општини. Ама српската наука историографија, лингвистика не го признава тој факт и секојдневно се бори со аргументи. Истата приказна е и со Македонија. Политиката максимално ја дава поддршката за македонска нација и јазик ама секоја година се печатат книги за Македонија како стара Србија, како ја ослободиле Македонија во балканските војни. Книги за српски манастири и цркви од време на Средновековието, а изгледа ги има доста. Да не спомнувам пак дека за српската црква ние сме тотално Срби а и изгледа дека БПЦ ги поткрепува во таа намера).

4. Заедничката историска комисија да ја измени малку стратегијата:

– Да се објават сите пет веќе потврдени личности плус Делчев како општ, заеднички без многу детали. И плус Григор Прличев за кого прво се согласиле па бугарската страна се повлекла.

– Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи тектови и објаснение и да почнат да слават заедно. Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.



– Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се избришат без да се чека општата дискусија.

– Да се направи нова специјална комисија која ќе работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонци со бугарска национална свест. Според бугарски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарската јавност. Но и 1.200 да се, демократијата треба да објави на виделина.

– Македонската страна да се задолжи во сите историски книги независно од државен или приватен издавач точно да го дава преводот посебно каде писателите пишувале Македоци или Бугари. Секој фалсификат да биде финансиски санкциониран.

– Македонската историографија да ги корегира и да ги даде вистинските имиња на институциите, на пример Народна федеративна партија?

– Македонската историографија да ги пополни важните биографски моменти на важните личности. На пример, фактот дека Гоце ,Даме, Ѓорче и стотици други биле учители на бугарската егзархија не е мала работа која ја криеме.

– И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот. Македонската страна да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со бугарскиот но врз база на македонските дијалекти. Но бугарската интелигенција поради кратковидост кодифицирале јазик само врз база на северозападните дијалекти со што го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам а на српските лингвисти основа дека и шопските говори во Бугарија се српски јазик. Дека официјално писмо и јазик на сите македонски организации во османлискиот период бил бугарскиот јазик и писмо – што се лесно проверливи факти. А бугарската страна да прифати дека тоа е добар приод да се затвори јазичното прашање.

5. Инфраструктурните прашања. Македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат. Бугарската страна да ги изгради патиштата за граничните премини Клепало кој дваесет години има и пат и гранична зграда. И преминот Црна Скала меѓу Делчево и Ќустендил каде патот беше изграден, но веќе и руиниран.

Македонската страна како поклон на Бугарија да ѝ изгради втора лента на преминот Делчево – Благоевград каде на секој празник луѓето чекаат со саати.

За предлогот се крена голема прашина во Македонија,во најголем број од јавноста го отфрлаат и се напаѓа Георгиевски дури и Заев не се сложува со предлогот(иако според секој негов политички потег не е за верување),моето мислење е јасно како и секогаш "Македонија на Македонците"...ме интересира мислењето на Бугарската јавност,бидеќи кај нас беше пренесена само изјавата на вашиот пратеник Ковачев кој го оправдува храбриот чекор на Георгиевски што незнам дали директно или индиректно се сложува со него.






Гласувай:
1



1. shtaparov - Абре Глупекте копук смотан, омр...
29.12.2021 03:02
Абре Глупекте копук смотан,омръзна ми да си губим времето с твоите улавштини,имам си по-важна работа от тебе!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379505
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930