Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.12.2019 19:08 - Медена земја во потесен круг за номинација за оскар
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 310 Коментари: 0 Гласове:
-1


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 Mакедонскиот документарец „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе во потесниот избор за номинација за „Оскар“ во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории. На 13 јануари ќе се изберат по пет кои ќе добијат номинација за „Оскар“. Во категоријата најдобар документарец се избрани 15 филмови од 159 пријавени. „Медена земја“ за номинација ќе се бори со „Адвокатка“, „Американска фабрика“, „Аполо“, „Аполо 11“, „Акварела“, „Најголемата мала фарма“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“, „За Сама“, „Големото хакирање“, „Урни ја куќата“, „Девојка“, „Полноќно семејство“, „Нација со по едно дете“.

 

Во категоријата најдобар странски филм во потесниот избор влегоа 10 филмови од 91 пријавени. Со „Медена земја“ избрани се и „Обоена птица“ од Чешка, „Вистона и правда“ од Естонија, „Клетници“ од Франција, „Оние што останаа“ од Унгарија, „Корпус кристи“ од Полска, „Сучка“ од Русија, „Атлантикс“ од Сенегал, „Паразит“ од Јуна Кореја и „Болка и слава“ од Шпанија. Оскарите ќе се доделат на 9 февруари во Холивуд.




Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379722
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930