Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.12.2019 16:11 - Македонците во Бугарија
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 768 Коментари: 4 Гласове:
-1


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 https://vecer.mk/node/466134


image

Позначително преселување на Македонците започнало по руско-турската војна од 1877 година и создавањето на бугарската држава. По оваа војна, многумина од македонската интелигенција во која имало учители, свештеници, трговци и друго заминале во Софија и Пловдив. Меѓу нив биле Јанаки Стрезов, Васил Дијамандиев, Григор Прличев, Димитар Узунов и др. Сите од нив добиле добри работни места, Стрезов бил назначен за член на Ќустендилскиот окружен суд, Прличев за учител во Габровската гимназија, Узунов во Народната библиотека во Софија.

Божидар Татарчев забележува дека во Бугарија има 200.000 Македонци што ќе се врателе во својата земја кога таа ќе имала подобра управа и ќе ја направеле Македонија напредна и богата. Според анкетата на македонските братства објавена во 1918 година, македонската емиграција во Бугарија била политичка, односно Македонците не се населиле во Бугарија за да бараат подобар живот и трајно да се населат, тие ја напуштиле Македонија за да ги зачуваат своите имоти и ќе се вратат во своите места по ослободувањето на Македонија од туѓата власт.

Томов и Георги Баждаров во книгата „Револуционерните борби во Македонија“ истакнуваат дека македонската интелигенција била принудена да замине во Бугарија, меѓутоа и преостанатото македонско население било принудено да бара работа и спокојно суштествување во бугарската држава. Бројот на Македонците многу бргу се зголемувал во Бугарија. Еден дел од овие Македонци се населувал постојано во Бугарија, а другиот дел се вратил во Македонија. Во 1902 година во Бугарија живееле 200.000 Македонци, а во Софија, која имала 70.000 жители, 20.000 биле Македонци. Димитар Влахов истакнува дека емиграцијата не беше само од познатите културни и политички центри на Македонија – како Охрид, Битола, Прилеп, Велес, туку и од некои други реони, како Кичево, Струшко, Дебарско и др.

Според податоците од пописот на населението во Кнежеството Бугарија од 1888 година, 54.462 лица биле родени во Османлиската Империја, од нив 34.327 лица живееле во северна Бугарија, а 20.135 лица во јужна Бугарија. Според овие информации, Васил К’нчов заклучува дека жителите родени во Османлиската Империја во Софискиот и Ќустендилскиот округ се Македонци, со незначителни исклучоци.

Такви Македонци имало во Варна и две варненски села, две села во околината на Ески Џумаја, како и важен дел од преселниците во градот Русе и др. Во јужна Бугарија значителен број Македонци имало во Пловдивската и Татар-Пазарџиската околија. Според податоците од 1888 година, нивната бројка била 30.000-32.000 лица, а нивниот број постојано растел.

Константин Кондов забележува дека Македонците во Софија сочинувале половина од населението и често за градоначалници и помошници биле избирани Македонци, а меѓу нив биле: Јосиф Ковачев, Димитар Кожаров, Иван Беширов, Коне Поп Спирков и др. Леон Ламуш забележал дека брзото зголемување на населението во Софија се должело на Македонците. Меѓу оваа емиграција имало голем број интелигентни и школувани луѓе. Тие во создавањето на бугарската држава зазеле многу важни места во политиката, просветата, армијата и др.

Македонците биле застапени во сите гранки на бугарскиот политички и културен живот: поезија, новинарство, книжевност, учителство, политика, финансии, трговија, медицина и др. Според Георги Трајчев, Македонија ѝ дала на Бугарија: 8 министри, 20 дипломати, 70 депутати, 10 митрополити, 15 универзитетски професори, околу 100 учени писатели и публицисти, 35 уметници, скулптори, оперски пејачи, артисти, 30 виши чиновници по народна просвета, 150 магистри и видни судии и адвокати, околу 100 повисоки административни чиновници, 80 поистакнати лекари, 40 видни инженери и архитекти, 800 офицери, меѓу кои 8 генерали, 31 полковник, 56 потполковници. Во бугарските училишта имало 1.568 учители, 200 духовни лица и околу 5.000 чиновници.

Македонците се пројавиле и како водачи на разни бугарски политички партии. Комунистички (тесни социјалисти) лидер бил Димитар Благоев, на широките социјалисти – Петар Џидров, на радикалите – Ил. Георгов, на либералите – Никола Генадиев, на демократите – Андреј Љапчев. Последните двајца стануваат и бугарски премиери.


image

Ресенчанецот Андреј Љапчев (прв лево) еден од најдобрите бугарски премиери

Големото влијание на Македонците во бугарската држава било забележано од повеќе истакнати личности. Пред балканските војни, Максим Горки истакнал: „Само пророците можат да знаат дали Бугарија ќе ја присоедини Македонија, или Македонија ќе ја присоедини Бугарија“. А. Савински, поранешен руски ополномоштен министер, во своите мемоари истакнува: „Македонците се бујно, подвижно племе, многу поенергично и повитално отколку Бугарите и секогаш имале надмоќ над нив“. Пјер Парини во миланскиот весник „Ил пополо д` Италија“ забележува: „Македонците, без сомнеж, се најинтелигентните и културни жители на Балканскиот Полуостров. Можеби исто така се и најсилни и јуначни. Тие го образуваат, како што се знае, раководниот дел во Бугарија“. Д.С.




Гласувай:
0



1. dobrodan - Ке ви обяснуват шиптерите
17.12.2019 17:36
сте ли вий сущи бугари али не сте.
" ...Когато Боян поотраснал, Аскал му казал: "Нашата Халджа не може да изхрани всичкия ни народ, затова вземи част от хората и иди където сметнеш за добре. С мен ще останат големият ти брат Брис и средният - Балуан." Боян повел част от хората и навлязъл в древен лес. Там се лутали дълго, но край едно горско езеро срещнали мирджалиша (син на алпа Чулман) Илмар. Той живеел по-рано в езерото Илмар или Булимер край Булгар и познавал Боян. Илмар му казал:
"Ще ти помогна, но някой ден и ти трябва да изпълниш моя молба!" Боян му обещал и Илмар с магия накарал Саклан да обикне Боян. Влюбената Саклан позволила на бояновите хора да се заселят в Агацир и се омъжила за него. Докато я наблюдавал, Боян се научил на магия. Като разбрал, че Аскал е наредил и на Балуан и хората му да напуснат Руджан-Булгар, Боян разпалил голям огън и с помощта на алпа на ветровете Джил изпепелил горите по бреговете на Кара-Булгарското (Черно) и Баджпирското (Босфорско, Азовско) морета. Така той отворил пътя на Балуан от Руян-Булгар към Ахил (Балканския полуостров). Балуан навлязъл в Балканите и се заселил с хората си на брега на езерото Барадж-Бан (Драконовото езеро), където се родил синът му Ахил или Угил (Окило, Вокил).
На дъното на това езеро живеел в подводен дворец бившият господар на Балканите - Ахил, син на алпа Чулман. Когато във владенията му станало шумно, алпът (духът) Ахил се отдалечил в езерото, като заповядал на хората всяка година да принасят в жертва за него седемте най-красиви девойки. Ако хората забравяли да принесат жертва, Ахил се разярявал и ги прогонвал далеч.
Българите на Балуан на Балканите били наричани биджармендани (бесермени), бояни и мариси.
От думата "биджармендани" е и думата "мирмидони", а ги наричали така, защото те идвали от владението Биджарман. След като Аскал възстановил Руян-Булгар, вождовете на съседните биджагети или биляри (фисагети) му се подчинили и така образували общо княжество. Една част от тях, която говорела български тюрки и други две, които говорели на карски (фински наречия на българите), произнасяла думата булгар като биджар или бигар, а другите - като бугар или бургаш. Фисагетите, произнасящи "биджар" били повече, затова извън границите на Руджан-Булгар се закрепило името биджармени... Вярно е, че българската дума "мен" в значението й на местообитание и земя много от фисагетите съкращават до "ма" или "му"...
Думата "мариш" е просто изкривяване на думата "барадж"... Случило се, че част от бояните-биджармендани (пеоните-мирмидонци), която водел Ахил, не принесла жертвата и била изгонена от алпа Ахил от бреговете на Барадж-Бан (Преспанското езеро)...
Изгнаниците начело с Ахил заминали за Уртахил (Централните Балкани) и възглавили тракийските народи бирак (траки) и бириси (илири). Тези народи нарекли изгнаниците-биджармендани с името бояни (пеони), или велики, господстващи хора; а така също и трибали - в тяхната представа българите били траки, говорещи на нов тюрко-български език. Оттогава и думата булгар при тях приела значението на господар, аристократ, знатен, велик...
Саклан научила, че Боян е пуснал Балуан в Балканите, разстроила се и оковала мъжа си във вериги: едно предсказание гласяло, че синът на Балуан ще дойде от Балканите и ще заеме престола на Аскип (Скития). С вълшебство Боян се освободил и избягал в Арджан-Бистя (Прибалтика), където направил свое царство. Саклан пуснала магии срещу него, но той ги отблъснал и тя го оставила на мира.

Аз дотука нещо за антични македонци не видях? Ти ще ги видиш ли?
цитирай
2. intelect - Многу за читање и јебига неразби...
17.12.2019 19:13
Многу за читање и јебига неразбирлив јазик ...
цитирай
3. dobrodan - Кое по-точно не разбра?
18.12.2019 00:08
Как се е казвало Преспанското езеро ли? Сега ще ти кажа и как се казва река Вардар: Кубардар, на осиновения племенник на кансюбиги Кубрат е наречена. Като не щеш да си българин, недей. Точно от такива майцепродавци нужда нямаме.
цитирай
4. intelect - Кубрат ама никаква врска нема со ...
01.01.2020 20:16
Кубрат ама никаква врска нема со некое словенско име...можеби татарско турменско...а ти ако сакаш со нив да се поистоветуваш слободно...
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 380026
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930