Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
13.07.2013 21:26 - За кого игра Плевнелиев и Бугарија кога е во прашање Македонија?
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 570 Коментари: 0 Гласове:
-2

Последна промяна: 13.07.2013 21:27



Понеделничкото издание на Македонскиот дневен весник  Дневник  изнесе неколку интересни и логички прашања во врска со потеклото на Бугарскиот претседател и неговата политика кон Македонија...

Околу 180 километри североисточно од Солун, во грчкиот дел на Македонија, и на само 40-ина км од бугарско-грчката граница се наоѓа селото Плевна или по грчки - Петруса. Токму оттука се корените на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, човекот, кој е еден од предводниците на бугарската блокада за разговорите на Република Македонија со ЕУ.
За време на Втората балканска војна во 1913 година, неговите предци биле меѓу ретките што успеале да им го продадат својот имот на Грците и да побараат засолниште во Бугарија. Неодамна грчкиот премиер Андонис Самарас, зборувајќи за македонско-грчкиот спор за името, порача дека договор со „скопјаните“ ќе има ако не го чепкаат грчкиот карактер на грчка Македонија. Дали тоа значи дека и бугарскиот претседател има грчки карактер? Или останува на тоа дека историјата на Македонија е бугарска, што се коси со Самарасовата теза за „грчка Македонија“? Ако тоа му е проблем со Скопје, како истото не му е проблем со Атина? И што е по потекло бугарскиот претседател: грчки Македонец, Бугарин или нешто друго? Патем, има ли останато во Плевна некој што по националност не е Грк, сеедно дали се чувствува како Бугарин или Македонец? Треба ли за оваа дилема итен состанок во Брисел и во Вашингтон? ...

Целиот текст прочитајте го на

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AD89C6903C0DDD4B905233A933030A10

Нешто во иста насока е и колумната на новинарот на Дневник Дарко Јаневски од 24 .05 во кој има јасни ,логички прашања и констатации.
Еве ви дел од неа  
..., во Европскиот парламент се гласаше за новата препорака Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Противниците познати - Грците и Бугарите. И додека од Грците, кои веќе со години водат националистичка политика примерна за времето кога на овој дел од Балканот суверени беа Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, друго и не се очекуваше, Скопје и Македонците никако да го сфатат однесувањето на Бугарите. Уште повеќе што тие не отстапуваат од тврдењето дека народот во Бугарија и мнозинскиот народ во Македонија се еден ист „произход“. И како тогаш, Бугарите станаа противници на тој „ист народ“, а сојузници на единствената пречка за европски просперитет на Македонија, навистина не може да се сфати. Kако може Росен Плевнелиев да игра по нотите на Kаролос Папулјас, да се понижува себе и земјата што ја претставува, а одбива да се напие кафе во Охрид со македонскиот колега Иванов, уште повеќе што градот на 365-те цркви Софија од уста не го вади како најромантичниот дел на бугарската историја! Наместо Бугарија да биде, толку што ~ дава силата, која реално гледано не е голема, една од главните локомотиви за влез на Македонија во ЕУ, таа се претвора во нејзина брана. И нема некој од времето од пред сто години, а кого Бугарите го сметаат за свој, а не македонски револуционер, а кој поради ваквата бугарска политика не би влегол со пушка среде главниот град на нашиот источен сосед. Впрочем, сега е јасно зошто половина од парите добиени од киднапирањето на мис Стон не биле потрошени на борба против Турците, туку против орудијата на бугарскиот двор. Што би значело, ова не е од вчера, а Бугарија изгледа освен што барала изговори како Македонија да остане под турска власт (во илинденскиот период), а сега надвор од ЕУ, не прави ништо друго. Ах, да, и плаче како изгубила две војни поради Македонија. Небаре некој одовде молел и барал да се сојузува со царот Вилхелм Втори во Првата и со рајхсфирерот Хитлер во Втората светска војна.

Патем, во сево ова недостига и објаснувањето за лекциите од Втората балканска војна, која се водеше за Македонија. На која страна беа тогаш Бугарите, а на која Грците. Чии очи копаа тогаш Грците, кого силуваа, чии села уништуваа? Зошто селото на мајката на Делчев веќе не постои, а на негово место е изградено сосема ново, населено со грчки доселеници од Мала Азија? Kолку Македонци или Бугари денес живеат, на пример, во Kавала, една од главните точки на сопнување на Букурешката конференција во 1913 година? Зошто Бугарите за таа Kавала во која денес негрчко население нема да најдете па макар и со свеќа го барале, тргувале со Штип и Kочани? Kако тоа денес, Kавала нема бугарска историја, поради што Росен Плевнелиев би требало да биде во спор со Папулјас, а не негов сојузник, а бугарска историја и одродено бугарско население имаат истите тие Штип и Kочани? Kој во оваа приказна е предавник на Македонија. „Скопјаните“ или тие таму во Софија?

Згора на тоа, кога Македонија е во прашање, бугарската пропаганда со години тврди дека овде с` уште се слуша гласот на просрпски ориентираните политичари, научници, новинари... Прашањето е кому Бугарија му помага со ваквата своја политика? Kому му дава крилја?

Всушност, не еднаш сме кажале дека многу често се има впечаток оти бугарската политика кон Македонија овие години како да ја водат најдобрите кадри на југословенската KОС, чија задача беше бугарскиот и македонскиот народ што повеќе да не се поднесуваат. KОС и УДБА одамна ја изгубија својата сила и подлога, останаа само некои нивни елементи, кои и овде во Македонија грчевито се борат за своите позиции, но се чини, како да доживуваат процут среде Софија. Процут на кој би позавидел секој српски разузнавач со задача тензијата меѓу бугарскиот и македонскиот народ да ја држи на високо ниво.




Гласувай:
1



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378151
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031