Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
03.07.2013 21:50 - СВ.НАУМ
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 610 Коментари: 1 Гласове:
-1



Денес на 03-07  во Македонија се слави Светецот Наум!
Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 - 23 декември 910), бил  еден од основоположниците на словенската и македонска писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангел, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на 9 век..

Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат КлиментКутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови си уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во

Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на Свети Климент. Свети Наум учествува во Моравската мисија, по чие завршување оди во Бугарија.

По враќањето од Велика Моравија, Свети Наум бил задржан од бугарскиот кнез Борис во манастирот св. Архангел кај Плиска. Таму бил проповедник на христијанството на славјанскиот јазик седум-осум години. Дури, кога Свети Климент е избран за епископ на Дремвицко-величката епархија, тој го условил прифаќањето на ова високо црковно достоинство со доаѓањето на Свети Наум во Македонија за свој соработник. Барањето на Свети Климент царот Симеон ,кој што дошол на Бугарија по кнезот Борис, во 893 година го исполнил.
Свети Наум по враќањето во Македонија се оддал на испоснички и монашки живот. Го изградил манастирот посветен на Светите архангели Гаврил и Михаил, на другата страна од Охридското езеро - од манастирот св. Пантелемон, во кој служел свети Климент. Овој манастир е изграден во 895 година, а го осветил Свети Климент. Тогаш Свети Наум прима монашки чин. Манастирот подоцна е посветен на него и го носи и денес неговото име.
Свети Наум е познат како препишувач и преведувач на проповедничка и друга богословска литература. Со оваа дејност одиграл видна улога во развојот на македонско-славјанската литература и култура. Познат е како голем молитвеник, духовен учител и раководител на монасите. Се смета за основоположник на мастирскиот и монашкиот живот во Македонија и пошироко.
Свети Наум бил погребан во својот манстир. Тука и денес се наоѓаат неговите свети мошти. И по својата телесна смрт тој е наш силен молитвеник и чудотворец. Неговите свети мошти се чудотворни. На гробот во манстирот Свети Наум, во Охрид, се случуваат чуда. Светителот и денес му помага и му прави добрини на својот македонски народ и на сите кои со вера му се обраќаат. Лекува болни од разни болести, особено од душевни.


Црковната и просветителската дејност била високо оценувана и длабоко почитувана од свештенислижителите и од верниците, така што кон крајот на Џ век Свети Климент и Свети Наум се канонизирани за светители. Не случајно денешната обновена Охридска архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква се нарекува Светилкиментова и го има Свети Климент за свој молитвеник и патрон.


На Наум Охридски му се препишуваат делата:

Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро 



Гласувай:
1



1. shtaparov - Ние се радуваме оти власи, шиптари и ...
15.12.2019 05:20
Ние се радуваме оти власи,шиптари и грци го почитат Бугарскио светец свети Наум наравно со нас- македонските Бугари!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379925
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930