Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
01.07.2013 22:23 - KОНТРАПИСМО ОД БУГАРСKИ ИНТЕЛЕKТУАЛЦИ ЗА БЛОКАДА НА МАКЕДОНИЈА
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 852 Коментари: 0 Гласове:
-1



Ако го имаше ова Бугарски интелектуалци против блокадата на Македонија(http://intelect.blog.bg/politika/2013/06/28/bugarski-intelektualci-protiv-blokadata-na-makedoni-a.1124650) тогаш го има и ова !
Мy coment :Кога прочитав дека Божидар Димитров е потписник на ова писмо ,само ќе кажам ништо ново на истокот(како некои луѓе играат во интерес на Србија и на Грција)!

Софија да не покажува гестови на добра волја кон Скопје

image

Откако десетмина бугарски интелектуалци, професори и политичари деновиве побараа официјална Софија да ~ даде поддршка на Македонија за да добие датум за преговори со ЕУ, друга група историчари и професори преку писмо повикуваат Бугарија да не води политика на компромиси со нашава земја. Kако одговор на писмото, преку кое интелектуалци нагласија дека поддршката на Република Македонија за почеток на преговорите е европска и национално одговорна бугарска позиција, помногубројна група на потписници апелира Софија да не се враќа на старата политика кон соседот.

„Враќањето на политиката на компромиси и континуирани отстапки нема да придонесе ниту за подобрување на имиџот на Бугарија во очите на најмладиот сосед, ниту за давање права на нејзините граѓани што се изјаснуваат како Бугари, ниту пак за прекин на јазикот на омразата или за откажување од национални и етнички територијални претензии кон Бугарија“, се вели во писмото што го објави бугарската агенција „Фокус“, а кое е испратено до бугарскиот државен врв. Во писмото, на кое се потпишани 40 професори и интелектуалци, се изразува загриженост поради тоа што во последните неколку дена забележале обиди за ревизија на бугарската позиција за членството на Македонија во ЕУ.

„Kористењето на политичката криза во која се наоѓа раководството на земјата не треба да се претвора во аргумент за заштита на кауза која нема ништо заедничко со бугарските национални интереси и со одбраната на авторитетот и името на Бугарија“, пишува во писмото кое е потпишано и од Божидар Димитров. Според бугарските интелектуалци, од бугарското признавање на независноста на Република Македонија, македонските влади, какви и да биле според политичка ориентација, инсистирале во билатералните односи да имаат само права, додека за Софија секогаш останувале само обврските.

„Бугарија треба да ги поддржува евроинтеграцијата на Македонија и нејзиниот пат кон европските вредности. Но, ваквата позиција не треба во никој случај да биде за сметка на националните интереси на Бугарија и компромис со правата на Бугарите во Македонија, ниту со нашето историско и културно наследство, со сеќавањето на нашата земја“, пишува во писмото. Интелектуалците додаваат дека владите и парламентите ќе доаѓаат и ќе си одат од политичкиот живот на земјата, но националните интереси и авторитетот на Бугарија треба да бидат обединувачки и обврска за сите јавни личности.

Во писмото пишува дека прв услов за бугарската поддршка за Македонија треба да биде потпишување договор за добрососедство.

„Не смее да се залажуваат дека уште еден гест на добра волја од страна на Бугарија ќе биде оценет позитивно. Напротив, сите добронамерни гестови на бугарските влади досега во Скопје биле доживувани како слабост и исцрпеност од бугарска страна. Тие секогаш ја охрабриле власта во Скопје да ги засили репресивните мерки кон луѓето со бугарска самосвест и уште безобразно да фалсификуваат бугарската историја. Тишината на бугарската дипломатија досега доби одговор од страна на скопската влада со нови претензии и клевети против Бугарија на сите меѓународни форуми“, се вели во писмото, во кое се додава дека политиката на компромиси е предавство кон минатите генерации, како и кон Бугарите во Македонија.





Гласувай:
1



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379581
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930