Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
28.06.2013 03:20 - Бугарски интелектуалци против блокадата на Македонија
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1614 Коментари: 1 Гласове:
0



Поддршката за Македонија е поддршка за демократизација на целиот регион. Бугарското НЕ за отворање на преговорите со Македонија за членство во ЕУ е катастрофално за националните интереси на Бугарија. Ново НЕ за преговори е ДА за враќање на регионот во времето пред 100 години, кога Балканот беше буре-барут на Европа, а Македонија - јаболко на раздорот. НЕ на Република Македонија е ДА на воскреснувањето на ретроградните балкански национализми и шовинизми (Macedonia is Greek), кои немаат ништо заедничко со установените цивилизациски принципи и норми во ЕУ.

Ова се дел од пораките во писмото што го потпишаа над 20-ина бугарски интелектуалци и политичари, со кое бараат Софија да го поддржи започнувањето на преговорите со Македонија за членство во ЕУ. Писмото, кое се потпишува и онлајн на интернет, веќе е испратено до претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, до премиерот Пламен Орешарски и до претседателот на Народното собрание, Михаил Миков.

Писмото е на иницијатива на Љубомир Попалексов, претприемач од Благоевград.

- Идејата за писмото беше да се види дека во Бугарија има луѓе што поддржуваат поинаква политика кон Македонија, но и да се каже дека Македонија не може да остане надвор од Европската Унија – вели Попалексов за „Дневник“.

Според него, целта била да се покаже дека агресивната политика на Грција со непризнавање на името и присвојување на с` што е поврзано со Македонија не е европско поведение, а со поддршката на тие ставови во Брисел, Бугарија всушност ~ направила услуга на Атина.

Проблемите што ги имаат соседите меѓу себе, додава Попалексов, треба да се решаваат заеднички, директно, а не со блокади.

- Не знам каков ќе биде ефектот од ова писмо, но во секој случај покорисно е нешто да се прави отколку да не се прави ништо – вели Попалексов.

Меѓу потпишаните на писмото се историчарите Андреј Пантев, Борислав Дичев и Христофор Цавела, експертот по безбедност Николај Слатински, Христофор Цавела, Иван Биљарски, политикологот Марија Пиргова, политичарите Пламен Даракчиев и Јордан Василев, новинарите Kоста Филипов, Григор Лилов и Владимир Kаперски, како и повеќе други истакнати од општествениот живот во Бугарија. Вчера на писмото се потпишала и Леа Kоен, позната писателка, политичарка и дипломат, која била бугарска амбасадорка во Белгија и во Швајцарија.

- Имајќи го предвид историскиот момент за развој на Балканот како рамноправен дел од ЕУ, сметаме дека Бугарија носи огромна одговорност за мирот, безбедноста, развојот и за перспективите на регионот. Kатегорично бараме Бугарија како суверена држава-членка на ЕУ да ја поддржи Република Македонија за почеток на преговорите за пристапување кон заедничкото европско семејство – пишува во писмото.

Во него се додава дека преговарачкиот процес е моќен инструмент за прифаќање на европските принципи и норми во насока на демократизирање на земјите-кандидати, а неприфатливи се тенденциите и процесите што не се во насока на посакуваната блискост меѓу двете држави.

Потпишувањето Договор за добрососедство, на што инсистира Софија, и останатите проблеми може и треба да се решат во текот на преговорите и не треба да ја спречуваат Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ, сметаат потписниците на писмото.

„НE за Република Македонија е ДА на апартхејдот кон Бугарите што живеат на територијата на Балканскиот Полуостров. НЕ на Република Македонија е ДА за положба на Балканот како второстепен регион во ЕУ. Последици што се во интерес на секоја друга држава, но НЕ и на Бугарија.

ДА за Република Македонија е ДА за Бугарија, на нашето национално достоинство, гордост и самопочит. ДА за Македонија е ДА за нашата национална безбедност и територијална целовитост. ДА за Македонија е ДА за нова европска Бугарија, за европеизација на Балканот, а НЕ за балканизирањето на Европа. Поддршката за Македонија за почеток на преговорите е европска, бугарска, национално одговорна позиција на Бугарија“, стои во писмото од бугарските интелектуалци и политичари.




Гласувай:
2



1. shtaparov - Дори и да има блокада, трябва пра...
26.08.2013 17:22
Дори и да има блокада,трябва правилно да се обясни на хората,че тя не се отнася за обикновеното население на Македония,което си е наше отвсякъде,а само за престъпните Скопски управници,наложени им от чужда окупационна власт преди близо 70 години!!! Обикновените хора ние си ги обичаме,но узурпаторската им власт я мразиме,защото тя пречи на хората да се самоопределят така,както повеляват сърцата им! Затова е най-правилно да се каже,че днес в земите около Вардара (Вар-даря,Вел-дере) съществува насилнически македонски окупационен режим,който потиска националните чувства на населението и хилядолетния му Български идентитет!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379594
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930