Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
24.05.2013 20:15 - Македонија &Бугарија
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1465 Коментари: 3 Гласове:
2

Последна промяна: 24.05.2013 20:17

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
Прва работа која би требало да не спојува(Македонците и Бугарите) а не да не разделува е денешниот празник!Дали е така не сум сигурен!? Се додека Сесловенското е многу помалку важно од нагласувањето на Македонското или Бугарското разликите и разделбите ќе бидат во прв план...но кој како сака!!!

Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Македонска црковно државна делегација предводена од претседателот на Собранието Трајко Велјановски имаше аудиенција кај новиот Папа Франциск.

image   Македонија ја продолжи традицијата на чествување на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј во Рим. Македонска црковно државна делегација предводена од претседателот на Собранието Трајко Велјановски имаше аудиенција кај новиот Папа Франциск.

Поглаварот на римокатоличката црква изразил поддршка кон македонскиот народ и нагласил дека Македонија има дадено многу за христијанството. Претседателот на Собранието го информирал Папата Франциск и за третата меѓурелигиска конференција која неодамна се одржа во Скопје. 

Велјановски на Папата му подари резба Розета на ореово дрво, а имаше средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Терцисио Бертоне. Централниот настан на чествувањето беше на гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе. На поклонението присуствуваа и Македонци кои живеат во Италија, а молебен одржа владиката Петар кој ги пренесе зборовите од заветот на Свети Кирил.

Во изминатите два дена овде во Рим се одржа и културна програма во рамки на Македонија во чест на Свети Кирил која почна со концерт на хорот Свети Климент Охридски, а завршува вечерва, кога ќе биде изведена монодрамата Јустинијан Први.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим е централниот настан во чествувањето на Денот на просветителите Кирил и Методиј. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Втора работа која поодамна требаше уште повеќе да не поврзи е Европската Унија...
Но некои структури во Бугарија без разлика на причините очигледно не го посакуваат тоа!За Грците ај не ми е чудно но лицемерието на Бугарија повеќе боли! Не чудете се после зошто во Македонија никој не ги смета Бугарите за поблиски или подалечни браќа !
 

За Македонија гласаа 505 европратеници, најхистерични повторно Грците и Бугарите

Грчките европратеници ја нападнале и германската европратеничка Дорис Пак откако таа на говорницата рекла дека грчката влада мора да најде решение како да ѝ дозволи на Македонија да почне преговори со Унијата.

 

Европарламентарците во Стразбур ја изгласаа Резолуцијата за напредокот на Македонија предложена од пратеникот Ричард Ховит. За неа гласаа 505 европратеници, 61 беа против и 31 воздржан. 

Инаку, Европскиот парламент со новата  резолуција бара во јуни да почнат преговори со Македонија за членство во ЕУ. На гласањето во Стразбур, како што јави Канал 5, му претходела жестока дебата. Остри напади имало против еврокомесарот Штефан Филе и европратеникот Ричард Ховит од страна на грчките европратеници, кои ги обвиниле дека се необјективни и дека ја штитат Македонија.

Грчките европратеници ја нападнале и германската европратеничка Дорис Пак откако на говорницата рекла дека грчката влада мора да најде решение како да ѝ дозволи на Македонија да почне преговори со Унијата.

Македонија заслужува да напредува и проблемот со името не треба да биде пречка. Така како што се договорија Белград и Приштина, треба да се договорат и Македонија и Грција. Грчката влада мора да најде начин и да прифати компромис за името“, изјавила Пак.

Известувачот за земјава Ховит, изразил загриженост – ако земјава не напредува кон ЕУ, ѝ се заканува дестабилизација. Бугарските и грчките пратеници биле најгласни на дебатата против поддршката за Македонија. 

Главно, како и во претходните дебати, тие се повикувале на добрососедските односи, историјата и спорот околу името.

Резолуцијата на Европскиот парламент треба да биде дополнителен адут за Македонија во пресрет на претстојниот Европски совет, на кој земјава уште еднаш ќе се обиде да добие датум за почеток на преговорите за членство. 

Сепак, останува фактот дека за напредокот пак ќе биде главно решавањето на спорот со Грција.





Гласувай:
4



1. dinkov - Динков
24.05.2013 23:23
Ех intelect, а колко по-умно щеше да бъде двамата министър-председатели на Македония и България да поднесат заедно венци на гроба на Св.св. Кирил.
Поздрав.
Ицко
цитирай
2. danailvdimitrov - и още по добре да не се занимават с папата-еретик когото св.Кирил разобличи насред Рим
25.05.2013 21:03
а само да отдадат почит на светите братя които бяха анатемосани от 4 папи !
цитирай
3. intelect - Dinkov ubavo, zaedno kako dva po...
27.05.2013 23:56
Dinkov ubavo ,zaedno kako dva posebni slovenski narodi i jazici :)
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 380003
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930