Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
28.04.2013 22:45 - Зошто Македонија не може во ЕУ
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 949 Коментари: 1 Гласове:
-1



Зошто Македонија и Макеонците не можат толку лесно да влезат во ЕУ?Зошто Македонија и Македонците со исклучок на најновите држави Босна и Косово последни постигнаа независност на Балканот? Дали може да се создаде некаква паралела помеѓу нивното создавање и создавањето на Македонија.Бидеќи сум секогаш самокритичен и проблемот го барам кај себе најпрво  мислам дека тоа се случи заради структурата на населението,пред се  нивното урбано,образовно,верско  и културно достигнување во одреден историски момент,нивната желба,начинот на борба ,нивното наивно космополитичко размислување...
Но на дел од причините на самокритичност дали може да се вметне и вистинското време на историската околност за создавање на таа држава?Колку надворешните фактори влијаат на тоа?И дали создавањето на Босна и Косово не го потврдува тоа !Во случајот со Босна слично како и во случајот со Македонија се создаде една нова нација Бошњачката која во бившата ни Југославија иако постоеше како Југословени покрај Србите и Хрватите како да ги немаше(нациите беа потиснати во втор план) пред се заради службениот Српско-Хрватски јазик и можеби заради верската определба!Во случајот на Косово имаме пак нова држава пред се заради мнозинството на структурата на националноста во таа држава која е иста со националноста со друга независна држава!
За добро да го анализирмае ова ,треба да се навратиме на тоа како и кога  се создадоа сите современи нации во Европа посебно на Балканот!Општо познато е дека главното влијание на создавањето на современите нации онакви какви денес ги познаваме а не тие од средновековието или од антиката,извршила Француската Боржуарска револуција!Огромно влијание на Балканот извршило решавањето на црквените прашања на домородното население !Преку црквеното прашање во голема мера се решавале образовните и јазичните прашања односно се формирале националните,Интересите на предходно создадените големи империи преку овие мали новосоздадени држави и нации само го надополнувале или забрзувале овој начин и ситем на создавање!Патот горе долу е ист за сите држави,само времето на создавање зависеше од поклопувањето на сите овие фактори во вистинско време!Историската околност значеше за некого побрзо а за некого многу покасно создавање на државата!
Едно е јасно за сите дека нема држава без нација,или каде што има нација таму има држава покасно или порано...Најочигледен пример е Косово ,покрај сите тие фактори кои ги набројав погоре за создавање на една држава  ако Србите беа со поголем број од Албанците-Косовари во Косово никогаш немаше да имаме независно Косово.Ист случај имавме и во Босна Бошњаците или муслиманите кои јасно се разликуваат од Србите и Хрватите се со најголем процент па за тоа на крај каква таква создадоа сопствена држава!Тој процес во светот мислам дека не е запрен ,примери има еден куп Курдите во Турција,Баскијците во Шпанија ,можеби Ирците во Велика Британија,па случувањата во Белгија со Фламанците и Валонците и.т.н. па ќе видиме што ќе се случува!
Е сега каде е тука Македонија и Македонците?Очигледно Македонија има и веројатно ќе има проблем со огромниот број на Албанци во нејзиниот северозападен дел!Официјално 25% ,неофицијално помалку од 20% ама колку и да се ги има во еден дел како мнозинство и од тука Македонија го има истиот проблем во насока на системот или процесот што го образложував погоре!Затоа Македонија можеби и под присила посебно под настаните од 2001 година одбра еден модел на мултикултурно општество на рамноправни граѓани и националности многу поразлично од тоа што го правеа Србите во Косово (затоа и го изгубија)и го наметнуваа и кај нас!Мислам дека овој модел под присила е еден добар експеримет од Европа да се види до каде и како може да функционира едно такво мултикултурно,мултинационално и мултиверско општество!
Но што е со Македонците во другите соседни држави?Пред се Грција и Бугарија!Во Албанија кога се во прашање Македонците нешто се движи но далеку е од позитивна насока но пред се заради слабоста на Албанија .Дали овој процес на спојување ,на создавање важи и за нив!Па нормално ,тоа е природен процес и ситем кој порано или покасно се случува или ќе се случи!Тоа е времето или историската околност за која пишувам!
Затоа всушност е создадена Европската унија(покрај економските и големите пазари) ,за да се избегнат конечно ваквите процеси на поделби,војни,прераспределби на територии во која сите нации ќе можат да живеат без граници...Но колку е векот на траење на такви унии- имавме такви примери СССр,Југославија,Австроунгарија,отоманското царство...
И тоа многу добро го знаат и во Грција и во Бугарија!И сега  се навраќаме на почетното прашање од текстот зошто Македонија тешко ќе влезе во ЕУ .Затоа што Грција и Бугарија ќе си увезат проблем во сопствените држави со Македонците.Ако нема граници ,ако сите Македонци живеат во држава -унија во која се поврзани без контроли без граници кој ќе ги сопре да се поврзат како што било пред 100 тина години ,Природно сите избегани Македонци од егејот ќе се раздвижат кон таму ќе си ги бараат старите имоти ,куќи.Или замислете ја силата на Македонците и на ВМРО во Горноџумајскат област кога функционирале као посебна  држава во Држава Бугарија пред 90 години ,Тој процес со членството на Македонија во Еу ќе започне и никогаш нема да запре ако не постојат граници!
Затоа континуирано  е направен големиот геноцид на Македонците во Егејска Македонија и сменета е етничката структура на населението во Егејска Македонија!Или Бугарија примени друг метод!Прва ја призна Македонија по осамостојувањето ,надеваќи се на таканареченото Бугарско население во Македонија,бидеќи бугаризацијата на Македонците  во пиринскиот дел во најголема мера во комунизмот е направена...Но кога виде дека историската околност доведе до создавање на  Македонската нација со државата Македонија  и е факт,формирана  е,создадена во Македонија ,а да не и се врати како бумернаг неприродниот процес во Пиринскиот дел од Македонија  ја префрла топката во Македонија ,не само што непостојат Македонци во Бугарија туку не постојат Македонци ни во Македонија или тие се Бугари па сега од позиција на сила ние сме членки на ЕУ ќе ве уценуваме на таков начин!Значи уцена на  Грција со името Бугарија со нацијата....
Но да не се лажеме природните процеси на ваков или онаков начин ,порано или покасно ќе се движат и во зависност од историските околности ќе се случат!
Ако јас се прашувам не сакам поделби,концептото на Еу добар и никогаш нема да ми пречи добро да живеам еден до друг под исти кров без граници без ограничувања  ниту со Бугарин ниту со Грк ниту со Албанец ниту со Србин!
Прашањето е колку другите што ги набројав го сакаат истото?





Гласувай:
1



Следващ постинг
Предишен постинг

1. shtaparov - Зоштото е фалшива "нациа&...
15.12.2019 05:27
Зоштото е фалшива "нациа",измислена од руснаци во 1944 г.!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379754
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930