Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.02.2013 02:00 - Позитивна средба Груевски-Борисов
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 584 Коментари: 0 Гласове:
-1



Двајцата премиери ги поздравија односите помеѓу двете земји, и истакнаа силна посветеност за нивно продлабочување, унапредување и интензивирање на секое поле од взаемен интерес, и заложба за надминување на сите предизвици во духот на европските вредности, се вели во соопштението од Владата по средбата Груевски-Борисов.

Беше истакната посветеноста за унапредување на политичкиот дијалог, и интензивирање на средбите на високо ниво. Од големо значење е испраќањето на позитивни пораки во јавноста со што се придонесува во надминувањето на стереотипите и се јакне амбиентот и духот на соработката.

Владите се примарно насочени кон генерирање позитивен моментум со цел европеизација и стабилизација на нашиот регион. Добрососедството треба да се надградува и дефинира како искреност и посветеност во реализацијата на практичните дела. Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат визијата за регионот, целосно интегриран во европските и евроатланските структури, а во овој процес поддршката од соседите е есенцијална .

Беа опфатени темите околу постигнување на понатамошен напредок во врска со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и иницијативите од заеднички интерес.
image

Одржување на заедничка седница на двете Влади е двостран интерес и потреба, и можност да ги постави основите и за уште посодржајна соработка во доменот на економијата, енергетиката и инфраструктурата.

Се изрази согласноста и во тековното тромесечје и на подолг рок, да се интензивира соработката и да се зајакне меѓусебната доверба, преку реализација на практични проекти од образованието, културата, економијата, евро интеграцискиот процес, здравството, инфраструктурното поврзување, енергетиката, транспортот, животна средина.

Се акцентираше дека нужно е потребно зголемување на економската соработка, за која има голем потенцијал за иден развој, зголемување на трговската размена, и динамична соработка на полето на инвестициите, при што инвеститорите од една земја се добредојдени и очекувани за инвестиции во другата земја, и обратно. Во таа насока од особено значење е почетокот на работата на Мешовитиот комитет за економска соработка

Двете страни се фокусирани на реализирање на проектите од Коридорот 8, со акцент на железничката и автопатската линија Софија – Скопје, со партнерски пристап. Од особено значење е прекуграничната соработка и ефикасно користење на европските фондови, преку реализација на повеќе практични проекти од ИПА компонента.
image

Отворањето на граничниот премин „Клепало’’ (Берово-Струмјани) , ќе придонесе кон подобрување на животниот стандард во пограничните региони од двете страни.

Двајцата премиери ја истакнаа својата иницијативност за понатамошно интензивирање на соработката.

image



Гласувай:
1



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379787
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930