Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
13.12.2012 22:28 - Mакедонија и ЕУ
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1308 Коментари: 3 Гласове:
-1



Грција повторно ја спречи препораката на Европската комисија, Македонија да добие датум за почеток на пристапни преговори со Унијата.

И покрај препораката на Европската комисија, Македонија да ги отпочне преговорите, затоа што ги исполнува сите реформи што ЕУ ги бара од неа, со поддршка од Франција и Бугарија, Грција успеа да издејствува на маратонскиот состанок на Советот за општи работи ГАК да заврши со заклучок без датум и скрининг за нашата земја.

Под притисок на Грција и делумно Бугарија, петтиот  параграф од заклучокот на Европската комисија за Македонија претрпе сериозни измени и наместо датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија во јуни 2013 година и снимање на поглавјата 23 и 24, министрите за надворешни работи и за европски прашања договорија: Советот, врз основа на извештајот што ќе биде презентиран од страна на ЕК пролетта во 2013 година, ќе го испита спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), како и преземените чекори за промовирање на добрососедските односи и постигнување на компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН“

Еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, заедно со министрите за надворешни работи или нивни заменици секретари од Австрија, Словачка, Чешка, Шведска и на балтичките земји (Финска, Естонија, Летонија и Литванија) на синоќешниот Совет за општи работи на ЕУ (ГАК) до последно се бореле Република Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори и почеток на т.н. скрининг процес. Како што дознава дописникот на МИА од Брисел, само овие земји цврсто им опонирале на Грција и Бугарија, со блага поддршка на Словенија, додека Германија, Велика Британија и Франција стоеле настрана без поддршка, ниту спротивставување на предлогот на Европската комисија.
-поделена Бугарија, по синоќешниот успех на нашите соседи да стават уште една пречка на патот кон европската интеграција. Бугарите од утрово редат честитки за своите власти.    И вицови кажуваат на сметка на македонците, за да докажат дека одлуката била праведна. Каракачанов и Божидар Димитров го поделија задоволството со бугарската публика.   Покажаа и писмо испратено од Гевгелија за кое тврдат дека го напишале македонските тајни служби, а во кое се испишани закани за бугарските власти. 
Откако својот глас против ветото на Бугарија го крена првиот демократски претседател на Бугарија, Жељо Желев, својот глас го кренаа и останатите претходни претседатели на оваа земја, Петар Стојанов и Георги Прванов.

Ветото од страна на Бугарија кон Македонија е погрешна одлука, сметаат тројцата поранешни претседатели на Република Бугарија, Жељу Желев, Петар Стојанов и Георги Прванов.

Петар Стојанов вели дека екстремните решенија не се добри, додека пак Георги Прванов смета дека Бугарија не смее да ги лишува од европската иднина „браќата зад границата“.

„Јас сум политичар со најтврди позиции кон Скопје, но, со одлуката да се блокира интеграцијата на Македонија, поради неколку врескачи и делови од македонската елита, од европската иднина се лишуваат браќата зад границата“ вели Прванов.

Прванов дополнува дека Бугарија не треба да ја затвара вратата на Македонија и дека двете влади треба да најдат компромис за проблематичните прашања.

Прв со поддршка за Македонија се огласи првиот демократски избран претседател на Бугарија, и Жељо Желев кој е познат како голем пријател на Македонија, кој напомена дека членството на Македонија во ЕУ  е одговорност на Бугарија.





Гласувай:
1



1. intelect - Во Македонија, никој не се возне...
13.12.2012 22:37
Во Македонија ,никој не се вознемири околу ветото на Грција затоа што јасен е ставот и односот на Грција спрема Македонија и Македонците.Она што можеби не изненадува туку се потврдува е ставот на Бугарија...
Мотивот за добрососедските односи е само параван зад кој се кријат вистинските причини за кои овде пишувам и ги знае секој Македонец!Лошо е тоа што со односот на вашите власти само ни ги потврдувате нашите убедување кон Бугарија и Бугарскиот народ!Уште долго време помеѓу државите Македонија и Бугарија нема да има блиски односи...штета!!!
цитирай
2. intelect - Уште една денешна вест за Македо...
13.12.2012 22:57
Уште една денешна вест за Македонија .Унгарија ја призна Македонија под уставното име...
Најновата одлука, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Република Македонија и Унгарија, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји, велат од МНР.

Унгарија ја призна Македонија под уставното име. Информацијата ја потврдија и од македонското МНР.

„Министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска упати писмо до министерот за надворешни работи на Унгарија, Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.

Во писмото, меѓу другото, министерот Попоски нагласува дека Република Македонија високо ја цени отворената и гласна поддршка што ја дава Унгарија кон нашата земја од осамостојувањето.

Особено се поздравува поздравува поддршката во рамките на Европската унија, каде Унгарија е гласен поборник и поддржувач за што поскоро започнување на преговорите за членство на Република Македонија во Република Унгарија. И најновата одлука, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Република Македонија и Унгарија, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји“ - стои во соопштението на МНР.
Во контекст на она што се случувало на состанокпот на ЕУ Јасно може да се види дека и Унгарија(за разлика од соседите Грција и Бугарија ) цврсто стои зад Македонија!
Досега 134 земји во светот ја имаат признато Македонија поод уставното име и не ја употребуваат кратенката ФИРОМ,меѓу нив сите големи сили со исклучок на Франција!
цитирай
3. intelect - Неделникот Република ексклузивно ...
14.12.2012 23:09
Неделникот Република ексклузивно дознава кој бил за, а кој против датумот за Македонија
Велика Британија, Словенија и Унгарија, на чие инсистирање во 2005-та Македонија го доби кандидатнскиот статус, биле најгласните земји во барањето Македонија кочено да добие датум за преговори.

Овие земји во вторникот, како што пишува Република, добиле поддршка и од неколку други кои вообичаено досега биле воздржани околу македонското прашање.

-Меѓу најгласниоте бил и министерот за надвореши работи на Естонија, земја на актуелниот европски амабасадор Аиво Орав. Неговиот шеф Урмас Пает директно побарал Грција да не ја блокира земјава поради ирационални причини, пишува Република.

Според нивните извори иако не ја промениле ситуацијата, говорот на Естонецот, како и обраќањето на словачкиот министер за надворешни работи биле најефективни и најаргументирани при што и двајцата зборувале за здрав разум и регионална стабилност.

Активен во корист на Македонија бил и австрискиот шеф на дипломатијата Реинхолд Лопатка.

-За нијансапотивок од останатите лобисти за Македонија оовој пат бил шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг кој имал кратко и ефективно обраќање со барање датум за Македонија, а по состанокот директно му пристапил на грчкиот колега Аврамопулос И побарал од Атина да се однесува во духот на европските вредности и да дозволи да продолжи проширувањето на Унијата, пишува Република, додавајќи дека Хејг од Аврамопулос барал да се елиминираат елементите од текстот на заклучокот кои се однесуваат на спорот со името.

Република понатаму пишува дека дел од присутните особено шведскиот министер Карл Билд објаснил дека споменувањето на спорот за името е потребно за полесно да се убеди Грција да го прифати датумот за преговори од точката 5 во заклучокот.

Иако започнал со критики кон Македонија, сепак со позитивни тонови кон земјава своето обраќање го завршил бугарскиот министер Младенов.

Бил и неговиот чешки колега Шварценбергер биле оптимисти дека Македонија може да добие датум за преговори, додека на претставниците на Австрија и Европската комисија, според наст
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 381807
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930