Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
07.12.2012 22:39 - Време е Македонците да престанат да ја гледаат Бугарија како најголем „ѓавол“
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1075 Коментари: 1 Гласове:
6


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
-Превземено од Македонска нација  www.mn.mk

Мане
Јаковлески

Време е Македонците да престанат да ја гледаат Бугарија како најголем ѓавол (научени од времето на едноумието во бивша Југославија) исто така, време е Бугарија да престане да се расправа со Македонија заради Спаска, Љубчо, Врањишковски и слични како нив.

Македонско-бугарските односи се постојано актуелни. Македонија и Бугарија се две соседни земји со тесни врски во минатото, со заедничка борба против заедничките непријатели и со заеднички интереси по низа значајни прашања. Тоа се два блиски народа кои постојано се расправаат, но се поддржуваат кога е најпотребно.

Бугарија прва ја призна Македонија под нејзиното уставно име на 15 јануари 1992, а причина за признавањето беше желбата на голем дел Македонци кои беа за самостојна држава и разгорената војна низ поранешните југословенски простори, војна која можеше да ја зафати и Македонија.

Бугарија прво ја призна Македонија како суверена и самостојна држава, а потоа лобираше во Турција како дел од НАТО да ја признае Македонија.

Подоцна Жељу Желев, тогашен Претседател на Бугарија влијаел и на Русија, сметајќи дека и таа и` е потребна на Македонија и го убедил Борис Елцин да ни ја признае државата.

Исто така, Жељу Желев остварувал средби и разговарал со американците за признавање на Македонија, на средбите со тогашниот Државен секретар на САД, Олбрајт, ја убедувал дека е добро Америка да ја признае Македонија и дека тоа ќе биде од голем придонес не само за Македонија, туку и за безбедноста на Балканот, и фала му на Господ му успеа.

Бугарија донираше тенкови пред да започне војната или конфликтот во Македонија.

Бугарија беше против балканска средба која ја договараа Милошевиќ и Мицотакис во Атина, а се` со цел дефинитивно распарчување на Македонија.

Бугарија ја помагаше Македонија за време на блокадата која ја наметна Грција кон Македонија со цел економски да ја уништи Македонија.

Во последните две децении двете држави се дел од општо-балканските односи, зедно влијаат на нивниот развој и се важен фактор на стабилноста на Балканот.

Сепак, односите меѓу Македонија и Бугарија повеќе десетици години се обременети со тешкиот товар од минатото, за кое историчарите од двете земји имаат различни толкувања. Иако постојат взаемни негирања, историчарите од двете страни во едно се сложуваат, а тоа е дека и двата народа се блиски.

Голем дел од историјата на македонската револуционерна борба се испишувала токму во Бугарија, а пак Софија станала седиште на ВМРО.

Во тој период голем број македонски семејства од политички или економски причини емигрирале во Бугарија.

Се смета дека во текот на воените и економски кризи од Македонија во Бугарија пребегнале над сто илјади Македонци. Како последица на овие емигрантски бранови, се тврди дека во Бугарија има над еден милион бугарски жители кои се со Македонско потекло.

Меѓутоа и двата народа биле жртви на војните и различните идеологии кои создале опасни противречности. Сето ова имало огромно влијание во различното толкување на минатото, но и во развојот на блиските односи на двата народа, кои мора да се надминат.

Младенов минатата недела во писмо до Попоски предложи три чекори за нормализација на односите меѓу двете земји, за да се осигура поддршката на Бугарија на македонската интеграција во ЕУ.

Првиот чекор е да се потпише спогодба за добрососедски односи и соработка, која ќе биде според највисоките европски стандарди и ќе се базира на Декларацијата што во 1999 година ја склучија двете земји.

Вториот чекор би бил изградба на неопходна инфраструктура за засилена соработка, како и создавање заеднички работни групи за подобрување на односите во клучните области.

Како трето Софија предлага формирање на совет на високо ниво во форма на годишни меѓувладини средби. Според него решението ќе се најде во еден нормален дијалог со македонските власти.

Ваквото барање од бугарска страна, во кое покрај потпишување на спогодба за добрососедски односи и соработка врз база на Декларацијата од 1999 година беше вклучено и изградба на неопходна инфраструктура за засилена соработка и создавање на работни групи за подобрување на односите во клучните области и формирање совет на високо ниво во форма на годишни меѓувладини средби, беше прифатено од Никола Поповски, министерот за надворешни работи на Македонија.

- „Сите отворени прашања и разлики ќе успееме да ги надминеме со нашето меѓусебно почитување и доверба, и со почитувањето на европските вредности, на демократските начела и на човековите права, стои во писмото на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски до шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов. Понатаму, во одговорот на министерот за надворешни работи Никола Попоски до неговиот бугарски колега Николај Младенов, истакнува дека Република Македонија високо ја цени поддршката што Република Бугарија во континуитет и ја дава од осамостојувањето до денес, а во тој контекст и поддршката на процесот за проширување на ЕУ. Трајна определба на Република Македонија, е заедно со Република Бугарија, да градат заедничка иднина во европските и евро-атланските структури, која на двата блиски народа ќе им овозможи благосостојба, просперитет и мир“.

Во соопштение на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, беше поздравен  фактот дека министрите за надворешни работи Николај Младенов и Никола Попоски придонесуваат во подобрувањето на односите на двете држави. Како што се вели во соопштението на Филе, луѓето од Европската комисија се убедени дека двете земји имаат силни и длабоки врски и можат да им се посветат и да ги решат сите отворени прашања во духот на добрососедството, базирано на вредностите на ЕУ.

Но, не само Филе и луѓето од ЕК веруваат дека можат да се решат отворените прашања, туку и македонскиот народ верува дека треба да се направи се` за да се урнат идеолошките ѕидови создавани од политичарите во судбоносните времиња.

Време е Македонците да престанат да ја гледаат Бугарија како најголем ѓавол (научени од времето на едноумието во бивша Југославија), исто така, време е Бугарија да престане да се расправа со Македонија заради Спаска, Љубчо, Врањишковски и слични на нив. Од такви како овие погоре цитирани и слични на нив, добрите односи меѓу Македонија и Бугарија немаат никаква корист, туку само штета, ги расипуваат пријателските односи меѓу блиските и пријателски народи, македонскиот и бугарскиот.

Затоа, искрено верувам и во тоа дека апсолутното мнозинство од бугарскиот народ со симпатии и топлина гледа кон македонскиот и обратно. И тоа треба да се негува, да биде взаемно и да биде пример и за другите народи на балканот и пошироко.

Време е двата народа без разлика на националните чувства повеќе да не се гледаат како непријатели. И македонскиот и бугарскиот народ, вклучувајќи ги и Македонците во Бугарија, се бореле и гинеле од љубов за Македонија.

Сега, во овие бурни времиња, добрососедството, базирано на вредностите на ЕУ, и те како им е потребно и на двата блиски народа.

Сакам да верувам дека ќе надвладее доблеста, добрата мисла, инспирирана, втемелена и зајакната од искрената верба во Бога. Да не бидеме заложници на минатото. Да го живееме животот со љубов и со верба во Бога, за себе и за тие околу нас.





Гласувай:
6



Следващ постинг
Предишен постинг

1. анонимен - Песна за Крал Александар,записана во 19-от век
08.12.2012 11:33
http://grigorsimov.blog.bg/politika/2012/12/08/.1028589
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378131
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031