Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
20.11.2012 23:05 - Желев ја критикува тројната средба за Македонија
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 775 Коментари: 1 Гласове:
-1



Желев ја критикува тројната средба за Македонија

Бугарија би требало што поскоро да настојува ЕУ да го смени начинот на донесување решенија за такви интимни прашања за секој народ, како името на неговата сопствена држава, изјави во интервју за „Бгнес“ првиот демократски избран претседател на Бугарија д-р Жељу Желев, по повод средбата на министерите за надворешни работи на Бугарија, Грција и Романија на 12 ноември, кога се разгледуваа условите што треба да ги исполни Република Македонија за членство во Унијата. 

Ниеден друг народ нема да се согласи да му наложат поинакво име, затоа што не се согласува со името на неговата држава, име кое постои и постоело и порано, дополни д-р Желев во однос на условите поставени од Грција кон бугарскиот западен сосед. Во принцип, тој дефинитивно не одобрува средби од ваков тип, на кои се коментира држава чии претставници отсуствуваат. И се врати назад во времето пред 20 години кога Бугарија прва ја призна независноста на РМ.

- Таква средба при распаѓањето на Југославија се обидоа да направат Грците во името на Kонстантинос Мицотакис. Тој беше иницијаторот да се свика средба на раководствата на државите-соседи на Македонија, средба на која требаше да се реши што ќе се прави со Македонија, без притоа да биде покането македонското раководство. Се сеќавам дека тогаш веднаш кажав дека ние нема да учествуваме на таква средба. Тоа личи на империјализам - како така соседите ќе седнат да ја решаваат твојата иднината кога ти не си присутен. Ние ја бојкотиравме таа конференција и со тоа таа беше неуспешна. Сметам дека постапивме правилно - решително тврди и денес д-р Желев.

#



Гласувай:
1



1. bolgaroid - Желев пак глупости е плещил гледам.
21.11.2012 20:31
Желев пак глупости е плещил гледам.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379950
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930