Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
09.11.2012 17:30 - Нашите меѓусебни односи
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 2034 Коментари: 8 Гласове:
0


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg

Пренесено од  дневниот весник Дневник http://www.dnevnik.com.mk/

АНKЕТА НА софискиот ИНСТИТУТ „ИВАН ХАЏИСKИ“

Црвени линии и од бугарските граѓани

 

Мнозинството испитаници даваат поддршка за поцврста политика кон Македонија!

Искра Kоровешовска

Педесет и еден процент од бугарското население, од кои најголем број интелектуалци, ја поддржуваат тврдата позиција на Бугарија кон Македонија, а само 21 отсто се за компромисно решение на спорните теми меѓу двете држави. Ваквите резултати ги покажува истражувањето на бугарскиот Институт за социјални вредности и структури „Иван Хаџиски“, спроведено минатиот месец, кое го доби „Дневник“.

Над 1.000 испитаници од Софија и околните помали градови требало да изберат која теза е поблиска до нивниот начин на размислување. Бројките покажуваат дека најголем дел од нив се за „бугарската политика кон Македонија базирана на цврстите ставови на историската вистина“, а многу мал број дека „треба да се заснова на компромиси за спорните теми од минатото, во интерес на разбирањето“. Околу 28 отсто од вкупниот број испитаници не можеле да проценат која опција им е поблиска, стои во истражувањето.

Истите прашања им биле поставени и на бугарските партии. Нивните одговори се само потврда на анализата на „Дневник“ дека на неколку месеци пред изборите, бугарските партии се обединети под антимакедонското знаме. Имено, 63 проценти од владејачката десничарска партија ГЕРБ и 68 од националистичката АТАKА не прифаќаат компромиси. Вака размислуваат и најголем број бугарски бизнисмени.

Според професорот на бугарскиот универзитет Петар-Емил Митев, ваквите податоци покажуваат колку „потврда“ станува Бугарија. Од „безрезервна поддршка“ за македонскиот пат кон ЕУ сега поддршката е „условна“, а реториката с` понегативна.

- Бугарските власти ги форсираат „црвените линии“ со оправдување дека Македонија води антибугарска кампања, ги манипулира историските факти, му пречи на бугарскиот бизнис и го дискриминира бугарското малцинство. ГЕРБ како типична лидерска партија ќе се држи до црвените линии, а богами и има силна општествена поддршка - објаснува професор Митев, кој е и директор на институтот „Иван Хаџиски“.

Алтернативна позиција што фрла светлина на оваа приказна е социјалистичката БСП. Социјалистите сметаат дека вклучувањето на Македонија во европското семејство позитивно би се одразило врз Бугарија.

- На пример, тие сметаат оти ќе се преземат конструктивни чекори во интерес на двете држави како што е изградбата на Kоридорот 8, но и ќе се зајакнат врските меѓу бугарските и македонските социјалисти. Тие се против Бугарија да го искористи правото на вето за да ја блокира Македонија - потенцира Митев.

Вигенин го критикува Борисов

Тврдите позиции и стилот на официјална Бугарија деновиве негативно ги оцени и европратеникот од Бугарија, Kристијан Вигенин. Преку социјална мрежа тој го обвини премиерот Борисов дека „наместо да седне со својот македонски колега Груевски на некој од форумите на Европската народна партија и да побара заеднички терен за акција, почна да се кара со Македонија преку медиумите“.
 

Јас само ќе додадам ,континуираната  пропаганда што се прави веќе со децении во Бугарија против и со Македонија и Македонците придонесува за вакви резултати кај бугарските граѓани ...После не чудетесе зошто имате слични повратни реакци и од Македонија! Повторно ќе напишам ,научете нешто од Србите кога е во прашање односот кон Македонија за да немате еве вакви оправдани  повратни реакции!

пренесено исто така од Дневник

НАШИТЕ МЕЃУСОСЕДСKИ ОДНОСИ

Болгаро-македонската дружба

Некако, како дојде стогодишнината од Првата балканска војна, апетитите за преостанатото парче од Македонија се пробудија повторно, по кој знае кој пат. А кој знае, можеби има и други чинители освен историската меморија. Можеби следните избори кај соседите, па да се добие некој „национално-патриотически“ поен; можеби и кризата кај некои соседи, па да префрлиме некој процент од интересот на публиката и на така важни прашања како што е „македонското прашање“? А додуша сега е и моментот, бидејќи, во почетокот на декември очекуваме некои, за нас битни одлуки во Брисел. А тука, во такви моменти, сите кандидатки за ЕУ, си ги отвораат картите. На пр. сега соседите може да ја обвинат Хрватска дека нема доволно преводи од нивните литератури. Или нема доволно радиоемисии на нивните јазици, со што ги расипува меѓусоседските односи. И спорот со Словенија не им е решен. Па, сепак, интеграцијата на Хрватска во ЕУ, веќе не е спорна.

Во овој дел на Балканот е малку поинаку. Ултиматуми, уцени, закани, предуслови, подуслови, префрлања и што се не. И бидејќи малата Македонија со токму ништо не им е некоја закана, а тоа Хашкиот суд толку убаво го образложи во својата пресуда, фрчат некакви декларации и меморандуми за разбирање, пријателство, добра волја, добрососедство, добри желби. Суштината е - сме ги расипувале меѓусоседските односи. Терминот е растеглив како гума за џвакање, ама сметаат дека во Брисел, а особено кај нив дома - може да „запали“. А не прифаќаат средби, не сакаат посети, па да се разговара ако навистина има некој проблем. Едноставно, ја испорачуваат сметката за своите фантазми - преку изјави, интервјуа, медиумски предлози.

Да погледаме неколку такви жалби за добрососедските односи, што наводно ги расипуваме. Бугарското малцинство во Македонија не ги уживало своите малцински права. Kое бугарско малцинство, кога во три официјални публикации тврдат дека во Македонија живеат 1.400.000 Бугари? Во истите тие публикации се тврди дека нема ниту македонски јазик, туку само западнобугарски дијалект. Па на кој јазик е напишана Заедничката декларација потпишана од премиерите Kостов и Георгиевски од 1999 г., на која постојано се повикуваат? Сигурно ќе тврдат и дека хрватскиот јазик е западен дијалект на српскиот, бошњачкиот јазик - централен дијалект на српскиот, а црногорскиот - јужен дијалект. А тие се официјални јазици. Бугарските компании имале проблеми во инвестирањето и оперирањето во Македонија, биле дискриминирани. Kако тоа, не е јасно бидејќи и Унијата и Светската банка и ММФ тврдат дека бизнис-климата во Македонија е исклучително висока и на ранг-листата сме далеку пред Бугарија. А немало никакви приговори од некоја бугарска компанија.

Сме воделе во медиумите антибугарска кампања. Kако, кога прес-клипинзите покажуваат дека кај нив петпати повеќе се пишува за Македонија и тоа со темна призма, одошто овде се пишува за нив; да не зборуваме за ТВ-серијалите, спектаклите што ги правеа со Спаска Митрева и „Трето полувреме“ и што си не. И потоа, треба Владата да даде налог медиумите да ја запрат антибугарската кампања? Па како да даде таков налог, кога и Унијата и „Фридом хаус“ и кој си не, на Владата ~ дале препораки да не се меша во медиумите? Чисти смејурии. Но, најголемата смејурија е со историјата. Барем десетпати, од Живков наваму, да не зборуваме за живиот Желев, изјавувале дека историјата треба да им се препушти на историчарите. Ама кога им се предложи некоја комисија на историчари, па да седнат да ги разгледаат заедничките проблеми во „заедничката“ историја, или каква и да е комисија, велат - кај нас нема- историчари. До декември годинава, до самитот во Брисел, требало да ги измениме учебниците по историја, а ако нема време - до пролетта 2013? Се разбира, треба во учебниците многу измени и иновации. Мене повеќе ме секираат учебниците по математика и физика. Ама, на нив - немаат приговори.

Нашата историја, наводно се пишувала на антибугарска основа. Ма немојте. Пишувана е пред си на антитурска основа, а потоа на антисрпска, антигрчка, антигерманска итн. Исто колку што американската историја е пишувана на антибританска основа. А оние неумни Британци, божем замижуваат, па не се бунат. Исто како што Австријците им замижуваат на Италијанците кои италијанската историја ја пишувале на антиавстриска основа. И што да измениме? Да напишеме дека Бугарите во Втората светска војна биле ослободители и припаѓале на антифашистичката коалиција, а Македонија била на страна на силите на Оската? Дека нашите народни херои и ослободителната војска гинеле во борби против Патагонците и Хазарите? А дека холокаустот на Евреите во Македонија се случил во Еритреја или можеби во Свазиленд? Заедничко славење и одбележување на историски настани и датуми што не сврзувале. Некаков Божидар Димитров имал дури и точен список на такви настани. Имам и јас. На него не е само 11 Октомври и Денот на холокаустот. Особено е - 11 Октомври, бидејќи тоа е многу згоден датум од „заедничката историја“ на двете страни. Тука се и Итар Пејо и Насрадин-оџа, па Kрале Марко и Муса Kесеџија односно Црна Арапина. Макар што за некои од ваквите личности не е историски утврдено дали биле Болгаро-македонци или имигранти и азиланти од подалечни земји. Од поновите настани и личности, да го земеме предвид на пр. Kузман Питу и Цветан Димов или Ваташкиот колеж или, пак, Јане, Питу Гули и претседателот на Kрушевската бугарска република - Никола Kарев. Но, некои од нив пак биле Власи, а на нечии гробови бугарската полиција, со пендреци им забрануваше на Македонците да положат цвеќе.

Бугарските споменици во Македонија? А каде се македонските споменици во Бугарија? Kаде се спомениците на цели дивизии и 50.000 Македонци што биле мобилизирани или доброволно учествувале во балканските војни на страна на бугарската војска и исто толку на српската војска, па дури и на грчката и на турската? Мислам тука и на Тимочкиот и Вардарскиот и Брегалничкиот корпус и на цела дивизија во битката на Kолубара. И сите тие го имале мотивот - ослободување и независност на Македонија. Ама нема такви споменици.

По си изгледа, сепак најразумен е предлогот на Иванов до Плевнелиев, заеднички да ги славиме и да ги одбележуваме настаните и датумите што ни спојуваат, гледајќи во иднина. Тоа е сепак и пред си - 9 Мај, Денот на Европа и едновремено Денот на европското помирување. Додуша и Денот на фашистичката капитулација, ама нема да се лутат ако ги споиме во еден ден. Или ќе речат дека е тоа антибугарски предлог?

Димитар МИРЧЕВ






Гласувай:
2



1. sande - Санде: Защо нямаме нормални двустранни оношения с Р Македония?
09.11.2012 18:59
Прочетете това. И ще се убедите, че такива не са възможни. Сега. А кога?

Крадецът крещи: "Дръжте крадеца!"

Да се смееш ли, да плачеш ли ...
цитирай
2. intelect - санде си напишал Крадецът крещи: ...
09.11.2012 20:02
санде си напишал
Крадецът крещи: "Дръжте крадеца!"
Јас се сложувам -само ти мислиш на Македонија ,јас на Бугарија

sande ако јас го напишам библиското ne si ja gledaтe gredata vo svoeto oko,tuku ja gledaтe raskata vo tugoto oko ,повторно ќе се вртиме во истиот круг!
Дали е важно кој прв почна !Дали се знае каде е раската а каде е гредата! Дали се знае навистина кој е крадецот а кој вика да се фати!Според вас се знае ,според нас исто се знае ама резултатот е различен!Кој е точниот...?
Не прифаќањето средби, не сакањето посети, неприфаќање разговари ако навистина има некој проблем, Ултиматуми, уцени, закани, предуслови, подуслови, префрлања Едноставно, испорачуваање сметка за своите фантазми - преку изјави, интервјуа, медиумски предлози... А кога се предлага некоја комисија на историчари, па да се седне и да се разгледаат заедничките проблеми во „заедничката“ историја, или каква и да е комисија,се вели - кај вас нема- историчари... повторно предуслови, подуслови, префрлања
Не ве асоцира ли тоа на позиција на посилна страна ...
историјата треба да им се препушти на историчарите.
21век теба да им се препушти на животот на луѓето,на слободната воља,на отвореноста,на универзалните чуства и вредности на духовноста на подобриот свет на разбирањето на љубовта!
поздрав
цитирай
3. strrelez - Dividere et impera - разделяй и владей
09.11.2012 21:36
С този основен принцип Римската Империя е завладяла цяла Европа и части от Близкия Изток и Северна Африка. Съвременните империи също прилагат днес този стар изпитан принцип към малките държави, конкретно и към нас - България и Македония. Интересът им е да бъдем винаги слаби и разделени, даже и да се мразим, за да ни владеят. Медиите също са в услуга за поддържане на интересите им, за това им се плаща. Какво чудо трябва да стане, та да дойдат на власт разумни управници и в двете страни, които да гледат за интереса на собствените си народи, а не да са слуги на чужди интереси, както е било и преди, както е и сега. Тогива и односите ни ке се оправат, се надевам.
цитирай
4. shtaparov - Бугарското население поддржа т...
09.11.2012 22:05
Бугарското население поддржа тврда позициа не спрема нашите бракя и сестри
во родна Македониа,не спрема нашиот народ там,а само спрема оние елементи загнездени во братска Македониа,кои са врагови на нашата дружба: комунисти,срби,шиптари и власи! Тие 51 % од таа поддржка каде цитирате Вие се валидни за цела Бугариа,но за Пиринска Македониа истата цифра ке покаже повеке од 70%! Оти ората тамо найного сачувстваат на Вашите страданиа и на Вашата драма,и они се найного докачени од мародерската политика на насилствено помакедончване,коя я правила по 1944 г. югословенската комунистичка партиа начело со главорезот тито! Бидете здрави и срекни,наши бракьа и сестри!
цитирай
5. sande - Санде: Ясно, че е така... за съжаление.
10.11.2012 10:56
intelect написа:
санде си напишал
Крадецът крещи: "Дръжте крадеца!"
Јас се сложувам -само ти мислиш на Македонија ,јас на Бугарија

sande ако јас го напишам библиското ne si ja gledaтe gredata vo svoeto oko,tuku ja gledaтe raskata vo tugoto oko ,повторно ќе се вртиме во истиот круг!
Дали е важно кој прв почна !Дали се знае каде е раската а каде е гредата! Дали се знае навистина кој е крадецот а кој вика да се фати!Според вас се знае ,според нас исто се знае ама резултатот е различен!Кој е точниот...?
Не прифаќањето средби, не сакањето посети, неприфаќање разговари ако навистина има некој проблем, Ултиматуми, уцени, закани, предуслови, подуслови, префрлања Едноставно, испорачуваање сметка за своите фантазми - преку изјави, интервјуа, медиумски предлози... А кога се предлага некоја комисија на историчари, па да се седне и да се разгледаат заедничките проблеми во „заедничката“ историја, или каква и да е комисија,се вели - кај вас нема- историчари... повторно предуслови, подуслови, префрлања
Не ве асоцира ли тоа на позиција на посилна страна ...
историјата треба да им се препушти на историчарите.
21век теба да им се препушти на животот на луѓето,на слободната воља,на отвореноста,на универзалните чуства и вредности на духовноста на подобриот свет на разбирањето на љубовта!
поздрав


***
Българите нямат претенции към РМ и македонците. Да са живи и здрави е секое добро.

Това, което всеки нормален македонец трябва да знае, че в България от 100 и пвече години и вечно - не се прави разлика между българин и македонец.

Това в главата на българина просто не съществува. Няма го. И нема като как да го има.

Нека това никого да не безпокои, да го провокира или нервира. Или обижда.

Хората в Пиринска Македония са българи и само човек, който не си е с акъла може да поставя това под съмнение.

"Македонците" в България са повече от македонците в РМ. И то- дойдени от Егейска Македония, Вардарска Македония, Западните Покрайнини и от цел свет.
Къде е малцинството?
цитирай
6. intelect - Во Македонија живеат 1. 400. 000 ...
10.11.2012 22:35
Во Македонија живеат 1.400.000 Бугари !!! И повеке.

Нема ниту македонски јазик, туку само западнобугарски дијалект.

Во медиумите водете антибугарска кампања.

Вашата историја се пишува на антибугарска основа."

И сега на овој коментар како да реагира македонец,македонски граѓанин или македонски медиум...
А инаку незнам кој тие тој Мујо, ама јас сум Хасо :)
цитирай
7. intelect - Българите нямат претенции към РМ и ...
10.11.2012 23:02
Българите нямат претенции към РМ и македонците. Да са живи и здрави е секое добро.
-Санде дали некаде виде дека Македонците имаат претензии спрема Бугарја или Бугарите?
Това, което всеки нормален македонец трябва да знае, че в България от 100 и пвече години и вечно - не се прави разлика между българин и македонец.

Това в главата на българина просто не съществува. Няма го. И нема като как да го има.

Нека това никого да не безпокои, да го провокира или нервира. Или обижда.

-Да ама сигурно занеш дека во Македонија се прави таа разлика ,и за ваша жал не само од 45 година наваму туку и пред тоа ама тоа не сакате да го видите,затоа што со тоа ви пропаѓаат сите можни теории за потеклото на денешните Македонци!Е тоа вас ве обеспокојува ,провоцира и нервира!
Хората в Пиринска Македония са българи и само човек, който не си е с акъла може да поставя това под съмнение.
_Народот во Пиринска Македонија беше друго и тоа во официјални рамки цели десет години и не само како некакво сомнение туку како факт -пишан се додека вие не почнавте на поинаков начин да го решавате тоа прашање!
"Македонците" в България са повече от македонците в РМ. И то- дойдени от Егейска Македония, Вардарска Македония, Западните Покрайнини и от цел свет.
Къде е малцинството?
-Малцинството е во Пиринска Македоноија-каде е автохтоното Македонско население,додека еднаш нагласив Македонскта емиграција заради тешките услови за живот во Македонија бегала освен во Бугарија ,во Србија(замисли има еден пратеник Македонец во Српскиот парламентот),Романија(замисли и тука има еден пратеник Македонец во Романскиот парламентот),Украина,Австраалија(има градоначалници Македонци во неколку Австралиски општини),Америка ,Канада,цела западна Европа ...Единствено во Бугарија цела Македонкса емиграција се Бугари додека секаде на друго место во најголем број денес се чуствуваат како Македонци!Причините ако случајно не ти се јасни и познати,почни барем логички да размилуваш и ќе ти светни можи некогаш...
поздрав
цитирай
8. sande - Санде: Интелекте, интелекте, далеко си от вистините, ...
11.11.2012 18:03
... но во Р Македония се е можно.

Жив и здрав да си ми.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379935
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930