Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.11.2012 01:32 - Односот на Бугарија и Србија кон Македонија
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1365 Коментари: 4 Гласове:
-2



Додека од минатонеделната посета на Србскиот претседател и премиер на Македонија произлегоа вакви изјави:

Двете држави ги врзуваат многу заеднички работи и интереси и мислам дека треба сите проблеми да се решаваат со преговори. Македонија и Србија се две пријателски земји и два пријателска народи и апсолутно ни е во интерес да се отстрануваат сите спорни прашања, вели Дачиќ. Во секој случај сакаме сите прашања да се решаваат договорно!

Новоизбраниот српски претседател, Томислав Николиќ и нуди на Македонија решение за излез од деценискиот спор МПЦ-СПЦ, со цел црковното прашање да не ги оптоварува добрососедските односи меѓу Белград и Скопје. -Јас предлагам да седнеме и да разговараме. За се!

Вчерашните и  денешните Бугарски изјави

изгледаа вака:
 

Бугарскиот претседател Росен Плевневалиев вчера му пренесе на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на средбата во Софија, дека во Македонија се забележува тренд на националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните од бугарска самосвест и ставање на админстративна бариера за бугарскиот бизнис.

Бугарскиот претседател не планира да ја продолжи писмената коресподенцијата со македонскиот колега и иако го прочитал писмото од својот македонски колега Ѓорѓе Иванов, смета дека е време во односите меѓу Скопје и Софија да се премине на конкретни солуции за отворените прашања,
- Зборовите треба да бидат преточени во решенија. И нека ја запаметат мојата порака. Само по делата, а не по писмата ќе судиме. Дела за добрососедство - порачал Плевнелиев. 

И сега ако направите споредба помеѓу Србските и Бугарските изјави ...многу добро ќе видите зошто Македонците ви се далеку од браќа,па и ако сакате зошто поблиску им се Србите!!!
Во некои од моите коментари ,нагласив во однос на Македонија ништо не научивте од Србите и затоа имате такви резултати какви што имате!
Најверојатно тоа и го поскаувате!!!Ако желбата беше поинаква и однесувањето ќе беше поинакво!
А да ви биде појасно како Македонија се однесува на Србските и Бугарските понуди за заедничко празнување на некои празници еве ги и Македонските изјави
-За Србија ВМРО-ДПМНЕ смета дека  прославата кај споменикот Забрњак е прослава на Република Србија, по повод 100-годишнината од победата на Србија над Османлиското царство. Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, , не го смета овој чин за симбол, кој со што било треба да го прославуваат Македонците. За Бугарија

Македонија е подготвена да разговара за сите отворени прашања со сите соседи и сакаме да најдеме решение за проблемите. Се согласувам со изјавата на бугарскиот претседател дека потребни се дела. Се надевам дека тоа ќе го направиме на некоја идна средба, а не преку медиумите. Не очекува заедничка иднина и сакаме сите да придонесеме да бидеме дел од неа, изјави шефот на државата Ѓорге Иванов !

 

За обвинувањата од бугарските власти за нарушување на добрососедските односи од Македонија и дискриминаторски однос кон граѓани кои се чуствуваат како Бугари, Попоски оцени дека не ја одразуваат реалноста, бидејќи вели, нема ниту еден конретен пример што би можел да ги поткрепи таквите тврдења на официјална Софија.

- Таквата оцена не ја одразува реалноста.  Она што е конкретно се изјавите кои константно ги имаме, климата која константно ја создаваме е градењето на добрососедски односи на еден суштински начин. Мислам дека дефиницијата за добрососедство е искреност во односите. Ние сме исклучително искрени во односите во однос на градење добри односи со сите наши соседи. Тоа е највисок приоритет и во една таква клима мислиме дека треба да се градат односите од аспект на заедничката иднина, која очекуваме да ја имаме во рамки на ЕУ, изјави министерот Попоски.

Од горните изјави можете да видите  каков е односот на Србија спрема Македонија,каков е односот на Бугарија спрема Македонија!
Каков е одговорот на Македонија спрема Србија и каков е одговорот на Македонија спрема Бугарија!

Ако објективо процените ,суштински ќе ви се разјаснат кој колку сака кој кого сака,и кој што сака!
поздрав










Гласувай:
1



Следващ постинг
Предишен постинг

1. intelect - Убеден сум дека можеме да вложиме ...
02.11.2012 21:02
Убеден сум дека можеме да вложиме уште повеќе напор во зајакнувањето на европската димензија и добрососедските односи помеѓу нашите две земји, а тоа можеме да го постигнеме почитувајќи ги меѓусебните чувствителности, му напиша министерот за надворешни работи Никола Попоски на својот бугарски колега Николај Младенов.
Како што информира МНР na Македонија , министерот за надворешни работи Попоски во писмото истакнал дека е задоволен од постигнатото ниво на соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Согласувајќи се дека историјата треба да им се остави на историчарите, тој предложил формирање заедничка комисија на историчари за разгледување историски прашања, што ќе претставува чекор напред во унапредувањето на односите меѓу Македонија и Бугарија.

На шефот на бугарската дипломатија Попоски му предложол и заемно посветување на меѓуграничната соработка заради поврзување и заедничка иднина на граѓаните од двете земји.

- Инвестирањето во меѓуграничната инфраструктура претставува инвестиција во подобра иднина и подобри соседски односи во европски контекст. Тоа го очекуваат граѓаните на двете страни од границата, пишува Попоски во писмото. Притоа посочува дека Република Македонија годинава потпиша договор со ЕБРД за финансирање на проектот за реконструкција на Коридорот 8, што ги поврзува двете земји, а од македонска страна инфраструктурно целосно е уреден новиот граничен премин Клепало, што би требало да ги поврзе Берово и Струмјани и да ја олесни комуникацијата на граѓаните од овој регион.

- Од стратешки интерес на регионот е тој целосно да биде интегриран во евроатлантските структури. Вашата поддршка во овој контекст е од исклучително значење за нас. Нашите две земји споделуваат заедничка визија, пишува Попоски, потенцирајќи дека Република Македонија очекува погласна поддршка од Бугарија по објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија и препораката за почеток на преговорите со Европската унија.

На крајот од писмото Попоски го поканил Младенов да ја посети Македонија и заедно да дискутираат за европска агенда на нашата држава и да продолжат да ги унапредуваат добрососедските односи.
цитирай
2. intelect - Засилената остра реторика од ст...
02.11.2012 21:03
Засилената остра реторика од страна на Бугарија е пред се поради тоа, што постои можност за омекнување на односите на Македонија со Грција, околу меморандумот кој треба да биде потпишан и тоа би значело практично одпочнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ- смета Инес Сабалиќ незвисен експерт и долгогодишен познавач на Балканските политички прилики.

“Тој чекор во моментов е малку по реален, можноста за одпочннување на преговрите е пореален одколку што било кога во изминативе четири години стоење во место. Во тој момет кога една земја е блиску до преговорите, другите земји, скокаат, да речеме да се пазарат, бараат нешто за лична корист“

“На Бугарија во моментов и треба нешто да го отргне вниманието од сопствениот проблем, или да има нешто за пазарење. Тие ќе речат “во ред, ќе бидеме попустливи спрема Македонија , ќе ја одстраниме нашата резерва, доколку бидете попустливи во врска со нашите судии во Уставниот суд и ако бидете благонаклони спрема нашиот влез во Шенген зоната“.

Во овој случај листата на барања на премиерот Борисов за подобрување на добрососедските односи,слаавење на заеднички празници се обична фарса смета Сабалиќ. Според неа, Софија во моментов има два проблема. Првиот се судиите избрани на не парламентарен начин, а вториот клучен момент е влезот на Шенген зоната. Одлуката на ЕУ за држење на Бугарија надвор од Шенген зоната е пред се поради силното влијание на оргнизираниот криминал во оваа држава. Доколку Борисов не успее да го извлече овој поен , тоа ке биде негов политички пад.

Сепак забелешките на Бугарија за Македонија не наидоа на согласност кај еврокомесарот за проширување Стефан Фуле, кој на средбата со бугарскиот преседател Плевнелиев во Софија, јасно истакна дека проблемите од минатото можат да се надминат само со интегрирање на Македонија во Европската Унија.
цитирай
3. shtaparov - Бугарите и "македонците&...
09.11.2012 21:05
Бугарите и "македонците" се бракя,и таа вредна граница мегьу нив треба да се маане колко може по-брзо! Таа изкуствена граница минува през живата снага на нашата мила родна страна,таа ни я туриле великите сили и наша задача е да се обединуваме а не да се делиме! Да живе дружбата мегьу Бугариа и Македониа,доле нашите врагове: срби,грци,шиптари,комунисти,власи,цигани и други вакви елементи,каде пречат на соединението,кое ке направи нашата сила!!! Здраве и срекя за сите наши во цела Македониа!!!
цитирай
4. sande - Поздрави, Интелекте!
21.11.2012 18:09
Абе кажи нещо за изявата на Гюнер Исмаил от СДСМ.

Како беше пренесено овде во българските медиуми Гюнер изявил дека СДСМ като дойде на власт одмах ке сруши сите дивоградби на центарот на Скопие и на пръво место монументот на Александър Македонски и на татко му Филип, а и на останатите.

Не са убави тие работи. Един гради, друг сака да руши.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 381948
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930