Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
28.10.2012 21:39 - Србија празнува во Македонија
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1484 Коментари: 5 Гласове:
-1


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
Ме интересира како гледа бугарската јавност на неколку дневната посета на Српскиот претседател на Македонија и неговото и присуството и присуството  на српскиот премиер на  денешното одбележување на 100-годишнината од Кумановската битка! Мало појаснување се работи за одбележување на  првата балканска војна кога Србската војска извојувала победа над Турската и според нив ја ослободила Македонија од Турското ропство.Настанот се случил во денешната Кумановска општина старо Нагоричане -Зебрњак каде Србите изградиле грандиозен споменик ,а истиот го срушиле Бугарите за време на втората светска војна
-еве  од каква големина е настанот според Српските меиуми

Најзначајнија битка Првог балканског рата одиграла се у Кумановској долини 23. и 24. октобра 1912. године, а српска војска победила је тада надмоћније трупе Отоманске империје и после више од пет векова донела слободу старим средњовековним српским областима.

Споменик кумановским јунацима, првобитно висок више од 48 метара, дело је српског архитекте Момира Коруновића. Подигнут је 1937. године, а пет година касније су га већим делом уништиле бугарске окупационе трупе.

У крипти споменика положени су посмртни остаци 723 српска јунака, страдала у Кумановској бици. )


А Еве ви еден дел од текстови и нивните линкови од Македонските медиуми за посетата и за Македонската реакција на таа посета!


http://denesen.mk/web/2012/10/28/srpskiot-pretsedatel-nikolik-na-odbelezuvanjeto-na-100-godisninata-od-kumanovskata-bitka/

Претседателот нa Република Србија Томислав Николиќ денеска присуствуваше на одбележувањето на 100-годишнината од Кумановската битка пред споменикот Зебрњак, во кумановската општина Старо Нагоричане.

 

- Денеска од Зебрњак, Србија и Македонија испраќаат порака за мир, соработка и разбирање на регионот и светот, рече Николиќ, заблагодарувајќи им се на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и на премиерот Никола Груевски за можноста за одбележување на овој историски настан, кој е од витално значење за Србија.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ одговарајќи на новинарко прашање дали ќе се приклучи на идејата на претседателот на Србија за решавање на спорот помеѓу МПЦ и СПЦ, рече дека Македонија и Србија имаат заеднички интереси.

- Двете држави ги врзуваат многу заеднички работи и интереси и мислам дека треба сите проблеми да се решаваат со преговори. Македонија и Србија се две пријателски земји и два пријателска народи и апсолутно ни е во интерес да се отстрануваат сите спорни прашања, вели Дачиќ.

Тој одговараше и на новинарско  прашање за можна прослава на 2-ри август во Прохор Пчињски, при што истакна дека Владата на Србија постои само три месеци.

- Во секој случај сакаме сите прашања да се решаваат договорно, па така и прашањето за одбележување на Илинден наредната година. Многу е битно што денеска е одржана оваа прослава и што е во организација и во договор со македонската Влада и тоа е многу позитивно, изјави Дачиќ по прославата.

На денешната прослава во Зебрњак присуствуваа високи делегации од Србија, како и македонскаат министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Церемонијата започна со интонирање на македонската и српската химна. Бројни делегации положија венци на споменикот, а прославата опфати и културно-уметничка програма


http://denesen.mk/web/2012/10/18/nikolik-bara-sloboda-za-jovan-tomos-za-mpc/

Српскиот Претседател, Томислав Николиќ тврди дека може да го реши деценискиот спор меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква, доколу двете држави седнат на заедничка маса и отворено разговараат, јави вечерва Телевизија Сител. 

 Томо Николиќ со делегација на ПОА, на Јован Врнишковски во Белград

Новоизбраниот српски претседател, Томислав Николиќ и нуди на Македонија решение за излез од деценискиот спор МПЦ-СПЦ, со цел црковното прашање да не ги оптоварува добрососедските односи меѓу Белград и Скопје. Во интервју за ТВ. Сител, Николиќ бара Претседателот, Ѓорге Иванов да го амнестира Јован Врнишковски, а за возврат, Николиќ гарантира дека ќе издејствува признавање на МПЦ од страна на Српската православна црква.  Тврди дека  тој е гаранција оти до договор може да се дојде, само ако Македонија и Србија, како држави, а не црквите,  седнат отворено да разговараат. Прогон и асенње на Јован и на неговите владици, не е патот до решение, потенцира Николиќ.

-Јас предлагам да седнеме и да разговараме. За се! За тоа каков е одност на Македонија кон СПЦ, каков е односот на СПЦ кон Македонија. За тоа што е Македонската православна црква и како може да биде тоа што сака да биде. Јас ви велам, дека јас сето тоа можам да го завршам, ако сакаат да разговараат со мене и да се спушти топката. А, ако не сакаат, тогаш тој проблем никогаш нема да се реши, вели српскиот Претседател.

На оваа понуда од Николиќ, вечерва се уште нема никаква реакција, ниту од Синодот на МПЦ, ниту пак од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов. Верските аналитичари коментираат дека ова што Николиќ го нуди, може да биде добра основа за разговори, но од друга страна ќе значи и инволвирање на државата во црковни прашања.

-Тоа е еден сосема нов пристап кон ова прашање. Досегашниот став и на македонските, но и на српските власти беше дека спорот МПЦ-СПЦ е црковен, и дека државите не треба да се инволвираат, туку дека решението треба да го бараат владиците. Е сега, со оглед дека и во Македонија, но и во Србија, црквите се под прилично влијание на властите, можеби еден сериозен дијалог на државно ниво, може да доведе до некакво решение, коментираат верските аналитичари.

Николиќ, во интервјуто тврди дека сите чекори што досега биле повлечени од двете страни  не довеле до резултат, а особено погрешен бил оној за прогон на припадниците на ПОА, за кои тој вели дека се Македонци, кои и припаѓаат на Српската Црква.

-Македонија не успеа да го реши тој проблем. Можеби немаше соговорници во Србија. Денес има соговорник во Србија, со кој тој проблем може да се реши. Тој соговорник сум Јас! Доволно ја почитувам СПЦ и доволно ме почитуваат луѓето во СПЦ и тој проблем можеме да го решиме, децидно убедува, Николиќ.

Спорот МПЦ-СПЦ трае точно 45 години, кога во 1967, тогашниот Синод на Црковно-народен собор, одлучил автономијата што ја имале да ја издигнат на ниво на Автокефална црква. Оттогаш, православните цркви не го признават тој статус на МПЦ. Изминативе четори децении се водеа разговори на ниво на делегации, меѓу МПЦ и СПЦ, а најинтензивни беа по осамостојувањето на Македонија. Најблиску до договр двете цркви беа по разговорите во Калишта, а потоа во 2002 по Нишкиот Договор. Првиот договор го отфрли, СПЦ, вториот МПЦ. По што Српските архиереи, под влијание на радикалното крило во патријаршијата во Белград, одлучија да создадат паралелна црковна ерархија, на чело со дотогаш, повардарскиот митрополит, Јован.




http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=98239
Српските лидери прославија 100 години од Кумановската битка

Српските највисоки функционери денеска пристигнаа и прославија на местото каде што пред сто години на македонска територија се судрија старите и новите окупатори на македонскиот народ.

   
Река револтирани и измалтретирани граѓани се спушташе од брдото Зебрњак крај Куманово за да си оди дома откако поради лошата организација и петте километри што требаше да се изодат само во еден правец пеш, не стигнаа да го чујат говорот на српскиот претседател Томислав Николиќ или пак да видат дел од културно -уметничката програма. А ги имаше од Србија и од цела Македонија.

„Зашто викаат граѓани и манифестацијата ја претставуваат како народен собир, а не ни дозволуваат да отидеме на споменикот“, реагираа гостите, на кој се одбележуваше стогодишнината од кумановската битка со која конечно била поразена османлиската војска и во која загинале многу српски и македонски војници.

Добар дел од граѓаните присутни на прославата не можеа да се приближат до споменикот поради носењето на делегациите. Тоа што никој не ги известил дека превозните средства ќе треба да ги остават неколку километри на страна, направија да задоцнат на чествувањето. Некои од нив знаеја за поводот некои не.

На свеченоста се обрати српскиот претседател Николиќ кој говореше за заедничкиот српско - македонски подвиг од пред еден век и за заедничката визија во периодот што следи, прогрес и членство во евроатланските структури.

„Сакам пред се да им се заблагодарам на нашите македонски пријатели, на претседателот Ѓорѓе Иванов и на премиерот Никола Груевски на можноста да го одбележиме овој историски настан што е од витален интерес за Република Србија. Одбележувањето на стогодишнината од Кумановската битка е и порака на мирот, на соработката и разбирањето која Србија и Македонија му ја испраќаат на регионот и на целиот свет. Зебрњак е место кое не спојува“, рече Томислав Николиќ - претседател на Р. Србија.

Покрај српскиот претседател Николиќ, на свеченоста присуствуваше и премиерот Ивица Дачиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, а од македонска страна министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ. Од своја страна премиерот Дачиќ прашан дали в година ќе и биде дозволено на Македонија да го прослави првото заседание на АСНОМ на Прохор Пчињски, одговори дека српската влада сака сите прашања со Македонија да се решаваат по пат на договор. Тоа што македонските власти дозволија да ја прославиме сто годишнината од Кумановската битка, можам да кажам дека е многу позитивно- одговори српскиот премиер.

http://www.time.mk/read/9660fab05f/8d866bc2f0/index.html Историчарите и Николиќ во војна за Балканската вистина
Провокација – тоа за македонските историчари преставува изјавата на српскиот претседател Николиќ дека Македонија почнала да се ослободува за време на Балканските војни кога српската војска влегува на македонска територија. Историската лекција на Николиќ ја слушнаа новинарите на приемот во српската амбасада во Скопје.

Токму 100 годишнината од Балканските војни беше тема на историскиот симпозиум во Струмица. Таму историчарите не го коментирале политичкиот аспект на изјавата на Николиќ која е дадена два дена пред одбележувањето на 100 години од први на српската армија во Македонија, но за Алфа ги пренесуваат историските факти кои се спротивни на тврдењето на српскиот претседател.

Од Скопје пак историските записи за Балканските војни и нивната окупаторска димензија врз македонското население ги пренесува Александар Стојчев. Според него потврда дека Македонија не извојувала слобода, како што зборува Николиќ, е Букурешкиот договор.

Фактите кои ги изнесуваат историчарите се наведени и во весникот Македонски глас, отпечатен на руски јазик во 1913-тата. Таму се напишани неколку меморандуми кои стигале од терен од македонски војници кои напоменувале дека, иако војуваат за други држави на крајот ќе завршат како освоени, а не ослободени.

Николиќ крена прашина со посетата – ја најави со предлoгот да посредува во спорот на МПЦ со СПЦ, ја дополни со час по историја- ја завршува утре со прославата на 100 години од кумановската битка.



http://www.kurir.mk/makedonija/partii/89837-VMRO-DPMNE-Proslavata-na-srpskata-Vlada-kaj-spomenikot-Zabrnjak-e-vo-evropskiot-duh-


ВМРО-ДПМНЕ смета дека денешната прослава кај споменикот Забрњак е прослава на Република Србија, по повод 100-годишнината од победата на Србија над Османлиското царство. Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како што е наведено во соопштението од партијата, не го смета овој чин за симбол, кој со што било треба да го прославуваат Македонците.

 

- Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, единствено се согласи српската Влада достоинствено да го прослави овој, за нив историски чин, на местото на битката кое денес е територија на Република Македонија, заради две работи. Прво, прославата на српската Влада кај споменикот Забрњак е во европскиот дух за градење добрососедски односи со сите соседи, вклучително и со Србија. Само во тој контекст, како почит кон нашиот сосед и градењето добри односи, може да се сфати присуството на македонски политичари на настанот и второ, со овој чин Македонија покажува јасна динстинкција во однос на СПЦ и некои структури кои во минатото ја поддржуваа, а која не дозволуваше влез во манастирот Прохот Пчињски на македонската делегација, со цел одбележување на асномски Илинден, во просторијата каде што се одржал. Тоа што го прави СПЦ е пример како не треба, а тоа што го прави Р. Македонија е пример како треба да се гради заедничката европска иднина. Чинот на постапување на Република Македонија е чин кој се случува во Европа денес во 21-от век, а чинот на СПЦ е чин исто така од Европа, ама од 19-от век, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека ВМРО се бореше и против Османлиското ропство, но и против новите владетели кои победија кај Забрњак. Таквата борба на ВМРО, велат, конечно се круниса преку заседанието на АСНОМ и преку референдумот за независност на 8-ми септември 1991 година, кога се оствари сонот за слободна, независна и самостојна Македонија. - Но, денес сме 21 век и Македонија како слободна и независна држава има пријателски односи и гради соработка и со Република Турција и со Република Србија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


П.С.Баш би сакал да знам како Гледа Бугарија на настанот ,во споредба на Српските и Македонските реакции!
Поздрав



Гласувай:
1



1. sande - Санде: Сръбска уйдурма, немам сборови ...
28.10.2012 21:58
Сръбскиот председател я чита историята както гяволот евангелието.

Велики сръбски народе, целиот Балкан е ваш!

Само що не се е смалила Сръбия до Белградскиот пашалък.
цитирай
2. intelect - Инаку да си кажам лично, јас се сл...
28.10.2012 22:07
Инаку да си кажам лично, јас се сложувам со соопштението на владеачката партија!
цитирай
3. intelect - Ај кога сме кај Србите, надвор од ...
28.10.2012 22:58
Ај кога сме кај Србите ,надвор од темата да ви препорачам да гледате еден многу добар Српски филм...поранешен кандидат за Оскар во кој буквално е пресликана југослловенска(босанска) воена трагедија !
https://www.youtube.com/watch?v=dzAu9o7EZVg
цитирай
4. socialismus - Промяна към реализъм или маневра?
30.10.2012 07:56
intelect вече не търси българското зло. Дано е осъзнал, че България при този демографски проблем не може да усвоява и развива собствената си индустрия и стопанство за да си прави илюзии, че може да усвои и Македония. Демографски проспериращите общности на цигани и турци създават у нас същите проблеми както албанците за братята ни.
Един реалистичен поглед без съмнение е от полза за добросъседските ни отношения.
цитирай
5. shtaparov - Празнува си акало глупав Србиja- ...
15.12.2019 05:51
Празнува си акало глупав Србиja- акало си трси во Вардарска България!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379818
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930