Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
15.09.2012 22:58 - Трето Полувреме
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 2306 Коментари: 10 Гласове:
-1



    Вечерва во Битола започна 33. издание на  Интернационалниот Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, и на фестивалската сцена во секцијата „Македонска панорама“ ќе бидат прикажани 28 македoнски филмови од најновата филмска продукција,меќу кои и толку контраверзниот за Бугарската јавност Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски

На фестивалот, покрај врвната интернационална актерка Кетрин Денев, ќе бидат присутни и повеќе од 300 македонски и 150 странски гости. Ќе бидат присутни над 150 новинари од кои 30 бугарски.

Кога се работи за филмот Трето полувреме мора да се нагласи дека филмот е базиран врз вистинит настан ,документиран преку сведоштвото  на Нета Коен (православно име Марија Младеновска), Еврејка од Скопје, жената што е пресликана во централниот лик - Ребека во филмот „Трето полувреме“. 
Видеото е снимено од екипа на Шоа-фондацијата на Стивен Спилберг и е едно од речиси 52-те илјади интервјуа со преживеани од Холокаустот што ги има снимено фондацијата заради забележување на сведоштвата на преживеаните. Интегралната верзија на сведочењето на Нета Коен под кодот 47.772 постои во архивите на Шоа-фондацијата, во Лос Анџелес.

Режисерот на „Трето полувреме“, Дарко Митревски рече дека филмот не е насочен против никого, туку говори за љубовта, херојството и зборува за обичниот човек од Македонија, за луѓето од Македонија кои во едно бурно историско време ја одбрале вистинската страна.

Но во интервјуто за неделникот Република  Режисерот на македонскиот кандидат за Оскар, „Трето полувреме“ Дарко Митревски ни открива дека  е мета на закани од националистички кругови од соседна Бугарија.

,,Ги боли што токму овој филм го потпишува македонски режисер кој по етничка припадност се чувствува и се изјаснува како Македонец,,

 

 

Во интервју за за неделникот „Република“  кое го пренесува порталот кичево.мк, Митревски изјавил:

image

,,До мене доаѓаат закани веќе една година. Едни ми пишуваат дека ќе ме убијат, други ми праќаат пораки на „Фејсбук“ дека ќе ми го ликвидираат семејството, нивните радикални организации се закануваат дека ќе организираат насилни протести доколку филмот биде прикажан во Бугарија… И што сега? Ништо, се разбира. Секое чудо за три дена. А, дури и да не е така, дури и да бидам физички нападнат – што тогаш? Пак ништо! Филмот ќе си врви, џукелите ќе си лаат. Таа немоќ ги прави многу нервозни. И колку што се понервозни, се погласно лаат. Ама куче што лае, не каса.

,,Гледате на кое ниво се има спуштено таа пропагандна машинерија за која зборував? На ниво на Владимир Перев, михајловистичкиот Џемс Бонд од „Њ“ категорија! Кутра и бедна е таа државна безбедност, која во недостиг од аргументи и од факти мора да ангажира една гадинка од типот на Владимир Перев кој ќе ги пребројува крвните зрна на мојата мајка.

image

Што е следното? Ќе ги пребројуваме мајмуните од моето семејно стебло? Или, пак, филоксерите од неговото? Јас од нивните напади бев прогласуван за комунист, сталинист, удбаш, македонист, југофил, србоман, полусрбин, јудео-масон… ама ниту еднаш не ме именуваа како Македонец. Токму тоа ги боли: што токму овој филм го потпишува македонски режисер кој по етничка припадност се чувствува и се изјаснува како Македонец. А, за таквите како Владимир Перев, историчарите Спас Ташев, Пламен Павлов и Божидар Димитров, политичарите Красимир Каракачанов, Евгениј Кирилов, Андреј Ковачев, Станимир Илчев и сличните на нив – не постојат Македонци. Ние за нив сме Бугари со говорна маана, луѓе од понизок ред, најобични одроди. И еден таков одрод да направи филм што толку многу ќе им го загорчи животот? Стопати подраго и поприфатливо ќе им беше доколку, навистина, бев Србин, Југословен, Рус или, макар, Евреин.

„Трето полувреме“ е базиран на автентичното сведочење на скопската Еврејка Нета Коен за фондацијата „Шоа“ и се заснова на историски факти со кои целиот свет нема проблем. Но, очигледно, некој сака да ја заташка историјата, па во тој обид направи непотрена збрка во која ја остави изолирана самата Бугарија. На проекцијата на филмот за странските амбасадори во Македонија, на која не дојде само бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Митревски открива дека реакциите биле одлични.

....

 









Гласувай:
0



1. intelect - Со долг аплауз и овации, публиката ...
16.09.2012 20:36
Со долг аплауз и овации, публиката во преполниот Центар за култура во Битола синоќа ја награди екипата на „Трето полувреме“ која излезе на сцената по премиерата на филмот.
Режисерот Дарко Митревски рече дека филмот е посветен на Нета Коен и дека идејата е од пред 12 години кога неа ја запознал и му станала инспирација за филм, од чија животна приказна, како што рече, и денес не може да остане емотивно рамнодушен.

- Ми ја раскажа својата животна трагедија, ми раскажа како го загубила своето семејство и ми ја раскажа својата голема победа – како низ нејзината, за она време забранета љубов, продолжила лозата на нејзините предци, рече Митревски.

Филмот го посвети и на 11-те члена на спортскиот клуб „Македонија“, за кои исто така раскажува филмот, на 98 отсто Евреи од Македонија кои во 1943 се убиени во логорот Треблинка, на 20.000 животи загубени во фашизмот во Втора светска војна.
- Да не беа тие луѓе ќе немаше ни фестивал, ќе немаше ни кинематографија, ќе не немаше ниту нас. А ќе ја немаше ни Македонија, рече Митревски.
Дарко Митревски за својот нов игран филм „Трето полувреме“ кој вчера премиерно беше прикажан на отворањето на 33. Фестивал „Браќа Манаки“ рече дека армија луѓе правеа чуда на невозможни начини, понесени од енергијата дека не станува збор за обичен филм и само за филм, туку за приказни на некои неправедно заборавени херои кои ние имаме света задача да и ги пренесеме на пошироката јавност.
...
На филмот му претходеа темелни подготовки – тренинзи во фудбал со инструкции од професионалци. Митревски, меѓу другите, овој филм му го посвети и на Васил Дилев, последниот жив играч од ФК „Македонија“, кој починал три дена пред крајот на снимањето. Филмот е и полиглотски зашто се слушаат неколку јазици - српски, бугарски, германски и ладино (јазик на сефардските Евреи), кој звучи како шпански и е речиси исчезнат од употреба.

На средбата со дел од филмската екипа немаше интерес од бугарски медиуми иако беше најавено нивно присуство на фестивалот поради вознемиреност што филмот уште незавршен ја предизвика кај нив. Прашан дали тоа значи дека по премиерата ќе згаснат и реакциите, режисерот рече дека последен пат ќе одговори на фамата која го заморувала цела година.

- Целта на таа фама не беше да се критикува овој филм, туку целта беше овој филм да не се појави. Се правеа опструкции во Европскиот парламент, обиди кај чешката Влада да ги стопира парите, 11 месеци бев плукан во нивните медиуми и наоѓав делови од интервјуа кои никогаш не сум ги дал, како реченици во кои јас зборувам против бугарскиот народ, нешто што никогаш во животот не би го изговорил. Во таа голема кампања имаше се, освен факти. Не слушнавме никој да проговори со податоци, кои се лесно достапни. За мене таа приказна денес завршува, рече Митревски, покажувајќи куп архивски документи за страната на Бугарија во почетокот на 1940-тите и за тоа по чиј налог биле собрани од своите домови 7.200-те македонски Евреи на 11 март 1943 и депортирани во логорот Треблинка.
цитирай
2. intelect - Бугарите не го гледаа „Трето пол...
17.09.2012 22:13
Бугарите не го гледаа „Трето полувреме“,критикуваа на невидено...

И покрај тензиите што ги подигнаа бугарските медиуми околу содржината на филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, ниту еден бугарски новинар не присуствуваше на премиерата прикажана на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.
...
И сега -Некој го нема прочитано сценариото,го нема гледано филмот,и кога им се укажува шанса да го гледа -врз основа на тоа да коментира.повтроно не го гледа а од друга страна нон стоп дава бесмислена критика за тоа што не го гледал ниту го прочитал!
Очигледен пример како пропагандната Бугарска машинерија ,бесрамно ја лаже Бугарската јавност околу Македонија ,Македонскиот народ и Македонското прашање!И вас ви е убаво,да си живеете гледаќи со розовите очила во лажната Бугарксата национал романтика!
цитирай
3. intelect - http://www. youtube. com/watc...
17.09.2012 22:13
http://www.youtube.com/watch?v=kzr4j-lDiVs&feature=player_embedded

цитирай
4. intelect - Дарко Митревски : „Трето полувр...
17.09.2012 22:15
Дарко Митревски : „Трето полувреме" /The Third Halftime -x/о
http://www.youtube.com/watch?v=kzr4j-lDiVs&feature=player_embedded
цитирай
5. intelect - Молчењето е злато, и многу кажува :) ...
25.09.2012 23:20
Молчењето е злато,и многу кажува :) !
поздрав
цитирай
6. intelect - Конечно го видовме и „Трето полу...
04.10.2012 02:58
Конечно го видовме и „Трето полувреме“. По месеците врева, антибугарски, вмровски, националистички, антиваков, антионаков, првиот впечаток од филмот е – збунувачки. Каде во овој топол и смешен и тажен и пред сѐ силно емотивен филм сите тие луѓе го најдоа сето она што го испоплукаа по разни медиуми, и бугарски и македонски?
Вториот, посмирен и посреден впечаток е – восхитувачки!
Синоќа во киното Милениум видовме еден извонреден производ на македонската филмска школа, производ за кој уште долго ќе се зборува како за еден од нашите најдобри филмови.
Дарко Митревски, во улога и на сценарист и на режисер, целата оваа вистинска приказна за фудбалот и љубовта маестрално ја преточил во навистина величествен споменик на Македонија. Не од историски аспект, најмалку од некаковси измислен политички аспект, туку најмногу од уметнички, од аспект на севкупниот македонски филмски опус. Седум години по „Бал-кан-кан“, Митревски на еден сосема поинаков начин со „Трето полувреме“ создава епско дело, во кое раскажува две македонски приказни – едната е фудбалската, втората е љубовната и трагично-судбинска. Ги раскажува толку мајсторски и емотивно што уште во првите минути од филмот почнувате да се идентификувате со ликовите и да ги доживувате нивните емоции. Кога емотивниот набој на филмското платно резултира со трпки по вашите раце или со солзи во вашите очи, или со смеа што занесено ве обзема, тогаш зборуваме за добра приказна, мајсторска режија и одлични глумци.
Не можете да останете рамнодушни на ликот на Рудолф Шпиц, толку генијално пренесен од Рихард Замел, што на моменти помислувате дека во живо ви ја раскажува сопствената судбина. Било како супериорен германски тренер што воведува дисциплина и мотивираност кај група раскалашени македонски момци, или пак како покорен и уплашен Евреин што се тресе под палката на полковникот Гарванов, Замел толку ве освојува што одвај чекате да се појави во некоја сцена. Не може да не сочувствувате со тажната остарена Ребека, која животот ја погодил толку силно и сурово што обичен човек на нејзино место би се скрил како глувче и би свенал до смрт, а не пак да излезе како победник, како неа. Срцето ви се кине од нејзината болка, одлично пренесена од доајенката Бедија Беговска.
Впечатокот го комплетираат фасцинантните изведби на Емил Рубен, Митко Апостоловски и, се разбира, големиот Раде Шербеџија, фрапантната убавина и зачудувачки добрата глума на дебитантката Катарина Ивановска и спонтаноста и леснотијата со која групата млади македонски глумци ни ги доловуваат ликовите на првите македонски фудбалери. Сашко Коцев, кој за среќа ја доби шансата да го игра главниот лик Коста, се истакнува во тоа. Ѝ се восхитувате на младата Ребека, смелата и елегантна градска убавица, или се гордеете со Коста, Скептик, Африка, Панчо и другите, кои симболизираат едно време на храброст, идејна обединетост и духовни победи.
Предноста што Митревски се јавува и како сценарист и како режисер се гледа во неговото филигранство во преточувањето на оваа приказна во филмски „јазик“, кој лесно го пренесува гледачот од фудбалски натпревар кон ужасите на војната, од забранетата љубов кон стравотиите на егзодусот. Одличната, ненаметлива музика, неспецифична за досегашната филмска работа на Кирил Џајковски, одлично се вклопува во целиот амбиент и заедно со добро водената приказна ве носи во друго време, туѓите емоции ве обземаат како да се лично ваши, спонтано се фаќате себеси како чекате гол како живот да ви зависи од тоа или се плашите од депортација како да сте прво име на списокот.
Така обземен од емотивната сила на „Трето полувреме“, денес, по преспаната ноќ, останувам збунет од неправедните реакции на него.
За Бугарите ми е јасно зошто креваат џева. Бугарија би била најсреќна кога никој никогаш не би се потсетил на приказната за прогонувањето на македонските Евреи. Особено не вака, преку филм што набргу ќе го видат и луѓе надвор од границите на Македонија и ќе видат извонредно занаетски изработена филмска приказна, во која секој дел од комплексот наречен филм функционира светски. На Бугарија тоа не ѝ одговара, па таа невешто се препелка во едногодишните обиди да го дискредитира филмот.
Но навистина не ми е јасно зошто нашите креваат џева. Затоа што „Трето полувреме“ ја слави Македонија? Нејзиниот прв фудбалски клуб? Храброста и доблеста на нејзините први фудбалери? Љубовта, и таа меѓу двајца млади луѓе и таа кон клубот и татковината? Затоа што македонски режисер направил македонско филмско ремек-дело, кое сигурно ќе придонесе уште мал милион луѓе насекаде во светот да слушнат за нас? Затоа што сведочи дека на времето сме можеле да се обединиме, да бидеме храбри? Дека и жената може да дава голови? Затоа што ја содржи реченицата „Македонија – па тоа е свето име“? Па кому би можело да му пречат овие работи?
Ако никој од Македонците што го виделе „Трето полувреме“ и го поганат во своите написи не успеал тука да види една извонредно раскажана и филмувана приказна, ако таа не ги допрела длабоко во стомакот и во душата, ако не им попуштиле солзните вентили, ако не им заиграле срцата, тогаш навистина ми е жал за нив, тие го загубиле човечкото во себе. И сите оние рецензентски клишеа за недоизградени ликови, за неосновани постапки, за слаби актери, или нејасни реплики… очигледно малициозно, интригантски и инструирано пласирани, се резултат на веќе изградени предрасуди. Веројатно најдобриот филм излезен од прстите и камерата на еден македонски филмски автор, за жал, е жртва на нашата долготрајна поделеност на групи и слепо гледање на работите, а реакциите на него се слика на очајот во кој се наоѓаме.
„Трето полувреме“ не е антибугарски филм, не е дел од проектот Скопје 2014, не е владина пропаганда за одбрана на името, туку е топла емотивна приказна за една до болка тажна човечка судбина, за иронијата на животот, за силните емоции предизвикани од фудбалот, од љубовта, од неправдата. Едноставно, се работи за филм што сигурно ќе ги урне сите рекорди на гледаност, филм чија фестивалска кариера допрва претстои и на кој му посакуваме сѐ најдобро. Не за инает на Бугарите, не за инает на сдсмовците или вмровците, туку заради уметноста, заради самите нас и заради конечното исчекорување надвор од духовната беда во која сме заглавени.
Секој што ќе го изгледа филмот ослободен од какви било предрасуди ќе го види само тоа – маестрално уметничко дело што ве удира како емотивен ураган. Ништо друго!
Александар Дамовски
цитирай
7. intelect - http://www. youtube. com/watc...
04.10.2012 16:54
http://www.youtube.com/watch?v=v-A1Nu2rpS0
цитирай
8. intelect - На 1 и на 6 декември во Лос Анџелес ќе ...
29.10.2012 23:15
На 1 и на 6 декември во Лос Анџелес ќе се одржат специјални проекции на филмот „Трето полувреме“ за филмските критичари. Најавите за проекциите на македонскиот кандидат за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје се објавени во угледните американски филмски списанија „Холивуд рипортер“ (The Hollywood Reporter) и Варајети“ (Variety).

Ваквите огласи и проекции се дел од лобирањето кај членовите на Американската филмска академија за да им се сврти вниманието кон одредени кандидати за наградата Оскар. Годинава се кандидирани рекордни 71 филм.
цитирай
9. shtaparov - Доколко се чуе кай назе, "Т...
09.11.2012 22:29
Доколко се чуе кай назе,"Трето полувреме" е пун со глупости и лаги против майка Бугариа,кои разни србокомунисти и власи од Скопие се пробат да ги насадат на населението од Вардарска Бугариа. Затоа таков филм на Македония не й треба,а й треба филм за мракобесните години на српската реокупациа по 1944 г.,кога насилно направиа еден милион Вардарски Бугари на жалки "македзонци"!
цитирай
10. intelect - Бугарите го депортирале, но и му ...
15.01.2013 02:41
Бугарите го депортирале, но и му помогнале да се спаси
http://dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=AD63BFC2FB447C4D9689329C5578E482&arc=1
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379692
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930