Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
03.09.2012 20:45 - Стојан Христов -Буагарин или Македонец
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1235 Коментари: 0 Гласове:
0



Стојан Христов
 

Стојан Христов (15.VIII.1897 - 24.I.1996) е американски писател, новинар, публицицист, политички аналитичар и сенатор на сојузната држава Вермонт од македонско потекло.

Стојан Христов е роден на 15 август 1897 година во селото Кономлади, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. Тешката економско-политичка положба со која се соочува македонскиот народ во Отоманската империја пред Првата балканска војна, ќе предизвика голем број Македонци да заминат на печалба во прекуокеанските земји. Во 1911 година, Стојан Христов како четринаесетгодишник емигрира во САД.

По доаѓањето во САД, Христов работи како физички работник во ложилницата во Сент Луис, а потоа на изградбата на железницата во државите Монтана и Вајоминг. Откако заработува одредена сума на пари заминува за Чикаго, каде посетува вечерни часови по англиски јазик. По неколку месеци се запишува на Универзитетот „Валпараизо“, Индијана. По осумнаесет месеци, Христов ги прекинува студиите и повторно заминува да работи на железницата во Монтана. Таму работи во група со други Македонци и откако заработува доволно средства се враќа на Универзитетот. Студиите кои ги започнал во 1918 година, иако со прекини поради недостаток на средства, успешно ги завршува во 1922 година.

Откако дипломирал, Христов работи како новинар и уредник на неколку весници во Чикаго. Од 1922 до 1925 година работи како уредник на весникот „House Organ“ од Чикаго, а во меѓувреме се стекнува со американско државјанство (1924 г.). Во 1925 година, Христов започнал да работи како новинар во чикашкиот весник „Daily News“, во кој објавува повеќе натписи за емигрантите со кои го привлекува вниманието на јавноста. Како Македонец, Христов посебно се интересирал за политичката состојба во својата татковина, па во периодот од 1927 до 1929 година работи како специјален дописник од Балканот за „Daily News“.

Од 1929 до 1941 година, Христов со прекини работи како слободен писател во Њујорк, а потоа се сели во Вермонт, каде живее се` до крајот на животот. Во меѓувреме, во 1937 година стапува во брак со Маргарет Вутерс Халовел, која има индијанско потекло. Како писател пишува повеќе раскази и романи со историска тематика, која го обработува мачниот ропски живот на македонскиот народ, како и неговата борба за слобода.

Во овој период Стојан Христов ги пишува расказите: „Стариот пчеларник“  (1926), „Камбана“ (1927), „Балканските бездомни веселковци“ (1928), „Полуамериканец“ (1929), „Америкоманија“ (1930), „Неприродна натурализација“ (1930), „Низ долината на Балканот“ (1930), „Мојот пријател Слободата“ (1930) и други, како и романите:  „Мара“ (1937), „Ова е мојата таковина“ (1938) и „Лавот од Јанина“ (1941). Автобиографијата „Ова е мојата татковина“ станува омилено четиво на американскиот претседател Френкли Делано Рузвелт.

Во текот на Втората Светска војна, како добар познавач на балканските прилики, Христов станува американски воен разузнавач. Од 1942 до 1944 година, тој работи како аналитичар и предавач во Одделот за воени известувања во Пентагон.

По Втората Светска војна во 1952-1953 година, Стојан Христов престојува на Балканот како дописник на северноамериканското новинарско здружение „НАНА“. Во 1953 година на покана на тогашното раководство и Матицата на иселениците на Македонија, Христов со својата сопругата Маргарет Вутерс Халовел престојува во Македонија.

Стојан Христов активно се вклучува во општествено-полтичкиот живот по враќањето во САД. Во 1964 година Стојан Христов станува сенатор на американската држава Вермонт. На оваа позиција останува се` до 1973 година. Во текот на својот живот тој активно учествува во повеќе општествено-хуманитарни акции. Стојан Христов, со својата новинарска, законодавна и писателска работа оставил значаен белег во американското и во македонското општество.

Во 1985 повторно престојувал во РМ, кога му била доделена академската титула „Почесен доктор по филолошки науки“ на Универзитетот во Скопје и бил избран за дописен член на МАНУ. Тогаш во Друштвото на писателите на Македонија е формирана фондацијата „Стојан и Маргарет Христов“.

По повод доделувањето на титулата „Почесен доктор на филолошките науки“, Стојан Христов во својот говор во кој се осврнува за почетоците на своето пишување вели:: „...Македонската тема што доминираше во моите литературни дела, ги заинтерисира и другите уредници, така што веднаш се најдов на добар пат. Пишував на англиски, затоа што немав услови да пишувам на мојот мајчин јазик. Станав Американец. Америка ми постана втора татковина, но не можев да ја напуштам мојата Македонија, мојата прва мајка... Бев среќен и весел што можам да го пренесам сето она што го носев и во себе го чувствував за мојот народ и мојата родна земја...“.

Стојан Христов е автор на два јазика, на две литератури и како што самиот вели: „Ние сме Македонци по раѓање, Американци по избор… Ние сме усвоени синови и ќерки на Америка, но Македонија е нашата природна мајка и ние не можеме да ја заборавиме. Сакајќи ја Америка и должејќи и` ја верноста, ние би биле безвредни синови и ќерки на Америка ако немавме љубов во нашите срца за почвата што не хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборувавме како деца и што не го заборавивме...“.


Во предговорот  на неговата книга "Мојот Американски Аџилак". Стојан Христов пишува:
Кога луѓето од овие страни(Мојот Американски Аџилак) емигрираа во новиот свет,и тие имаа родна земја,но немаа држава;тие имаа мајчин јазик но немаа литературен јазик,тие имаа народни песни и приказни но немаа поезија нити проза.Пред да го минат огромниот Океан за да се сретнат со еден нов и непознат свет некои од нив се бореле за правото да ги спечалат сите овие работи.
Вие што останавте дома,и вие што се родивте по нив,,ја продолживте таа борба.И сега нивната родна земја стана држава,нивниот мајчин јазик стана официјален јазик,а  врз основа на народните песни и приказни се изгради силна родна литература и култура.
Младиот јунак во оваа книга ,занесен со блескавата американска,цивилизација и жеден да биде присвоен како син на новата земја,откога го погреба татака си во западните прерии,цврсто се приврза за татковиот стар саат и малото клуче со кое тој се навиваше,зашто тие го поврзуваа со татковината и беа симбол на неговото ценето наследство.Тој не можеше да биде добар Американец ако отпрвин не беше добар Македонец.Тој не би можел да чуствува љубов за својата друга мајка ако немаше љубов во срцето за својата вистинска мајка.Што се однесува до мене ,како одбележувач на овие македонски емигранти,тешко ми е да ги опишам моите чуства,мојата возбуда,гледајќи ги моите сопствени творби во други зборови,преведени во зборови на мојот мајчин јазик.Само во два други случаи во мојата писателска кариера ми беше дадено такво духовно и морално задоволство како што е печатењето на оваа книга на мојот мајчин јазик.Едното беше кога мојата автобиографија "Ова е мојата татковина" беше најдена на работната маса на претседателот Рузвелт по  неговата смрт.Друг момент беше честа да бидам гостин на мојата родна земја сега кога е таа слободна држава и ковач на својата сопствена судбина.

Стојан Христов во една прилика ќе рече:
"Мирот и единството на Балканскиот Полуостров се поврзани со единството на Македонија. Балканското единство е невозможно со распарчена Македонија",- вели тој и подвлекува: "Ако нема друга причина, трите дела на Македонија треба да бидат обединети поради балканското пријателство и единство."

Своите возвишени идеи и размислувања за борбата на македонскиот народ и за веќе извојуваните придобивки со одлуките на АСНОМ, ги изнесува во еден свој говор поднесен во Детроит пред делегатите на Собранието на Македонско- американскиот народен сојуз, одржан на 2 септември 1945 година истакнува

Ние овде дојдовме како сираци, - вели тој,- би можело да се рече- луѓе со татковина, но без држава. Америка ни стана држава. Нејзе и ја должиме нашата прва верност. Никој нема потреба да бара доказ за нашата крв во оваа војна, таму течеше и македонска. Ако биде погребан во Арлигтонските гробишта еден незнаен војник од оваа војна, како што беше погребан од минатата, кој може да биде сигурен дека тој можеби не е роден од македонска мајка?

 

Ние сме Македонци по раѓање,- вели тој,- а Американци по избор. Повеќето од нас дојдоа овде, бидејќи Македонија не беше слободна, а беше толку многу економски експлоатирана, што моравме да бараме политичка слобода и економска сигурност во Америка. “   Меѓутоа, подвлекува тој :      Сите Македонци не емигрираа во Соединетите Држави, во Канада и во Австралија. Повеќето останаа во татковината за да ја продолжат борбата да се создаде слободна Македонија, така што Македонците во иднина да не мораат да одат пет илјади милји подалеку од своите огништа за да бараат политичка слобода и економска сигурност.  “  Овој чувствен говорник е полн со длабока почит кон безбројните борци за слободата на Македонија.

    “Тие останаа таму,- извикува тој,- за да се сретнат в лице со страдањата и да ја заштитат и овековечат Македонија. Тие се бореа, тие страдаа, многумина од нив загинаа. Ним им изразуваме почит. Ги наведнуваме главите пред благородниот дух на илјадниците што загинаа и им подаваме братска рака на оние што преживеаја и што сега ја градат онаа Македонија што загинатите си ја замислуваа во моментот на својата смрт.

 

  Колкаво е воодушевувањето на Стојан Христов од извојуваната слобода и од прогласувањето на првата држава на македонскиот народ, најубаво може да се види од овие негови зборови:

       “Една или две недели по 2 август 1944 година, секое утро по разбудувањето морав да застанам и да си речам дака сега има слободна македонска држава. Тоа ми изгледаше како чудо, па морав да се принудувам себеси за да верувам во неговата вистина.И потоа:   Но наскоро новата македонска држава ми стана втора природа. И сега ми се чини како отсекогашда да постоела македонска држава.Стојан Христов воопшто не ја крие својата безгранична радост поради историските настани што се  случија на Балканот во полза на Македонија.    Пријатели мои, - извикува тој чувствено пред македонските иселеници во Детроит, - сега има  слободна македонска држава, таа е најслободна држава на Балканот.”


Во говорот на Стојан Христов е особено интересен и важен делот во кој се искажува за македонскиот јазик, а јасно се гледа дека му била добро позната не само една од најважните одлуки на АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен во македонската државаЈазикот на Македонците,- подвлекува Стојан Христов,- сега е признат со официјална декларација како одделен и различен словенски јазик и како таков тој се предава во училиштата и весници се печатат на него, и раскази се пишуваат на него, и официјални државни документи се пишуваат на него- со сите оние зборови со кои  нашите мајки ни ги раскажуваа старите народни приказни и со кој ги пееја старите македонски приспивни песни.


Имено, тој вели: Бидејќи образованите Македонци го зборуваа литературниот јазик на Бугарија или на Србија, а вистинскиот јазик на Македонија беше зачуван кај обичните селани што зборува без да знаат каква и да е граматика, сосема природно немаше македонска граматика. Една група од компетентни и непристрасни словенски филолози сега ги формулираа граматичките правила на македонскиот јазик. А вие можете да бидете сигурни дека овие правила се диктирани и определени од генијот на македонскиот јазик, а не од поткрепата на бугарските националисти или на српските шовинисти. Словенската филологија,- подвлекува тој,- наскоро ќе биде орнаментирана со убавината на македонскиот говор, а словенската литература ќе биде збогатена со мудроста и со многустраноста на македонскиот ум.

 

 

Стојан Христов умира на 24 јануари 1996 година во Томпсон Хаус, Вест Довер, САД, на 99 години. Градот Довер, каде Христов го поминува најголемиот дел од својот живот, му се оддолжи на својот заслужен граѓанин  со поставување спомен-плоча пред градското собрание.

Христов е единственото лице родум од Македонија на кое САД му оддале ваква чест.

По смртта, дел од неговата архива била подарена на МАНУ. Неговото богато творештво опфаќа околу стотина раскази, книжевно-историски и мемоарски написи и романи чија тематика е историјата, традицијата и ентитетот на Македонија и македонскиот човек. Славата на Стојан Христов произлегува воглавно од неговите романи со македонско-американска тема: „Мара“ (1937), „Ова е мојата татковина“ (1938), „Мојот американски аџилак“ (1947) и „Орелот и штркот“ (1976). Со тема од Епир и за турското владеење на Балканот е романот „Лавот од Јанина“ (1941). Автор е и на хронологијата за настаните во Македонија од Илинденското востание до триесеттите години „Херои и атентатори“ (1935).

Американската критика за Стојан Христов говори, дека како раскажувач спаѓа во најславната група на писатели кои не пишувале на својот мајчин јазик. Тој бил споредуван со Бајрон, Емерсон, Витман. За “Орелот и штркот“ е пишувано како за најзначајно дело на деценијата што се појавило во Америка. Стојан Христов е писател од светски формат, кој е преведуван на повеќе јазици. Неговите дела овозможуваат македонската сторија да влезе не само во американската, туку и во светската литература.

На крај забелешката  дека ,како што следува со сите видни Македонци од поблиското и од подалечното минато  заради познатите причини со валканата пропаганда на  Бугарија да се врши  истребување и асимуилирање на се  што е со Македонски позиции а од друга страна фалсификување и перење на мозоците на сопствената јавност   Стојан Христов во Бугарската наука и литература е преставен како писател с български произход от Македония.

Според горниот текст многу добро може да се виде кој е кој и кој колку лаже!!!





Гласувай:
2



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 382260
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930