Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
08.07.2012 22:23 - Македонските востаници како македонската војска на Александар Македонски
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 2034 Коментари: 6 Гласове:
0



imageТихомир Каранфилов

 

Македонското востание (познато како Кресненско) кое е кренато против османската власт на 17  октомври 1878 година (5 октомври стар стил),  по својата суштина преставува прва етапа во која се изразиле сите карактеристики на македонското национално револуционерно движење.

Оваа Востание против османското ропство, како прва фаза на патот на оформувањето на револуционерната организација, всушност преставува и почеток на борбата на македонскиот народ против сите аспирации на соседните народи врз самобитноста на Македонија,

Донесувањето на „Правилата на македонскиот востанички комитет" во 1878 година, преставува настан од вонредно значење. Овие „Правила“ кои го определуваат карактерот и суштината на Кресненското востание, претставуваат вистинска национално-политичка програма врз која се темели понатамошната борба на македонскиот народ за ослободување и создавање на своја самостојна македонска држава.

Всушност „Правилата на македонскиот востанички комитет" претставуваат прв Устав на македонскиот народ, во чија Преамбула стои:

„ ..Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: „Слобода или смрт!”

Меѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем број села од нашите востаници и вопијуштите потреби да се воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да поднесеме едни правила од Македонскиот востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме целата наша татковина Македонија.“

Дефинирајќи ги целите на Македонското востание, Македонскиот востанички комитет ќе забележи (чл. 9) дека таа не е никаква тајна туку:

„Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на славните словенски просветители и учители св. Кирил и Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа секој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си прави своја сметка за него нема место во востанието.“

Меѓудругото, во овој прв Устав на македонскиот народ, Македонскиот востанички комитет води грижа и за соседите со кои ги прецизира односите. Во Правилата посебно место е одвоено за односите со бугарската Егзархија и благотворитедниот комитет „Единство" против чијашто дејност е изразено негодување и спротивставување. Во членот 200 се вели:

„Светата бугарска Егзарлија на чело со Неговото Блажество води политика повеќе од чудна, бидејќи под предлог дека се грижи за Македонците што остануваат под непосредната власт на Турците одржува тесни пријателски врски со турската влада во Цариград", и со тоа мисли дека угодувајќи им на Турците ќе се здобие со" влијание врз нив и ќе може да испраќа владици во Македонија кои ќе го заштитуваат македонското население од насилниците. Тешко му на Македонецот! Македонскиот востанички комитет не ја одобрува таквата несмасна политика која ги разединува народните сили и и ги врзува рацете на Македонија за ослободување".

Истовремено Македонскиот востанички комитет, ги повикал свештениците во Македонија да ги бојкотираат наредбите на бугарската Егзархија, да му се приклучат на востанатиот македонски народ до неговото ослободување кога ќе се реши и црковното прашање во Македонија.

Ваквиот однос на Македонскиот востанички комитет предизвикал востанието да биде прифатено со воодушевување од македонскиот народ, како внатре, така и надвор од земјата. Воодушевана од помислата за создавање на сопствена македонска држава, македонската емиграција во Романија собирала помош за востаниците. Слично на нив, македонската емиграција во Србија барале дозвола од претседателот на српската влада да се вратат по своите места за да подигнат востание. Приливот на востаниците бил толку голем што Македонскиот востанички комитет не можел да обезбеди доволно оружје.

По успесите, доаѓа и до првите посериозни конфликти меѓу раководство на востанието и комитетот „Единство". Началникот на Штабот на Македонското востание Димитар Попгеоргиев – Беровски барал 2 - 3.000 пушки, но секогаш добивал минимално количество, што предизвикало незадоволство кај македонските востаници од политиката на благотворителните комитети диригирани од Бугарија. Штабот на Македонското востание во село Влахи, на 25 октомври 1878 година испратил писмо до К. П. Босилков, претседател на комитетот "Единство" во Горна Џумаја, (сега Благоевград) во кое се бара објаснување за ваквиот однос.

Во писмото потпишано од началникот на Штабот Димитар Попгеоргиев - Беровски и секретарот М. П. Каранфилов, а во кое е изразено незадоволството на македонските востаници, меѓудругото се вели:

„Надежта што ја имавме гледаме дека се губи. Според тоа гледаме дека вие си играте со нас. Трошоци се прават а своето внимание го насочувате таму каде што не е потребно, а нас не оставате без никаква помош. Луѓето што беа потребни овде вие ги задржувате по неколку дена и ги испраќате кој знае каде. Впрочем, за своја должност сметам да ви кажам дека ако продолжат тие работи, јавете ни барем искрено, за да знаеме што да правиме. Вашата должност е мислам да ни помогнете со средства, а од војничка страна вие треба да сте просто гледачи. Како што гледаме дека Комитетот напросто си игра со овие работи, ние ќе бидеме принудени да дејствуваме по нашински, но одговорноста за крвта на невините ќе падне врз Вас. Затоа Ве молиме да ни одговорите позитивно или негативно за таа работа. Најпосле можете да кажете во што е работата. Работата, господа, е дека не ни испраќате навреме и редовно пушки и куршуми. Ни испраќате невооружени луѓе, а ние господа овде немаме фабрика за да ги вооружиме. И пак ви велиме дека во спротивен случај ние ке го употребиме тоа средство за кое Вие и останатите комитети ке одговарате пред народот и пред Бога. За Разлог не е време да мислите за востание. Свесно помислете со колкава сила сакате да отворите толкав фронт. Еве вие одобривте и за Паланка да се испрата неколку чети. За Бога, помислете со испратените од вас први и последни 60 пушки колку чети се создадени?..."

(„Документи за борбата на мекедонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Том I, Скопје, 1981, стр261 – 262; Г. Кацаров и ИВ. Кепов, Документи по Кресненското востание от 1878 год. – Сб. БАН Кн. 36, 1940, стр.49, док. 75).

Односно, комитетот „Единство" се залагал за предизвикување на мали бунтови, без никаков изглед за успех, со што предизвикувале големи одмазнички акции на турскиот башибозук, а со тоа бугарската пропаганда сакала да докаже дека во Македонија не постојат сили кои самите би се избориле за својата слобода и дека е неминовно приклучувањето на Македонија кон Бугарија.

Несогласувањето на македонските востаници со ваквата политика на благотворителните комитети довело до тешки судири како последица на кои, од страна на Бугарската агентура, на подмолен начин е убиен и првиот човек на востанието Стојан Карастоилов, а Димитар Попгеоргиев – Беровски на двапати уапсен и отстранет од раководството на Македонското востание. Тоа е воедно и почеток на крајот на Македонското (Кресненско) востание.

На почетокот на месец јули 1879 година престанаа секакви дејствија на македонските востаници, а со доаѓањето на турскиот аскер голем број од македонското население мигрирало во Бугарија.





Гласувай:
1



1. dinkov - Динков
08.07.2012 23:35
intelect ти явно не си глупав мъж. Но не мога да разбера защо пускаш тези глупости и простотии. Сега през 2012 г. кой както иска така да се казва. Ако част от гражданите на Република Македония иска да се казват патагонци имат право да се казват патагонци, но Кресненско - Разложкото въстание да се казва македонско няма как да стане, поради простата причина, че тогава на хората вдигнали това въстание и през ум не им е минавало, че не са българи. А да се свързват хората загинали за свобода от турско робство с Александър Македонски това може само някой болен мозък да го измисли. Ще ти кажа и един кратък виц, сега ми хрумва. Началникот на Штабот на М а к е д о н с к о т о востание Димитар Попгеоргиев – Беровски не бил българин. Ама той не знаел...
Ицко
цитирай
2. intelect - Динков ќе ти одговорам на исти ...
09.07.2012 02:48

Динков ќе ти одговорам на исти начин!Динков и ти не си глупав човек,за жал Бугарската континуирана пропаганда ,и фалсификувана историја барем во однос на Македонија повеќе од 100 год ве прави глупави !
цитирай
3. dinkov - Динков
10.07.2012 00:12
Към intelect - Не бе човече, каква пропаганда ? - Какви 5 лева ? - Каква фалсификувана историја. Вие от Република Македония не разбрахте ли нещо елементарно. В двете държави народа е един. В Република България има повече македонци отколкото в самата Македония. Как можеш да кажеш на тези хора, че не са българи. Нали те са наследници на тези които са мрели в това Кресненско - Разложко въстание, как можеш да им отнемеш паметта ?- как можеш да им отнемеш разказите от бащи, дядовци и прадядовци ?- Как можеш да им отнемеш езика ? - Как можеш да им отнемеш Кирил и Методи, Климент и Наум ? - Не можеш ! - Никой не може да отнеме на човек паметта ! - Как можеш да ми отнемеш приятеля ми от детинството Тошо качамака, на който майка му, леля Дека (ние така и казвахме) е македонка. Знаеш ли с каква песен аз съм отчуван(отрасъл). Ще ти напиша края. " Таке даскалот жив се не даде, само кръвта си я пролея. Откачил бомба над нея легнал, за свободата на Македония " Как ще ми отнемеш приятелите от квартал "Кючук Париж" в Пловдив ?- Целия квартал е македонски. Че той е по-голям по жители от старата българска престолнина (столица) Охрид( според летописците на Източната Римска империя - т.н. Византия ). Ех intelect, сега сме 2012 г. Наричайте се както искате, но не барайте паметта на мъртъвците умрели за свободата на Македония. На тях и през ум не им е минавало, че не са българи. Не търсете враг в България. Няма такъв. Бъди жив и здрав.
Ицко
цитирай
4. intelect - Каква фалсификувана историја. Вие ...
11.07.2012 00:05
Каква фалсификувана историја. Вие от Република Македония не разбрахте ли нещо елементарно. В двете държави народа е един.
-прво Динков ете ти фалсификат,вие во Бугарија не разбирате нешто елементарно дека во Македонија и во Буарија живеат два народа.Секое друго разбирање од ова е само пуста желба за територијални претензии!
Как можеш да кажеш на тези хора, че не са българи.
-А кој им вели,шо сакаат нека бидат.Туку прашањето е
како можеш динков ти мене да ми речеш дека сум бугарин( В двете държави народа е един)!
- Как можеш да им отнемеш Кирил и Методи, Климент и Наум ? - Не можеш !
-Неможам ниту на Русите ниту на Србите ни на Хрватите,ни на полјаците чесите,украинците ,словаците,црногорците да им ги одземам.
- Как можеш да ми отнемеш приятеля ми от детинството Тошо качамака, на който майка му, леля Дека (ние така и казвахме) е македонка.
-Македонка со Бугарско државјанство ли е?А ти како пак можеш да ми ги одземеш 100 тици пријатели и роднини кои апсолутно,немале, немааат и несакаат да имаат врска со Бугарија онака како што вие ги разбирате односите!
Не търсете враг в България
-ѓаволот е во вашата(Бугарската официјална) континурана фалсификувана историја и пропаганда кон Македонија !
цитирай
5. kolevdobri - Човече...
23.07.2012 23:03
Много бъркотия много нещо. Божидар Димитров дава 100 000 евро на всеки, който докаже МАКЕДОНСКИОТ СИ КОРЕН. Интересно ми е, защо се изприказват толкова приказки, а не се намери един "македонец", който да вземе парите. Опитайте се да намерите писмени източници за протестите от населението в границите на сегашна Македония, датиращи от времето непосредствено след Берлинския конгрес. Та как всички протестиращи - от поповете, до даскалите и кметовете на самоуправляващите се тогава български общности, са се подписали с български имена и с декларации, че са българи? И няма нито един македонец!
цитирай
6. intelect - kolevdobri поради тоа што стотици ...
24.07.2012 01:12
kolevdobri поради тоа што стотици години бугарската историја(власт) ви сервира лажни и фалсификувани податоци за Македонците ,неможам во секој случај да те убедувам во спротивностите,можам само да те натерам да размилуваш малку зошто е така...па сега твое е како ќе сфатиш.Во последниот мој пост можеше да прочиташ како се изјаснувал лично еден Американец иселен од Македонија уште пред Балканските војни од Егејска Македонија-и тоа е факт,неоптоварен од никакви пропаганди и наметнувања од било која страна ни југославија ни бугарија,додека истиот случај кај вас е пренесен како Буагрски писател!И сега како нема Македонци ..или нема зашто вашата наука и историја несака да има...и така ви го пренесува!ајде да не се мачам повеќе ,а можам да ти испратам иљадници тврдења ,официјални документи дека е така -еве ти уште еден пример
http://blog.mk/members/unmkd/blogs/recent-posts Твое е само да ја видиш и другата страна на паричката ,немораш да го смениш мислењето!
П.С:Мојот татко има Бугарско крштално од Егзархијата ,а замилси нема ни Б од нешто Бугарско во мојата фамилија(уште помалку пак Српско)- е такви се Бугарите(во Македонија) кои ги набројуваш во последниот дел од твојот коментар!Вистината очигледно не е таква како што ви ја сервирале!
поздрав
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 379459
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930