Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
03.07.2012 17:41 - НАЈГОЛЕМИТЕ ГРЧКИ ЛАГИ за МАКЕДОНИЈА
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 990 Коментари: 0 Гласове:
-1



НАЈГОЛЕМИТЕ ГРЧКИ ЛАГИ - РИСТО СТЕФОВ

Дел од неколкуте лаги според Ристо Стефов на Грците во однос на Македонија!Интересно истите со мала модификација можат да се поистоветат со Бугарските :)

Лага број 3: Не постојат Македонци

Побивањето на оваа грчка лага ми претставува задоволство, пред се поради моите лични искуства не само во Грција туку и во Канада. Како доселеник во Канада, поради мојот акцент на англискиот, честопати ме прашуваа за мојата национална припадност. И тоа најчесто Грците. Изгледа нема граници за грчкото тормозење врз Македонците насекаде. Најчесто разговорите се одвиваа вака: „Дали си Грк"? „Не, не сум, јас сум Македонец!" „Што е тоа?" „Не постои такво нешто!"За разлика од денешните Грци, кои вештачки се создадени во 19 век со асимилација и хеленизација на Власите, Македонците, Албанците, Турците и слично, ние Македонците имаме реален национален идентитет и сме биле Македонци уште од прапрадедовците. За разлика од вашите грчки прадедовци, кои зборуваат секако освен грчки, сите наши прадедовци зборувале македонски. Нашиот македонски јазик е жив јазик, кој сме го учеле од нашите родители, за разлика од вашиот, антички коински јазик (заеднички јазик што го зборувале трговците и администрацијата низ целиот Медитеран), кој е воскреснат од вашата влада и го учевте во училиште. Пред Македонија да го кодифицира современиот литературен јазик, Македонците низ цела Македонија зборувале на различни дијалекти. Од друга страна, Македонците што живеат во Грција и во Бугарија, а овие две држави одбиваат да ги признаат, се уште зборуваат македонски на нивните изворни дијалекти. Денешните научници веруваат дека словенскиот јазик има корени уште во предисториско време. Многу натписи дешифрирани со помош на словенскиот јазик од лингвистите како Ентони Амбозик, Васил Илиов, Сергеј В. Рјабчиков и многу други покажуваат дека словенските јазици се употребувале многу порано отколку што е познато. Можно е дури и Александар Македонски да зборувал словенски. Познато е дека зборувал два јазика, едниот е коински, а другиот од грчките историчари е запишан како непознат. Бидејќи на ниту еден странски или македонски археолог не му е дозволено да истражува во македонските делови во Грција, не може точно да се утврди кој е другиот јазик што го зборувал Александар. Од друга страна, не може да им се верува на наодите од грчките археолози бидејќи тие мораат да бидат во согласност со политиката на грчката влада. Доколку Грците не се согласуваат со постоењето на Македонците, тие сигурно нема да признаат постоење на артефакти што не се согласуваат со нивната политичка идеологија. Тоа се истите Грци што го уништија секој натпис на кирилица од секој надгробен споменик и икона, ја запалија секоја Библија и книга и забранија зборување на македонски. На едно прашање се уште немам одговор: Зошто го прават тоа? Верувам дека Грците што го негираат нашето постоење и самите не знаат што прават, бидејќи се учени уште од мали нозе да веруваат дека Македонците се закана за нивното постоење. Често слушам изрази од Грците како „тие ќе направат се за да ја земат Македонија од нас". До денес не добив одговор што се „тие“? Некогаш тие се Бугари, другпат комунисти, а некогаш се лоши луѓе како мене. Постојано повторувам дека сум роден во Грција и сум грчки државјанин со македонско потекло, но Грците ме игнорираат и ме викаат „скопјанец“ и ме третираат како да сум се родил во некоја странска земја. Зошто им е тешко на Грците да прифатат дека Македонци живеат во Грција?
1. Добропознато е дека Грција окупира околу половина од територијата на Македонија во 1912-1913 година. 2. Факт е дека на целата територија на Македонија пред нејзиното окупирање живееле Македонци. 3. Факт е дека Македонците во Егејскиот дел насилно се погрчени. Зарем не е можно некои од Македонците што насила се погрчени да не сакаат да бидат Грци?
Па, мои грчки пријателчиња, Македонците постојат, бидејќи не има низ целиот свет и нашата историја почнува еден век пред новата ера, кога зборот Македонец бил ставен на кованица. Не можам со сигурност да кажам дека ние сме наследници на Античките Македонци, но можам да кажам дека постои голема веројатност дека сме нивни наследници, како и потомци на оние што ја освоиле Македонија. Пред 19 век многу Македонци живееле во старите граници на Македонија. Но бурните настани во 19 и 20 век, како падот на Отоманската Империја, востанијата во Македонија, двете балкански војни, Првата и Втората светска војна, грчката граѓанска војна како и грчкото, бугарското и српското угнетување во Македонија предизвикаа раселување на Македонците насекаде низ светот. Грците може да негираат колку сакаат, но тоа не значи дека не постоиме.

 

Лага број 5: Тито ја создал македонската нација

 

Што им понудил Тито на овие луѓе за толку очајно да сакаат да бидат Македонци? Како тој ги научил сите овие луѓе на македонски јазик не само во поранешна Југославија, туку и во Грција, Бугарија, САД, Канада, Австралија, Европа и целиот свет за помалку од една деценија? Во краен случај, како Тито, кој во 1903 година бил само дете, ги натерал Македонците да креваат востание против Турците?
Уморен сум од пораки и писма што се испратени од поединци или грчки институции што тврдат дека Јосип Броз Тито (1892-1980), поранешниот претседател на југословенската федерација, ја создал македонската нација. Дали овие луѓе се комплетно неинформирани, несвесни за реалноста или очајно по секоја цена се обидуваат да ги дискредитираат Македонците?
ФАКТ: Република Македонија е формирана во 1944 година со признавањето од страна на Тито, по што тој ги признал Македонците како посебна етничка целина во рамките на Југословенската федерација. Како може човек со еден потпис да убеди милион луѓе да се откажат од својата националност и да прифатат опција според која не постојат?
Што им понудил Тито на овие луѓе за толку очајно да сакаат да бидат Македонци? Како тој ги научил сите овие луѓе на македонски јазик не само во поранешна Југославија, туку и во Грција, Бугарија, САД, Канада, Австралија, Европа и целиот свет за помалку од една деценија? Во краен случај како Тито, кој во 1903 година бил само дете ги натерал Македонците да креваат востание против Турците?
Како Тито ги создал Македонците пред да се роди?
Не треба да истражувате многу за да докажете дека Македонците постоеле пред Тито да биде роден. Одете на гробиштата во големите северноамерикански градови, каде што ќе најдете надгробни плочи на кои пишува Македонец. Појдете во имиграцискиот центар на островот Елис, каде што ќе најдете записи од 19 век, во кои дел патници се декларираат како Македонци. Посетете кој било македонски настан во Канада, САД или Австралија и прашајте колку луѓе веруваат дека Тито ја создал македонската нација. Прашајте ги наследниците на луѓето кои мигрирале во овие земји пред Тито да биде роден, дали тој го создал македонскиот идентитет. Зошто Грција не се побуни ако Тито наводно ја создал македонската нација во 1944 година и зошто не се побуни за името Социјалистичка Република Македонија?
Повеќето од Грците веруваат дека Тито вештачки ја создал македонската нација со цел да го бара егејскиот дел на Македонија од Грција. Повеќето од нив веруваат дека „Скопјаните“ сакаат да се нарекуваат Република Македонија бидејќи се уште имаат територијални аспирации кон егејскиот дел од Македонија и сакаат да ја анектираат „грчка Македонија" кон себе. ВИСТИНА: Тито не ја создал македонската нација, тој го признал и го прифатил постоењето на македонскиот народ во рамките на Југославија. Македонија нема аспирации за која било туѓа територија, додека Грција е таа која освоила голем дел од Македонија против волјата на македонскиот народ и поради тоа ниеден дел од Македонија не и припаѓа на Грција. Никогаш не бил и нема да биде. Грција го окупира егејскиот дел од Македонија.

 

Лага број 8: Македонскиот јазик не постои

 

Според некои западни научници, притисокот врз Македонците во Грција е резултат на грчките напори да изградат своја нација. По окупацијата и поделбата на Македонија во 1913 година се правеа огромни обиди за преобратување на жителите од Егејска Македонија во граѓани верни на грчката држава. Во обид да се осигурат дека сите жители ќе бидат верни кон Грција, грчките политичари и интелектуалци ја прераскажуваа историјата, создавајќи мит дека сите жители се етнички Грци. Етничкиот идентитет намерно е помешан со националниот, што води кон директно негирање на постоењето на Македонците. Негирањето, проследено со грубо кршење на човековите права, доведе до оцрнување на се што е македонско.
По негирањето на цела една нација, логички е Грците да не го признаваат македонскиот јазик. За несреќа на Грција, не е толку лесно да прикрие јазик колку што за неа беше да ја прикрие етничката припадност на Македонците од Егејска Македонија. По окупацијата на Македонија, Македонците што останаа во Егејскиот дел, се уште го зборуваа македонскиот јазик иако Грците вложија огромни напори да го забранат и ги казнуваа луѓето што го зборуваа. Според Грците, населението од Егејскиот дел на Македонија не зборува грчки. Тие постојано изнесуваат лаги дека населението од Егејскиот дел на Македонија зборува бугарски, словенски, српски, односно дека зборува се освен македонски.
Грците може да се залажуваат себеси и луѓето што не ги интересира македонско-грчкиот спор, но не може да ги лажат луѓето што сакаат да ја дознаат вистината и оние чиј мајчин јазик со генерации е македонскиот јазик. Факт е дека според некои научници Македонците живееле на македонска земја и зборувале македонски пред античките Грци да станат цивилизација. Едно е сигурно, Македонците зборувале македонски пред Бугарите да се симнат од реонот на реката Волга.
Грците нема да го признаат словенскиот јазик во црквите и училиштата, населението во Македонија во голем дел се Словени, тие се нарекуваат Македонци и она кон што се стремат и го посакуваат е автономија под контрола на Европа. Единствена работа на која се надевам е голема автономија, која ни Бугарите, ни Србите, ни Грците нема да ја нападнат. Сигурно Европа нема да ја остави Македонија под владеење на оние што ги мразат Македонците и против кого тие постојано ќе се борат- пишува во писмото на Августина Бевик, од 4 јануари 1919 година, до британскиот дипломат Иан Малколм. Сестрата Августина живеела во Македонија 33 години. Македонскиот јазик е стар барем три илјади години, додека пред 500 години е формирана основата од црковниот словенски, јазикот на Кирил и Методиј во Солун. Постојат тврдења дека словенската група јазици почнала да се развива во Македонија и е раширена во Источна Европа од Македонците.
Демографските случувања во Грција се одредени од неколку брана на етничко чистење проследени со размена на население меѓу Грција и Бугарија, во 1919 година и Грција и Турција во 1923 година, во форма на протерување за време на Балканските војни и Грчката граѓанска војна. Како резултат на војните, поголемиот дел од македонското население што до 1912 година било мнозинско сега е малцинство, освен западниот дел или Лерин каде што македонското население останало мнозинско.
Во Егејскиот дел на Македонија македонскиот јазик постоел, ќе постои и ќе се зборува од Македонците.
Па, прашањето е зошто Грците инсистираат дека не постои македонски јазик и настојуваат да тврдат дека Македонците од Егејскиот дел на Македонија се Грци што зборуваат словенски?
Да, македонскиот јазик е словенски, но, исто како и рускиот јазик, украинскиот, српскиот, полскиот, чешкиот, словачкиот и хрватскиот јазик.
ВИСТИНА: Македонците што живеат во Македонија зборуваат македонски, кој претставува дијалект на словенскиот јазик и се зборува на територијата на Македонија уште од времето на Кирил и Методиј. Јазикот што го зборуваат Македонците во Егејска Македонија е стар и ширококористен јазик, кој имал време да се развива и од него да произлезат многу дијалекти. Тој се пренесувал усно и е мајчин јазик на сите Македонци, додека во Европа има повеќе од 400 милиони луѓе, кои зборуваат различни варијации од овој јазик, иако Грците негираат дека постои.
За разлика од грчкиот, кој е наметнат јазик, македонскиот јазик е природен јазик што се пренесувал усно од генерација на генерација. Наместо да го заштити, Грција го забранува и по секоја цена настојува неговата употреба да згасне.
За крај ќе завршам со еден цитат од грчки командант Дим Камбурас, во Арменско, од 25 јануари 1925 година: „ Го удрив градоначалникот на селото кога го слушнав дека зборува бугарски, јазик што селанецот сакаше да го нарекува македонски. Му препорачав во иднина сите да зборуваат грчки и дека треба да им пренесе на другите луѓе од селото да го прават истото".





Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378207
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031