Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
30.06.2012 22:54 - Колку и како Македонците се Бугари ?
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 5236 Коментари: 8 Гласове:
0


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg

Името не го даваме, но Бугари лесно стануваме

image

„Утрински весник“ во серија написи го истражува синдромот бугарски државјанства. Бугарско државјанство се добива најмногу за една година, за што се доволни само неколку документи, во кои кандидатот се изјаснува дека е со бугарско потекло

Жаклина Хаџи-Зафирова
Станимир Вагленов, „24 часа“, Софија


Јас, долупотпишаниот М.К., изјавувам дека имам бугарска национална свест и сум со бугарско потекло бидејќи моите родители... Вака оди една од изјавите која отвора врати за добивање на толку посакуваното бугарско државјанство кај нас, кое во моментов официјално го поседуваат 42.372 македонски граѓани. Некои го земаат поради студирање, но повеќето, како што велат, за да најдат парче леб во Европа, бидејќи поволностите кои ги имаат со бугарски пасош се многу - од тоа дека можат да студираат за многу помалку пари отколку кај нас, преку олеснувања за шоферите на камиони, па до можностите за заработка преку формирање мешовити бугарско-македонски фирми на кои им се отворени и вратите на Европа.

Македонците се рекордери во ловот по бугарски пасоши. Државјанството го добиваат најмногу за една година. Тоа ги разликува од државјаните на други земји, кои, исто така, аплицираат за бугарско државјанство. Ригорозни услови нема. Само неколку документи, од кои повеќето се изјави за бугарска национална свест - сопствена и на роднините од мајка, па до прадедо. Не се бараат ни конкретни докази за автентично бугарско потекло, како што е тоа случај со другите државјанства.

За разлика од порано, кога посредниците аплицирале во име на други, сега кандидатите се носат организирано, со автобуси и комбиња. Главните патници се жителите од Источна Македонија, кои толку убаво се дружат, што и самите се договараат на која адреса да се пријават во Бугарија. Така се случува и по стотина Македонци да се регистрирани дека живеат во една куќа.

Добивањето бугарски државјанства е посебно карактеристично за Источна Македонија. Велин М. од Македонска Каменица е татко на син кој заминал на печалба со бугарски пасош. Тој објаснува дека Македонска Каменица пред неколку години била мртов град, откако се затворил рудникот „Саса“ и многу млади луѓе заминале во Италија и во Словенија.

„Не е никаква тајна дека многу млади луѓе, меѓу кои и мојот син, заминаа во Италија со бугарски пасош. Мотив да го извади бугарскиот пасош е немаштијата, а не поради тоа што се чувствувал како Бугарин. Тој е Македонец, но со бугарскиот пасош е граѓанин на Европа. Може да добие работна виза и без никаков проблем да работи во која било земја“, вели таткото Велин.

Тој објаснува дека неговиот син приложил извод од матичната книга на родените и пред службеник во Благоевград дал изјава дека сака бугарски пасош бидејќи неговите татко и дедо биле Бугари. Како адреса за престојувалиште ја искористил адресата на нивен роднина во Благоевград.

„Целата работа ја врши посредникот. Еден бугарски пасош чини од 200 до 1.000 евра, зависи за колку време сакаш да го добиеш.

Во нашиот крај многу луѓе зедоа лични карти и пасоши за полесно и поевтино да купат возило, а и регистрацијата и зелениот картон во Бугарија чинат само 60 евра. Сега е решен проблемот со евтините коли, но нашите млади и натаму се интересираат за туѓите пасоши“, ни раскажа овој жител на Македонска Каменица.

Павле С. од Радовиш ни кажа дека е многу лесно да се извади бугарски пасош. И тој чека да го добие.

„Мојот пасош е во постапка. Чекам да ми јават и да си го земам од Бугарија. Мислам дека е лесно да се добие бугарски пасош. Ти треба само извод на родените. Од интернет научив нешто и за нивната историја и државните празници. Мораш пред службеникот да кажеш дека си Бугарин и дека моите дедовци биле Бугари. Не прават проблем ако за сопругата кажеш дека е Македонка“, раскажува Павле. Процедурата за добивање пасош му ја води радовишанец, за кој вели дека е познат во градот.

image

„Бев пред некој месец во Бугарија и од она што го видов можам да кажам дека предност за добивање бугарски пасоши имаме ние Македонците“, вели тој. За тоа зошто побарал бугарски пасош Павле одговара дека документот му треба за да замине во странство бидејќи полесно се добива работа со него. „Со нашиот македонскиот пасош само на гости можеш да отидеш во друга држава, а не и нешто да спечалиш или пак вратите да ни се отворени кон земјите од Европа“, ни изјави Павле.

Процедурата за добивање бугарски пасош е многу лесна, а може да се врши и со посредници. Во весниците врие од огласи за посредување за бугарско државјанство, а во некои од нив стои дека само православните можат да аплицираат. За почеток, кандидатите треба да обезбедат два документи: извод од матичната книга на родените и уверение од суд за неосудуваност.

Со овие два документи се оди во Бугарија, каде што се пополнуваат претежно изјави, во кои кандидатите најчесто наведуваат дека го бараат бугарското државјанство за студирање или од други причини, но мора да наведат дека се чувствуваат како Бугари. Тоа го кажуваат и на интервјуто кое мораат да го поминат во Министерството за правда. Во просек, целата процедура за добивање пасош завршува за една година, откако претходно се добива и привремена лична карта, за која кандидатите мораат да наведат дека имаат престојувалиште во Бугарија.

„Сега се оди лично, порано со посредници. Кога аплицираш за бугарско државјанство ти даваат бројче и чекаш да излезе уверение дека можеш да бидеш бугарски државјанин. Прво се добива уверение во рок од еден месец до три месеци, а со него се добива привремена лична карта. Со неа можеш да се движиш низ Европа, ама не можеш да работиш“, вели еден од посредниците за бугарско државјанство.

Негов колега, посредник, кој има и оглас во весник дека посредува за бугарско државјанство, ни рече дека задоволството да добиеме бугарски пасош ќе не" чини вкупно 270 евра. Во оваа цена е вклучено два пати организирано одење во Бугарија за лично кандидатот да ги поднесе документите, потоа добивате адреса каде што може да се пријавите. Со себе само треба да понесете два документи: извод од матичната книга на родените и уверение од суд за неосудуваност.

„Организираме група, која ја носиме во Софија. Во рок од 45 дена се оди два пати. Целата постапка за добивање бугарско државјанство трае 6-8 месеци. Добивката е 100 отсто. Во цената е вклучена и адреса“, ни рече посредникот.

На веб-страницата на Агенцијата за Бугарите во туѓина се наведени документите кои се потребни за аплицирање за добивање бугарско државјанство. За аплицирање се доволни копија од пасош и заверена изјава за бугарска национална свест по образец. Стои и напомената дека документите се поднесуваат лично. Дополнително, кандидатот може да поднесе и докази дека има бугарско потекло од разни државни институции или од организации на Бугарите во друга држава.

Поевтини студии ако се изјасниш дека си Бугарин

Македонци кои сакале да се запишат на докторски студии тврдат дека им било понудувано да се изјаснат како бугари за да студираат поевтино. „Сакав да се запишам на докторски студии на државниот универзитет во Благоевград. Таму една година чини 3.000 евра, а докторските студии траат три години. Тоа се вкупно 9.000 евра. Во старт се откажав бидејќи немав толку пари. Но, оттаму ме охрабрија кога ми кажаа дека постои можност да се школувам за само 1.500 евра по некој член од законот“, ни рече една млада скопјанка, која сакала да ја продолжи специјализацијата откако станала магистер.

На почетокот и" рекле дека е доволно само да донесе извод од матичната книга на родените и да приложи дека има 1.500 евра на сметка. Но, кога се појавила на Универзитетот со документите и" побарале да потпише изјава во која изјавува дека има „бугарско национално сознание и е со бугарско потекло“ , ако и дека со такво потекло се и мајка и" и татко и". Од Универзитетот и" било објаснето дека оваа изјава ќе се користи само за интерна употреба. Но, таа се откажала од првичната идеја поради тоа што смета дека на овој начин и се повредени националните чувства кон Македонија.

(Истражувањето е поддржано од Данската асоцијација за истражувачко новинарство и проектот СКУП)





Гласувай:
1



1. dinkov - Динков
01.07.2012 00:42
intelect почнах да се смея като четох статията. Още една доказа, че хората от двете страни на границата между Република Македония и Република България са един народ. Един и същи манталитет. Щом има келепир, еша си даваме. Ама, че майтап.
Знаеш ли, че никога не съм учил македонската азбука и език, а прочетох статията. Може би съм станал полиглот :))) Не се засягай, кой как сака така да се казува, а и който македонец сака бугарски пасош, е па нема лошо. Щом има интерес и с това ке си изкарва леба, нема лошо.
Ицко
цитирай
2. intelect - Знаеш ли, че никога не съм учил ма...
01.07.2012 02:41
Знаеш ли, че никога не съм учил македонската азбука и език, а прочетох статията. Може би съм станал полиглот :)))
-Динков ако ти кажам дека јас повеќе српскиот јазик го разбирам од Бугарскиот ќе ме декларираш ли како Србоман... Не држи заклучокот што индиректно сакаш да го изведеш!
И јас велам дека нема лоша намера кај тие што земаат Бугарски пасош затоа што знам зошто земаат,поентата на текстот е дека лошата намера е кај тие што го даваат пасошот-само кој да види или кој сака да види!
поздрав
цитирай
3. анонимен - intelect зне, че българският е славянски, а не е тюркски език
01.07.2012 14:08
intelect написа:
-Динков ако ти кажам дека јас повеќе српскиот јазик го разбирам од Бугарскиот ќе ме декларираш ли како Србоман...

Ей, голяма измислица е това, че българите сега са ония тюрки от преди 1500 г.
цитирай
4. pi4bull - събуди се българино
01.07.2012 14:48
МЪЧИТЕЛНО Е ДА ЧЕТЕШ БЪЛГАРСКИ ЕЗИК УВРЕДЕН ОТ ДИАЛЕКТ ЧРЕЗ НАБУТАНИ В НЕГО СЪРБИЗМИ . ПАЗИ БОЖЕ ДА НЕ ПОПАДНАТ НА ТОВА БРАТЯТА КИЛИЛ И МЕТОДИЙ АКО РЕШАТ. НАДЯВАМ СЕ НЯКОЙ ДЕН ДА СЕ ОТВОРИ НЕБЕТО НАД СКОПИЕ И ДА СЕ ПОСИПЯТ ВСИЧКИ ЖИВЕЛИ НА ТАЗИ ТЕРИТОРИЯ ОТ ВРЕМЕТО НА АЛЕКСАНДЪР ВЕЛИКИ- ЩЕ Е НАЙ ВЕЛИКИЯ МИШМАШ .А БЕ БЪЛГАРСКА ИМ РАБОТА -ЕМ НАШИ ЕМ НЕ .
цитирай
5. intelect - мене ми е мачно да читам бугарски ...
03.08.2012 21:51
мене ми е мачно да читам бугарски јазик со набутани русизми,не за друго по 5 пати ги прерочитувам коментарите бе не ве разбирам :))))
цитирай
6. анонимен - -Динков ако ти кажам дека јас повеќе ...
10.08.2012 08:19
анонимен написа:
intelect написа:
-Динков ако ти кажам дека јас повеќе српскиот јазик го разбирам од Бугарскиот ќе ме декларираш ли како Србоман...

Ей, голяма измислица е това, че българите сега са ония тюрки от преди 1500 г.

A Вие да не сте ония македонци които са живели по времето на Александър Филипов Македонски ?
цитирай
7. intelect - анонимен тие сме, и од тие пред ни...
11.08.2012 18:07
анонимен тие сме ,и од тие пред нив!
ај чао
цитирай
8. анонимен - Бугарско државјанство - FACEBOOK
20.08.2012 00:36
За човешки условия, достойнство, прозрачност и улеснения за гражданите във връзка с процедурите за българско гражданство!

https://www.facebook.com/BulgarianCitizenship
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 380093
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930