Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
29.06.2012 18:20 - СОФИСKИТЕ НАЦИОНАЛНИ ФАНТАЗМАГОРИИ
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1010 Коментари: 1 Гласове:
-1



СОФИСKИТЕ НАЦИОНАЛНИ ФАНТАЗМАГОРИИ

Шиела баба лен

image

И така, се собрало минатиот петок во Софија, едно старо кафе-друштво, нам добро познато, малку помлади малку не толку млади, главно пензионери, академици, амбасадори, историчари, пратеници, новинари други, за да промуабети нешто за тоа- што да и предложат на бугарската влада (наводно рекле - на бугарската политичка елита), какви мерки, какви потези и проекти, притисоци и рамки, мотивации и понуди да се лансираат- за да се ребугаризира Македонија. А и за тоа како национално да се преосвестат Македонците? Ова според „Утрински“, кој дава убав преглед на расправата на тема „Kаде оди Македонија?“, имало за цел - божем да не притиснат со „црвен картон“, пред преговорите за влез во Унијата. Чисто неверојатно, но ако малку размислите- и веројатно. А, ако малку се замислите, можеби и добра идеја? На пр. и ние да организираме по некоја расправа на темa „Kаде оди Бугарија“? Па, Грција, па Србија, па Албанија? Итн. Зошто да не? Можеме малку да им помогнеме за ептен да не застранат.

Ова од Софија, не е некоја нова и оригинална вест или настан. Малку, малку, две, три, пет години, ќе објават некоја нова национална доктрина, стратегија или политика што ~ ја нудат на Владата. Или пак на политичката елита. Најсмешно е дека бидејќи немаат смелост сами да излезат со такви идеи, се кријат зад наводно германската фондација „Манфред Вернер“, па и зад други фондации. Kако и да е. Во тие многубројни доктрини, во кои инаку се провеличува, што вели З. Kрамариќ, софиската верзија на балканската и македонската историја, на нивното учество во Балканските војни, на учеството во Првата и Втората светска војна, во кои се минимизира улогата во холокаустот и на сојузот со Хитлер, па на сојузот со Сталин итн., Македонија им е, с` разбираболната и трауматична точка. Целта е пак да се возвеличат Бугарите, за директно да одат во рајот.

Еве што пишува во една од тие доктрини, објавена во Софија, 1997 г. (Блгарска национална доктрина. Прва част. Знание, Софија): „Бугарскиот народ располага со исклучително богат генофонд. Бугарската земја раѓала и раѓа неповторливи таленти кои со своите песни, танци, музика, уметнички творби, го восхитуваат светот. Според коефициентот на интелигенција, Бугарите се на едно од првите места во светот. Бугарските научници во сите сфери на човековото сознание се почитувани и достојни партнери на научниците од светските центри. Бугарскиот народ е интелигентен, буден, радознал, отворен, претприемчив и толерантен кон другите, а едновремено со тоа, тој е и добродушен, трпелив и гостоприемлиев“. Е, сега ме чуди, како во ова кафе-друштво, што минатиот петок дебатирало во Софија за тоа „Kаде оди Македонија“, не се нашол некој од тој многу богат бугарски генофонд и од сите тие со многу висок коефициент на интелигенција, па да им каже: Извинете, ама Македонија е една суверена држава и тоа што се случува во Македонија е нејзина сопствена работа...

И, исто така, да им каже - извинете, ама, според европските и меѓународни акти- правата на Бугарите во Македонија, се истите оние како на Македонците во Бугарија. Не се измислени ниту во Бугарија ниту во Македонија. Освен тоа, да им каже, дека можат и три, четири, петпати, да покажуваат црвени картони и да исцртуваат црвени линии за влезот на Македонија во Унијата, но дека на Унијата веќе и е здодевно од тоа со црвени картони. И дека, наспроти својот исклучително богат генофонд, не се токму некој многу влијателен фактор во Унијата. И дека е поарно, трпеливо и добродушно да соработуваат со сите соседи, па и со Македонија. Тоа е впрочем и обврска во заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Исто така, дека е крајно време да престанат со тие детски игри, дека ќе го бугаризираат или „ребугаризираат“ карактерот и природата на Македонија и идентитетот на Македонците. Тоа, не е јасно, како не сфаќаат дека е - пастперфект и плусквамперфект од нивните сништа и етноидеологизми? Бугаризацијата 1941-1944 г., заврши катастрофално. Сега снимената ребугаризација ги има истите тие добри шанси. И што заклучиле на кафе-муабетот во Софија? За ние да не им ја крадеме историјата. Па што не го пријават тоа во Интерпол? Потоа, крадејќи им ја историјата, да не им ги плакнеме мозоците на младите генерации. Потоа, да не фрламе 80 милиони евра на споменици, зошто е доволен еден споменик на Маршал Тито, таткото на македонската нација. Потоа, дека немале интерес Македонија да биде обезбугарена, албанизирана и србизирана. Чисто, неверојатни изјави... Па, требало да ја разберат нашата драма, кога н` прекоруваат, а ние малку сме уплашени ама не го слушаме добриот збор или, пак, се преправаме дека сме Македонци. Некои пак, се прашувале, како тоа, по векови заедништво, јазик, култура, менталитет и сл., можело за 45 години во Македонија да се култивира антибулгаризам? Санстефанската фантазмагорија продолжува, овој пат сепак малку завиена во обландата на европската реторика.

Некои од кафеџиите биле, пак, наводно поумерени. Бугарската политика наводно се соочувала со еден исклучително сложен тест, бидејќи, ако била тврда, предизвикувала антибугарски кампањи, а ако била мека промовирала притискање на македонските Бугари. Друг, нагласил дека бугарската политика била премногу агресивна. Значи, требало кон нас- исклучителен такт, а не жолти и црвени картони. Трет кафеџија се согласил со тоа, па предложил да имаат многу посуптилен однос кон нас. Четврт, пак, предложил да седнат на маса Борисов и Груевски и на европска линија да се договорат како да го решат проблемот. Kако Груевски да нема друга работа, па одвај чека да седне со Борисов за проблем што самите си го измислиле на кафе-партии или, пак, што го пласирале во софиските таблоиди. Не ми е јасно, како и на секој нормален човек, зошто не си ја гледаат работата и зошто ние сме им постојано дежурни виновници за тоа што спијат лошо и имаат кошмари и фантазмагории. А имаат толку други внатрешни проблеми, речиси не помали од овие грчките...

Еден од учесниците на муабетот, Е. Митев, со него пред некоја година бевме заедно на конференција во Ниш, пееше сосем друга песна за нациите, јазиците и културите на Балканот. Во смисла - развој на геокултурата на мирот на Балканот. Потем го возев со автомобилот до Скопје, па говоревме на двата јазика. Рече, не грижете се, во добра мера го разбирам македонскиот јазик. Сега предлагал да се охрабрувале бугарскиот бизнис, телевизија и весници во Македонија. За уште подобро да го разбира македонскиот?

Димитар МИРЧЕВ

#



Гласувай:
0



1. анонимен - Фотографиите на Албер Кан за Македония
29.06.2012 22:11
От филма за тази изключителна сбирка научих две особени неща: бележитият евреин е виждал в толерантността в Македония преди Първата световна като модел за бъдещето на света. Изведнъж, с войната всичко се изпарява. Нациите се прочистват. Турците, нещастни и преследвани си тръгват, гърците палят български села, евреите уплашени емигрират.
Действително в Македония има и сега различни народи (както имаше в Косово), но заслепените от българофобия политици, разчитат, че ще е сигурно като в Югославия и не обръщат внимание. Няма защо да бъдат поучавани какво ще се случи- то се вижда. Все още има спасение и много от българите в Македония го виждат, декларират българското си самосъзнание и търсят помощ от България. Въпросът вече опира и до България. Ако брат ни- блудният син не се завръща трябва ли да му се помогне или чак когато дойде дрипав, изнемощял, обезземлен и безимотен? Не е ли по- добре вместо да приема пак бежанци Майка България, не се направи нещо за синовете си?
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378347
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031