Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
31.05.2012 21:11 - Бугарските временско историски околности и тактики во односот на Македонското прашање
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 2452 Коментари: 8 Гласове:
-1



Бугарските временско историски околности и тактики во односот на Македонското прашање

Знаеќи дека Бугарската држава еднаш ја призна Македонската нација во 1945 год. како посебна нација на Балканот и ја призна тогашна Социјалистичка република Македонија како национална држава на Македонците и конечно и јасно го дефинира Македонското прашање како национално а не како политичко,а посебно знаеќи дека го призна постоењето на Македонското малцинство во Бугарија а со тоа и нивните национални права во Пиринска Македонија и го потврди со пописот на населението во 1946 год. каде што 70% од населението во Пиринска Македонија се декларирало како Македонци,бугарската држава ,нејзината историографија и наука неможејќи да го заборават тој факт и вистина,посебно неможеќи да го преставаат или преиначат во сопствена корист континуирано во зависност од временските и историските околности за Македонското прашање се служат со разни методи ,тактики,манипулации,лаги,фалсификати,историски искривувања.

И почнуваме со 1949год:До таа година Пиринска Македонија се подготвува за територијална автономија со отворање на Македонски училишта,библиотеки,книжарници,театри се со цел спојување на Пиринска и Вардарска Македонија во проектот за формирање на една Широка федерација во која Бугарија би влегла во Југославија!Меѓутоа се случува информбирото а потоа и смрта на Георги Димитров,се заладуваат југословенско-бугарските односи за сметка на подобрувањето на советско-бугарските,и почнува менувањето на ставот на бугарската влада и тоа не во некакво негирање на Македонскиот национален индивидуализам бидеќи тоа било факт кој дури и се форсирал во БКП се до 1956 год,туку измената беше на планот на обединувањето на Пиринска Македонија со СРМакедонија ама во рамките на Бугарската држава, сакајќи да се искористи  вечниот стремеж на Македонците да живеат во една држава.Значи на Бугарската држава ,влада,историографија ниту по смртта на Георги Димитров не и пречи постоењето на Македонската нација и тоа е нивни државен став се од 1956год Кога југословенските односи биле заладени со Бугарија,и кога Југословенските односи биле заладени со СССР,дури и кога Македонските учители биле избркани од Пиринска Македонија како Титови агенти,значи во време кога Југославија неможела на ниеден начин да влијае врз Македонското прашање во Бугарија Македонците постојат и во СР Македонија и во Бугарија и се признати како нација од истата Бугарска држава само поради една подла намера и цел, приклучување на СРМакедонија кон Пиринска Македонија ама во Бугарската држава! Во 1952 год.со смрта на Сталин се нормализираат советско-југословенските односи и спласнува напорот и идеата на Бугарската влада за спојување на двата дела од Македонија во Бугарската држава но и понатаму се признава посебноста на Македонската нација се до 1956 год!Тогаш се случува априлскиот пленум на ЦК на БКП и  за првпат се зазема ставот да не се признава никаква Македонска нација од БКП.Но и покрај ваквиот став ,8 месеци по априлскиот пленум пописот на населението во Пиринска Македонија само ги повтори резултатите од 1946 год и како Македонци се избројани 178.861 жител или 68,2%.Се поставува прашањето од каде толку голем процент на Македонци и покрај официјалното непризнавање на Бугарската држава на истите!Со повторното заладување на југословенско-советските односи во 1957 год и со отворениот  судир на Југославија и СССР заради програмата на СКЈ во 1958 год,за првпат  отворено селансира и за првпат официјално Бугарската влада ја најавува тезата дека Македонска нација не постои,Македонци не постојат,и дека СР Македонија е вештачка политичка творба,создадена од КПЈ,од ТИТО,од комитерната за да ја грабне од Бугарија бугарската територија !Дури е лансирана тезата дека во Бугарија не може да се најде таква влада која би се осмелила да ја признае Македонската националност,иако пред тоа 10 год или првата повоена влада ја призна таа Македонска реалност при што Македонците и официјално ги имаше и во пописите  со сите културни и национални права,и таквата влада за тоа време уживаше голем авторитет(што е непоимливо за денешните бугарски влади, кој е начинот за вистинско решавање на Македонското прашање).

За таа цел во 1968 год.Бугарската академија на науки издава посебан брошура под наслов Историско-политичка информација по Македонското прашање со кој сака да го истакне историскиот аспект на Македонскот национално прашање со ставови изложени во неколку точки:
1.Македонската нација не постои,туку е дел од бугарската......спомнато е турано-бугарското царство како мешавина од турано-бугарите и словените...
2.Терминот Македонија е географски не е Етнографски.....спомнат е бугарскиот цар Самоил...
3....Во Мизија ,Тракија и Македонија настанала бугарската национална преродба со политичко отелотворување во Санстефанска Бугарија ,која ја растуриле големите сили на Берлинскиот конгрес и ја одзеле Македонија како земја лулка на бугарството
4.Спомнатa е конкурентската борба со Србија која не успеала да го србизира "Бугарското население" во Македонија ама ја наметнала тезата дека населението не е ни српско ни бугарско туку Македонско(Српскиот комплекс за кој имам пишувано)
5.Во 1956 Бугарија ги совладала своите слабости на позицијата по Македонскот прашање кога допуштила грешка, населението да се изјаснува како Македонско....Да престане барањето за национални права во Пириска Македонија,и да се дозволи на 2/3 Бугарско наслеление во СРМ слободно да ја манифестираат својата бугарска припадност.
И сега ,после прочитана ваква (не)научна брошура замислете издадена од Академија на науки ,и посебно после онаков редослед на настани и случувања со Македонското прашање ,човек треба да се прекрсти со двете раце ,и слатко да се изнасмее!Замислете   брошурата по директива на партијата е изучувана низ цела Бугарија,се создавала историографијата околу неа,по неа се школувале еден куп ученици,студенти,денешни интелектуалци во Бугарија и се создавало јавното мислење за и околу Македонија од неа!Истата дури и се преведувала на странски јазици и се упатувала во странство за да го формира и странското мислење за Македонското прашање!Просто човек останува во недоумица не само од (не)научноста на оваа брошура туку и од контрадикторностите со кои врие оваа студија од највисоката научна установа во Бугарија!
И сега се враќам на почетокот од постот-Бугарската држава континуирано во зависност од временските и историските околности За Македонското прашање се служи со разни методи ,тактики,манипулации,лаги,фалсификати,историски искривувања.Зар со читањето на овој напис не е очигледно тоа?



Гласувай:
0



1. evrazol - Месечино, земьо Македонска, и за ...
31.05.2012 22:24
Месечино, земьо Македонска,
и за тебе ли ке се тепаме:)))
цитирай
2. анонимен - За целокупно присъединяване на България към Македония.
31.05.2012 23:22
Моят досег до македонския въпрос е рядък и чисто личен.
За признаването на Македония зная следната история: Идеята за Южнославянска федерация възникнала между Димитров и Тито. Димитров бил за пропорционално представителство- според броя на населението. Тито, подкрепян от Сталин се наложил с представителство от един глас за един народ- което е крайно несправедливо за най- големия етнос- българския. За да промени тази несправедливост Димитров изиграва политически рискован ход- приема съществуване на македонска нация, за да има българският етнос два гласа в бъдещата федерация. За съжаление съмнителната му смърт не дава възможност да се изгради намисленото. Нормално е при тези обстоятелства по- късно да се отрече съществуването на македонски народ...
Друг момент- живея в западните квартали на София- Разсадника- Бежанци, Гевгелийски. Никой от моите съседи не се смята за небългарин, макар да се наричат гордо македонци- точно както шопите и прочее, чак до каракачаните. Това ме утвърди да смятам Македония като откъсната част от България.
Трети личен момент. С най- добри чувства изразих мнението си в македонски форум. Дори не с политическо, а с философско съдържание. Туриха ми байрачето и ме лишиха от право да пиша. При това с обяснението, че не се пише на друг език освен македонски (на английски обаче може). Враждебност, недостойна за интернет. Това коригира моето отношение към гражданите на Македония като към лишени от добри чувства българи, отделили се в друга страна, без приятели, освен сърбите (а пък те са едни приятели, леле- мале. При изпълнение на македонски песни от един сръбски хор, те ги обявяваха като южносръбски).
Накрая- за доброто на българите в Мизия, Тракия и Македония зова: България целокупно да се присъедини към Македония!
цитирай
3. lambo - Да та е.. в ИнтИлекта или ЕнтЕлекта
01.06.2012 08:50
"Преброяванията" за които споменаваш са направени в условията на милиционерски терор, бой и т.н.

Задачата е била следната - всички жители на Пиринския край ( без тези които са заселници там ) да бъдат записани като "макета". Пред тях е стоял следния известен македонски ултиматум ...

" ИЛИ КЕ МИ ДАДЕШ, ИЛИ КЕ ТЕ Е*АМ "

тоест, или ще се пишеш "маке", или ке ядеш убав бой
цитирай
4. intelect - lambo-ако Преброяванията" ...
01.06.2012 18:01
lambo-ако Преброяванията" са направени в условията на милиционерски терор како што велиш,зошто тогаш тоа се случува и по априлскиот пленум на ЦК на БКП во 1956 год. кога за првпат се зазема ставот да не се признава никаква Македонска нација од БКП,или просто речено сега пребројувањето го имаме со милициски терор само во обратна насока.Значи и покрај ваквиот став ,8 месеци по априлскиот пленум пописот на населението во Пиринска Македонија само ги повтори резултатите од 1946 год и како Македонци се избројани 178.861 жител или 68,2%.Се поставува прашањето како и од каде толку голем процент на Македонци и покрај официјалното непризнавање на Бугарската држава на истите!Плус Југословенските односи биле заладени со Бугарија,,па Македонските учители биле избркани од Пиринска Македонија како Титови агенти,значи пописот е во време кога Југославија неможела на ниеден начин да влијае врз Македонското прашање во Бугарија!Значи вистината е поинаква ,историските околности се други ,политиката на Бугарија спрема Македонското прашање се менува ...
цитирай
5. анонимен - Винаги ми е било чудно защо П.Р.Сравейков издава в. "Македония"
01.06.2012 20:25
Може ли някой да ми отговори? Този търновлия/тревненец се очаква де тури друго име, но предпочита това. Защо ли?
цитирай
6. shtaparov - Обяснение
23.06.2012 08:58
intelect написа:
lambo-ако Преброяванията"са направени в условията на милиционерски терор како што велиш,зошто тогаш тоа се случува и по априлскиот пленум на ЦК на БКП во 1956 год.кога за првпат се зазема ставот да не се признава никаква Македонска нација од БКП,или просто речено сега пребројувањето го имаме со милициски терор само во обратна насока.Значи и покрај ваквиот став,8 месеци по априлскиот пленум пописот на населението во Пиринска Македонија само ги повтори резултатите од 1946 год и како Македонци се избројани 178.861 жител или 68,2%.Се поставува прашањето како и од каде толку голем процент на Македонци и покрај официјалното непризнавање на Бугарската држава на истите!Плус Југословенските односи биле заладени со Бугарија,па Македонските учители биле избркани од Пиринска Македонија како Титови агенти,значи пописот е во време кога Југославија неможела на ниеден начин да влијае врз Македонското прашање во Бугарија!Значи вистината е поинаква,историските околности се други,политиката на Бугарија спрема Македонското прашање се менува...

"Македонската" нация е заповедана от сталинистите и они си я измислиа,затоа насилно я водвориа не само во денешна Бугария,но и во српската окупационна зона на Вардарска Бугария. По смртта на Сталин неговите глупости постепенно беа одречени от БКП,оти она виде дека така се оди срещу народот на Македония,кой секогаш сакал да си остане чист Бугарски народ. Во цела Македония имало ного преброявания- даже и по турско време,и никогаш там не се намерил ни еден "кьорав" македонец (за "кадем",како се кажува),а секогаш са намирани само околу 60% Бугари,15% грци,15% турци и 10% други (шиптари,власи,цигани и пр.). Оти не кажеш за по-старите преброявания,а кажуваш само за фалшивото комунистичко преброяване от 1946 г.,се едно не знаеш,дека комунистите се мошеници и фалшификатори- тоа за прв пат ли го чуваш? Првото фалшификирано преброяване во Македония е во 1946 г.,по заповед на мегьународниот престапник Сталин и на кожодерот Тито,а тогай БКП бе само една глупа пионка на СССР. По смртта на Сталин политиката на помакедончване бе зарезана от БКП,оти СССР дойде до разрив со Тито,затоа по него таа лага постепенно бе изоставена от Бугарските комунисти,но не и от српските. Тодор Живков дойде на власт во Бугария на "Априлскиот пленум" (1956г.) и он,со разрешението на некои руснаци кажа,дека БКП требе да зареже помакедончването на Бугарите,но тоа не можеше да стане на секундата! Тодор Живков ("Бай Тоше") бе Бугарски патриот и таен агент на царскиот следовател Гешев,затоа вистината му бе ного по-драга от лагата!!!
цитирай
7. shtaparov - Одговор
23.06.2012 09:11
анонимен написа:
Може ли някой да ми отговори? Този търновлия/тревненец се очаква де тури друго име, но предпочита това. Защо ли?

Славейков списувал весник за македонските Бугари,кои по него време били поне 2 милиона!
цитирай
8. intelect - htaparov ако "Македонска...
24.06.2012 18:25
htaparov ако "Македонската" нация е заповедана от сталинистите и они си я измислиа...тогаш од каде се појави ова:
Извадок од "За Македонцките Работи"-Крсте Петков Мисирков

Можит, бугарите и
сет праи, кога мисл’ат, оти Русија без Бугарија не можит да
сашчествуат, ни политично, ни економцки, но тоа јет бугарцка
политика, а јас не сум намерен да политиканствуам бугарцка.
Јас сум македонец и интересите на мојата таткоина ми се
предстауат така: не Русија и Аветро-Унгарија сет непријателите
на Македонија, а Бугарија, Грција и Србија. Само енергична
борба со таја; три држаи ке избаит од погубуајне нашата
таткоина.

Борбата со трите балканцки држаи не протиоречит на
нашите интереси, који се достигаат и со револ’уција и со
евол’уција, или постепено развијајн’е на нашијот народ во
морално-религиозен праец....

До сега
нашијот народ се интересуал поеке само со полна политична
автономија, а во националните наши интереси допушк’ал
башибузукци да му се набркуат разни неканени гости, како:
бугари, грци и срби. По политичната борба идит значи и
националната. Но борбата со пропагандите во Македонија не јет
чекор назад, туку напред, зашчо и тука имаме работа со борба за
слободија, со борба со мрачните сили, шчо не дозвол’уат на
таткоината ни сама со свои очи да гледат своите интереси, ами ѝ
наврзуат дзрдзала, шчо омрачуат истината и ѝ придаат
бугарцка, србцка и грцка боја. Време јет да отфрлиме од очите
наши мрежите, шчо ни ѝ кладоа националните и верцки
пропаганди во Македонија.
.........
Како последуач на идејата за полно
одделајн’е на нашите интереси од интересите на Балканцките
народи и за самостојно културно-национално развијајне, јас и је
написаф на централното македонцко наречје, које за мене от
сега на тамо имат да бидит литературен македонцки јазик.
за информација во 1903 во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од м Крсте Петков Мисирков.Меѓутоа, книгата му била откупена од тамошните власти и изгорена, поради познатите причини !
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378326
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031