Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
26.11.2017 02:48 - за Македонскиот јазик
Автор: intelect Категория: История   
Прочетен: 1539 Коментари: 3 Гласове:
-2

Последна промяна: 26.11.2017 02:56

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
  преземено од профилот на професорот Росоклија ...

Преземено од Кица Колбе

За македонскиот јазик
KICA KOLBE·СРЕДА, 22 НОЕМВРИ 2017
Катедрата за славистика на универзитетот во Салцбург има долга традиција. Позната е и по добрите врски со бугарските слависти. Само неколку години по осамостојувањето на Македонија, во октомври 1995-та, таа катедра организираше меѓународен симпозиум на тема "Постои ли македонскиот јазик?". На симпозиумот учествуваа врвни слависти од Германија, Австралија, Австрија, Грција и Бугарија. Од Бугарија беа неколку професори и докторанти. Најгласни беа двајца слависти. Иван Дуриданов и Иван Кочев. Професорот Кочев беше со неговата ќерка. Можно е таа да е лингвистката чие име деновиве често се "врти" на Фејсбуков. Тогаш бев соработник на македонската редакција на Дојче Веле во Келн. Заминав на симпозиумот како извстувач, а не како учесник. Редакцијата дозна за симпозиумиот во последен миг. Стигнав на вториот ден. Влегов во големиот амфитеатар кога веќе траеше претпладневната сесија. Во тој миг дискутираше грчкиот конзул од Виена. Тој ја изрази својата згрозеност од "пропагандата" на Скопје. Според таа пропаганда, во Грција имало "македонско словенско население". Тоа било лага и типично за политиката на Скопје. Уште пострашно било што во Скопје се говорело дека имало луѓе кои биле протерани од Грција. Секако, веднаш побарав збор. И се претставив. Професионално, но и биографски. "Ете, јас сум потомок на непостоечките протерани Македонци од Грција", му се обратив на грчкиот конзул. И ја раскажав приказната за Граѓанската војна во Грција, за потеклото на семејствата на моите родители, за нивното бегство во таа војна преку границата во Југославија. Во паузата дознав дека не сум единствениот претставник на земјата, за чиј јазик се дискутираше. Таму беше и тогашниот македонски конзул во Виена, Вангел Пановски. И тој, како и јас, дошол на симпозиумот како гостин. Но морал да ја игра улогата на "отсутните" македонски научници, филозофи и лингвисти. А зошто биле отсутни? Затоа што тогашната македонска (патем, социјалдемократска) влада во последен момент им забранила да учествуваат на симпозиумот. Некои од нив биле спречни да отпатуваат дури на аеродромот. Само малкумина од "отсутните" македонски научници имаа испратено по факс протестно писмо, во кое опишаа зошто македонската влада не им дозволила да "стигнат" во Салцбург. За да не ја кажеле "вистината" за македонскиот јазик. А нивната “вистина” беше слична на таа на бугарските слависти. Во "отсутните и спречени" научници беа Димитар Димитров, Младен Србиновски, Миле Неделковски... Но и многу други познати лингвисти од скопскиот универзитет, како Људмил Спасов, Максим Каранфиловски... Многу од нив веќе ги имаа испратено своите реферати. Некои од нив беа подоцна објавени во зборникот од симпозиумиот. Го паметам текстот на Димитар Димитров. Тој беше целосно во духот на прилозите на Дуриданов и Кочев.
Првото барање на присутните до нас, единствените Македонци, беше: "Ве молиме, проговорете на тој непостоечки јазик и кажете ни што се‘ може да се изрази на него." Тогаш јас и конзулот Пановски не само што проговоривме на тој "непостоечки" јазик, туку јас им објаснив дека на тој јазик студирав филозофија во Скопје, дека на тој јазик ја напишав мојата докторска дисертација за естетиката на Кант и Адорно, дека на тој јазик се напишани томови проза и поезија и се преведени многу дела од странски јазици. Бугарските и грчките лингвисти повторуваа дека тој јазик, како и македонската нација, се "измислени" од Србите и од Тито. Велеа дека "криминалот" го сторил Блаже Конески, кога ја сменил aзбуката и кога се одлучил за говорно подрачје што е најоддаелечено од Бугарија, дека "правдата" ќе се оствари кога ќе се врати "старата азбука" во Македонија. Тоа особено енергично го бараа Иван Дуриданов и Иван Кочев. Во приватен разговор ми раскажаа колку копнеат по својата татковина. Едниот потекнуваше од Штип, другиот од Струга. Речиси сите останати слависти им опонираа. Многу бугарски слависти и докторанти во приватен разговор со сложија со мене. Најголемиот број од присутните го бранеа македонскиот јазик. Дури и шефот на катедрата за бугарски јазик, професорот Ото Кронштајнер, му одговори на Дуриданов: "Ама, не може тоа така! Како да се смени сега азбуката? Па, Македонците се во друга држава. Сега нема враќање назад во историјата! Сега треба да им помогнете на Македонците да опстане таа држава." 
А тој истиот прочуен професор Кронштајнер, на почетокот на дискусијата ми дофрли: 
"Вие сигурно знаете дека Македонците до 1945-та беа Бугари?" 
А јас му одговорив: "Да, знам! Како што знам дека имаше и еден Австриец, кој од 1933 до 1945-та веруваше дека Австријците се Германци." 
"Ах, чувај Боже", извика тој, "тоа беше еднаш и нема да се повтори никогаш повеќе. Австријците и Германците имаат само заеднички јазик! Тие се две различни нации."
"Па така е и со Македонците и Бугарите. Сега тие дури немаат ниту заеднички јазик", му одговорив.
Во тоа е суштината која не сакаат да ја согледаат "историските фанатици" во Бугарија. Чудно е што тие секогаш се најфанатични, кога имаат роднински и биографски врски со Македонија. Нивното историско паметење е “конзервирано”. Тоа е анатомијата на “копнежот” по изгубеното. Тие само затоа, дури и кога се научници, забораваат дека јазикот е нешто што живее и се развива. Тој се преобразува низ животот, низ мислењето, чувствата, сензибилитетот и фантазиите на говорителите. Тој може да е истиот, според граматиката и азбуката, а сепак да се разликува. Тоа што еден Австриец мисли низ германскиот јазик, не е исто со тоа што мисли и чувствува еден Германец низ истиот јазик. Тие се разбираат, што е одлично за комуникацијата, но има нешта што се типични само за едниот од нив. Уште посложено е со германскиот јазик на еден Швајцарец. 
 Како може тоа што важи за другите европски јазици, да не важи и за македонскиот и бугарскиот јазик? И францускиот и германскиот имаат заеднички корени од времето на Карло Велики. Но никому нема да му падне на ум да рече дека едниот народ му “ја украл” историјата на другиот. Тоа се случува само на Балканот. Само бугарскиот јазик ли е вечен и непроменлив? Дури и некогаш македонскиот и бугарскиот јазик да биле идентични, што не е точно, тие се сега два различни јазика. Тие се различни, затоа што и говорителите се различни. Јазикот е натопен во боите на историјата, на животите, на духовните и културните искуства на една земја, држава и заедница. Во јазикот најсуптилно, но трајно се таложи се‘ што се случува низ историјата во мислите, во чувствата, во копнежите, страдањата и радостите на неговите говорители. Бугарите, денешните Бугари, не се тие од времето на Гоце Делчев. Ниту денешните Македонци се тие од времето на Крсте Мисирков и Гоце Делчев. Ништо нема да му наштети на денешниот Бугарин ако во македонските учебници по историја Гоце Делчев е Македонец, а во бугарските Бугарин. Историските услови во кои тој тогаш живеел го дозволуваат тоа двојство. Тоа нема да му попречи ниту на споменот за него. Учете од Французите и Германците, им препорачувам на тие што пишуваат договори за добрососедство во Македоија. За Французите Карло Велики е француски крал, за Германците тој е германски. И со право! Тоа ги поврзува двата народа во пријателство. А не бришењето на историските факти од учебниците на друга држава. Уште подрастично е барањето за флексибилност и толеранција кога се работи за јазикот. Не е “криминал” фактот на постоењето на македонскиот јазик. Напротив! Тој е доказ за богатството и историското творечко искуство на два јазика, кои се развивале понатаму. Зборовите, јазикот се седиментирано историско искуство, веруваше Теодор В. Адорно. Дури и тие два јазика некогаш да биле идентични, тие денес се неповратно разделени. Друг дух вее во секое денешно слово и во бугарскиот и во македонскиот јазик. И тоа е извонредно, затоа што говори за силен вруток, речено хајдегеровски, од кој обата јазика црпат постојано нова јазична сила. Тој вруток македонскиот јазик го дели со сите словенски јазици. Бугарскиот и македонскиот јазик можат да се поттикнуваат и надградуваат, како што е случајот со сите словенски јазици. Но, само тогаш, кога, со почит кон Словото, ќе се однесуваат со почит кон постоењето на секој од тие јазици. Секој јазик е ентитет и секој јазик има свој идентитет, свое лице и физиономија. Да се препознава во секој од нив неповторливото лице на народот што низ него говори, памети и твори, значи да се има почит и восхит за најкревката, но најмоќната и најживата духовна особина на човекот - говорот, писмото, јазикот. Нема враќање назад во историјата. Тој обид е секогаш катастрофален и се вика регресија. Нема лажни, нема “фалсификувани”јазици. Има само луѓе кои низ зборот, понекогаш, изговараат “идеолошки пароли”. И го навредуваат јазикот. И тој, на кој ги изговараат тие “пароли” или празни слова. "Зборо коски нема, ама коски крши", велеше мојата мудра прабаба Софка Шарина од Бапчор. Затоа треба неколкупати да се одмери, пред да се изговори. Се надевам дека "советниците" на сегашната социјалдемократска македонска влада не се некои од тие, "отсутните" научници на симпозиумот во Салцбург 1995-тата. Тоа би било трагично. Не само за македонскиот, туку и за бугарскиот народ.

 



Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

1. shtaparov - Исторически погледнато, макед...
08.01.2018 13:18
Исторически погледнато,македонски "език" не съществува: това е диалект на Българския език. Също така погледнато,сръбски и руски езици тоже не съществуват- те също са диалекти на древния архаичен "пра"-Български език! Това,че на някои силни чуждоземни политици тази работа никак,ама никак не им харесва и се опитват да я натаманят според своите нужди и интереси е съвсем друг въпрос,който няма нищо общо с науката! Нищо,нищичко общо с никои правила на водещите течения в световната езиковедческа наука- аз без да съм езиковед мога с 2-3 изречения да им докажа,че съм напълно прав да говоря това а те грешат,понеже искат да задоволят силните на деня,а не да следват стриктно принципите на световната наука!
цитирай
2. shtaparov - Ако ми покажеш даже един човек, к...
19.05.2018 01:42
Ако ми покажеш даже един човек,който говори "македонски" език но този език да е различен от Българския,ще те черпя на ресторант! Божидар Димитров пък е обещал за същото награда от 1 млн. евро така че- старай се да ги спечелиш,не се офлянквай! :))
цитирай
3. intelect - черпја шо значи во превод???
22.05.2018 04:51
черпја шо значи во превод???
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378257
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031