Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
14.07.2015 18:03 - На Ножот
Автор: intelect Категория: История   
Прочетен: 927 Коментари: 1 Гласове:
0




    „Ќе им кажете на војводите дека Костурчани го сметаат решението на војводскиот совет необврзувачко за нив. Таа заповед ја наоѓаме за неумесна и нереволуционерна. Опкружени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Кажете им на војводите дека нашето решение е неповратно. Друга позиција нема да бараме. Ќе останеме на Ножот“ – Атанас Попов, а тоа било надополнето со :   „Не сум дошол да јадам кокошки, туку сум дошол да се борам“.   Со овие зборови младите момчињаод костурската, прилепската и велешката чета ги откажаа наредбите на своите претпоставени војводи и одлучија да ја започнат борбата со отоманската војска предводена од мајорот Енвер – бег.   Бојот започна на 14. јуни 1907 година на врвот Ножот, во близина на селата Никодин и Ракле, на овој каменаст врв опколени од отоманска војска  борците даваа жесток отпор до својот последен куршум. Кога им снема муниција овие смели синови ги извадија своите бомби и легнаа над нив, но живи не се предадоа.   Отоманската војска кога се приближи до распарчените тела започна да ги масакрира и да ги ограбува мртовците, се додека на врвот не дојде мајорот Енвер – бег, кој гледајќи ја оваа пожртвуваност на Македонците нареди :   „Никој не смее да се добере да ги нагрди хероите! Гледате како комитите ја презираа смртта?! Се бореа и умреа како херои!“ Потоа дал команда со три плотуна да им се оддаде почит на загинатите.   Наредниот ден, пред да бидат погребани педесет и четворицата Македонци, пристигнал италијанскиот капетан Џузепе Луци, кој со својот фотоапарат  ја овековечил оваа трагедија, а фотографијата беше објавена во многу светски весници.       Само овие борци се идентификувани : Атанас Попов (Шестеово, костурско), Милан Петров (Топличанец од Топлица), Димко Јованов - Газдата (Прилеп), Трендафил Думбалаков (с. Сухo, солунско), Најдо Андреев Арсовски (Папрадишта, велешко) и Петко Којчев (Панаѓуриште), останатите се непознати.   Оваа битка е опеана од народот преку песната ’Се зададе темен облак меѓу Ракле и  Никодин.



Гласувай:
2



Следващ постинг
Предишен постинг

1. shtaparov - Ти си мошеник коj се гаври со паметта ...
15.12.2019 05:00
Ти си мошеник коj се гаври со паметта на загинатите,оти не могат да станат и да ти земат празната глава заради това,оти си се продал на руснаците и не се имаш за Бугарин како нив!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378273
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031