Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
05.10.2012 19:55 - Сведоштва за загинувањето на Ѓорѓи Сугарев
Автор: intelect Категория: История   
Прочетен: 502 Коментари: 0 Гласове:
1




Тоа беше околу Благоец. Камбаната манастирска почна силно да бие. Ние си мислевме дека бие за Благоец. Нашата камбана во Врањевци биеше за да одиме в црква. Ама овој глас на камбаната манастирска некако подруго биеше, нешто како збунето. Сигурно тие што живееја во манастирот ја видоа опасноста од борбата и даваа знак за тревога. И, кога ги слушнавме силните зачестени пукотници горе во коријата манастирска, си рековме дека има некоја борба со турскиот аскер, ама не знаевме дека е Сугарето со четата, оти тој замина во друг правец кон селото Гнилеж.

Со голема потера зад себе, која всушност беше аскерот стациониран во селото Скочивир, како дел од леринскиот аскер, известен и активиран, најверојатно на истиот начин како и башибузокот од селото Долно Ореово, четата возвраќајќи со стрелба брзаше по угорнината. Но, само што изби под Чукарите, од север, од блиската спротивна падина, неочекувано ги пречека плотун од аскерот во чиј состав беше башибозукот. Всушност, тоа беше дел од битолскиот авџи табор, специјална воена единица за борба против револуционерните чети. Не можејќи да свртат на североисток преку Чукарите, по голата падина на Страиште кон селото Грумази, каде што ќе беа гола мета на леринскиот аскер, четата со борба почна да ја напушта голата западна падина на Страиште под Чукарата, залегнувајќи под голиот рид во грмушките, од каде што продолжи да се брани. Меѓутоа, соединетиот аскер го затвори обрачот од југоисток и североисток и почна да ја притиска четата надолу низ Леската. Тогаш стапи на сцена башибозукот, односно Албанците од Долно Ореово поставени во густите заседи на блиската северозападна страна, односно присојната падина викана Невестата. Позицијата на четата стана смртоносна и комитите почнаа да паѓаат еден по еден. Немајќи друг излез војводата Сугарев нареди преживеаниот дел од четата да почне со повлекување надолу кон манастирот, кон долот Пиоќ, а потоа низ шумата да сврти на југ кон Лингов Аргач.

Свесен за безизлезната ситуација, а сакајќи, сепак да и помогне на четата, војводата Сугарев го изврши познатиот јуначки саможртвен чин: останувајќи сам, легнат зад една грмушка и стрелајќи кон аскерите што настапуваа, се обиде да им обезбеди евентуална спасоносна отстапница на своите комити!

Но тогаш се случи најсташниот чин над местото викано Затворена Вода, веднаш над манастирот каде што падна скоро целиот останат дел од четата, ликвидиран од заседата поставена кај спротивната блиска карпа позната како Гулабарникот! Само еден борец од четата успеа да се спаси, Тодор од селото Крстоар, Битолско!

За тоа време војводата Сугарев ја водеше својата последна борба, убивајќи доста аскери. Жителите од селото Паралово, слушајќи ги блиските пукотници, се искачија по стрмното патче, избивајќи на главниот пат, северозападно од манастирот, таму каде што сега е споменикот на Ѓорѓи Сугарев. Но наеднаш престана гласот од малихерот на војводата, а потоа и истрелите на потерите. Стана јасно дека војводата остана без муниција, а собраните селани ги слушаа гласовите на Турците кои му викаа на Сугарев да се предаде, на што тој со пцости им одговараше дека жив нема да го фатат. Потоа се слушна само еден истрел, после што завладеа злокобна тишина. Тоа беше последниот куршум од нагантот на војводата со кој тој замина во бесмртноста. Крвавиот и нерамноправен бој, кој со тоа заврши, траеше околу три часа.

Според Спомените на Блаже Трајчев Ербовски.

Заплакало е Мариово, заплакало

Заплакало е Мариово, заплакало,
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре:
- Каде си Ѓорѓи, сега да дојдиш,
од душманите да не куртулиш!
Тогај извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна,
од Демирхисарските планини:
- Слушам ве, народ, народ  поробен,
слушам ви гласој, гласој жалосни!
Сега за скоро јас ќе дојдам, ќе пристигнам,
со триесет одбрани момчиња,
сите со куси малихери, малихери,
сите со нагант леворвери.
Колку ми тргна Ѓорѓи Сугаре да оди,
во тоа село Паралово,
Бог да го бие кодошо, Петре Лигушо,
што ми го предаде Сугарето!
Кога се најде Ѓорѓи сардисан,
од сите страни кај Чукарите,
тогај извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна,
на неговата одбор дружина:
- Клавајте гуни за пусии, леле пусии,
зашто се камен тешко најдува!
Згрмеа пушки, пушки аскерски крвави,
сета дружина му ја убија!
Тогај извади нагант леворвер, Ѓорѓи Сугаре,
самиот крвта си ја пролеа, леле, пролеа,
жив да душманот не се предаде!

Проколнувањето на Петре Лигушо

Кога Сугаре гинеше,
во Параловските Чукари,
Битолско солзи ронеше
и Лигушо го колнеше:
- Ој море, Петре Лигушо,
ој море проклет кодошу!
Проклет да бидеш до века,
да немаш аир ни бериќет,
куќата да ти опусти,
од челад поштук да немаш –
ни машко, ни женско колено,
кукајца да ти кукува,
ко утка сам да ноќуваш,
гарвани да те клукаат
и очи да ти колваат,
душа низ нос да собираш,
болен и сам да умираш.






Гласувай:
2



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 382142
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930