Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
09.03.2018 01:22 - Пиреј
Автор: intelect Категория: Други   
Прочетен: 374 Коментари: 0 Гласове:
-1


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
„ Пиреј “ е првиот роман на Петре М. Андреевски -Македонски писател! Насловот на романот е симболичен, односно преку троскотната трева пиреј, авторот го прикажува својот непокорлив народ. Лазор Ночески (спореден лик од романот, народен мудрец) јасно нагласува: Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.   Всушност преку оваа симболика изразена е и темата и идејата во романот. Темата е животот на двајца сопружници, Јон и Велика, и нивните страдања за време на војните, а идејата е дека Македонецот опстојувал и ќе опстојува. Времето на случување е Првата светска војна, но и годините пред и по неа. Местото на случување е селото на Јон и Велика, во Македонија каде тогаш биле стационирани многу војски – српски, бугарски, француски, англиски, германски и австриски, но војниците биле најмногу од Македонија. Дел со почетокот на Првата светска војна Јон го земаат да се бори од српската страна. Тој го опишува војничкиот живот кон кој е рамнодушен. Тој не се бори за свои интереси, ниту за свои идеали. Почнува да тагува по домот и децата, па затоа решава да зароби бугарски војник и така да добие отсуство. За несреќа, го заробува брата си Мирче, кој на патот кон Америка бил прибран во бугарската војска. Така, планираното отсуство му пропаѓа. Сакајќи да дознае нешто за дома, праќа писмо, но одговор стига дури по завршување на војната. Јон ја осудува војната и смета дека таа уништува си – и луѓето и животните и природата. За неа тој вака размислува: „Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам. Цел живот трчаме да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер. Кај што ќе заврши нашето тркалање. Нашето постојано паѓање. Пред малку само тргавме еден кон друг: и од една страна има наши луѓе и од другата страна има наши луѓе. А и сите луѓе на светот се наши луѓе. Околу нас само куршуми цивкаат, ама ни еден не ме погаѓа.“ На фронтот тој се спријателува со Витомир со кого често разговараат и добро се разбираат бидејќи потекнуваат од слични средини. Двајцата се загрижени за своите ниви, за добитокот кој го оставиле и за семејствата. Во тоа пријателство, Јон доаѓа до својата вистина за луѓето и нивната националност: „Се разбираме некако со Витомира. И еба го, не ќе се разбереме! Оти да не се разбереме? Тукуречи исти зборови зборуваме. Само тие ги вртат наонаму, а ние наваму зборовите. А некогаш, во старо време, сите сме биле едно исто гомно, иста лепешка. Ама поминала некоја кола и со колцата ја пресекла лепешката надве, па поминала друга кола и пак ја пресекла лепешката. И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна… Сите ги видов овде и сите исто смрдиме.“ Сликите од фронтот често се многу страшни, дури и катаклизмични. На сурово-реален начин се опишани борбите по планината Козјак и Пелистер. Ужасно потресни се сликите кога Јон се обидува да му помогне на ранетиот војник кој моли за вода и силувањето на мртвата девојка: „Дали ме разбра или не ме разбра, тој пак си мрмори. Од сите зборови само водата ја разбирам. Друго ништо не му разбирам. Врвам така низ буките, засмрдени од барут и од раскопана земја. На едно лединче гледам жена. Млада жена, а гола. Излегла да бере трески утрината, уште кога беше мирно. Го погодила времето за трески! Ја нашла некоја извидница и ја силувале. Подзапирам крај неа и ја загледувам. Жената и мртва е убава за гледање. А мене ми е прво видување на гола жена. Батти среќата на вакво гледање. Главата и е потпрена на нарамникот трески што го носела и едната рака ѝ е поткрената кон челото. Како да се срами, како уште да го затскрива лицето од војниците. А лицето ѝ е бело, небаре варосано ѕитче. Мислиш спие жената. — Во војно време, велам, сите луѓе се лоши. Само на крв рикаат, му велам на војничето што го носам, ко волови, ко јунци рикаат, му велам. Војничето ништо не ми кажува, ништо не ми мрмори на увото. Насетувам како да станува потежок. Го сметнувам од рамо и го легнувам на земи. Го гледам, а никаде го нема. Погледот му го нема и дишењето му го нема. Ниедна жила не му мрда, не му работи. Го простил Господ на мене, си мислам. Си остинал човекот на моите рамена.“ Апокалиптични се и сликите од битолската болница исполнета со луѓе на распаѓање во која Јон е однесен по повредата на ногата. Таму му го сечат палецот, како што вели „како шупливо јаболко ми го отребија“. Кога се враќа на фронтот борбите се уште пожестоки. Во раце ќе му умре и пријателот Витомир. По завршување на војната, тој се враќа во селото



Гласувай:
1



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 382209
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930